Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Египќаните да излезат на Локални избори повикуваат од Сојузот на египќани

Post Views: 198 Масовно излегување на престојните локални избори  повикуваат од Сојузот на египќани. Лидерите од овој сојуз им порачуваат на припадниците од нивната етничка заедница да го искористат своето уставно право на глас.„ Во никој случај немаме право да го контролираме мојот народ како ќе се постават и за кого ќе го дадат својот глас. Важно е  мојот народ да добие право на безбедно гласање и со добра волја“, кажува Хусеин.Од Сојузот на египќани од следната недела информираат  за средба со високи преставници на ОБСЕ. Потенцираат дека на средбата ќе ги запознаат со проблемите...

Продолжи со читање

Пензионерите сакаат на бања ама капацитетот ограничен

Post Views: 266 Во тек е пријавувањето на пензионерите за одење на бања на државен трошок. За само три недели од кога е објавен огласот 400 охридски пенизонери поднесле барања за користење на оваа безплатна можност до охридската филијала на пензиско инвалидскито фонд. Пријавувањето трае до 15-ти февруари. Лани биле пријавени 560 пензионери, а од нив дозвола за бањско лекување добиле 230 охридски пензионери. Се очекува, бројката на пензионери кои ќе поднесат апликации за користење на бања, годинава да биде поголема, информира раководителот на филијалата Самет Ризвани.„ Услугата може...

Продолжи со читање

Време е за ново поглавје за Охрид, порача д-р Бакрачески

Post Views: 206 Програмата за развој на Охрид,  ја пласира пред сограѓаните кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне, д-р Никола Бакрачески.  На одржаната конвенција на Вмро Дпмне, на која беше преставен како  кандидат за прв човек на Охрид, Бакрачески ја претстави програмата за која рече дека во неа може да се пронајде секој охриѓанец. Понуди, како што рече прецизна и јасно дефинирана, најсериозна и најобемна прогама во која се вклучени мислења од експерти и еминентни луѓе. Пред своите сопартијци ги образложи  стратешките цели за економски, културен, туристички и спортски...

Продолжи со читање

Занаетчиите на удар од нелојалните конкуренти

Post Views: 210 Несоодветни простории се адаптираат и се работи нелегално скоро во сите дејности.  Подруми, шупи, детски соби и спални се претвораат во механичарски и работилници за тапацирање, во козметичарски и фризерски салони, во кондураџиски и резбарски работилници без дозвола за легална дејност. Луѓето масовно, како знаат и умеат,  се снаоѓаат  и се справуваат со економската криза при тоа уривајќи ја цената на трудот на оние кои за сличните  услуги плаќаат високи давачки и даноци кон државата, реагираат уредно регистрираните занаетчии. „Сфаќаме дека секој треба да живее ама...

Продолжи со читање

Ќе се одбележат 20 години од востанување на наградата „Григор Прличев“

Post Views: 195 Охрид е подготвен да го чествува големото дело на својот поет и преродбеник  Григор Прличев. Три дена, почнувајќи од 4 па се до 6-ти февруари, со богата културно-уметничка програма достојно ќе му се одаде почит на  носителот на ловровиот венец и борецот против грчкото влијание. Во понеделник со промоцијата „ Сенки на поетичноста“ од Пандора Јовановска Илиевска ќе започнат свеченостите во рамките на манифестацијата „ Прличеви беседи“. Mанифестацијата опстојува веќе 6 децении  започнувајќи од 1952 година во знак на сеќавање на најголемиот македонски преродбеник и поет...

Продолжи со читање

Охридската пастрмка се враќа во природните мрестилишта

Post Views: 239 Почна ловот на на охридската пастрмка за вештачки  мрест. Добра вест е што пастрмката се повеќе ја има и се враќа во природните мрестилишта.  Од 21 јануари па до денес се собрани  600.000 зрна икра. Од хидробилошкиот институт се задоволни од досегашниот тек на ловот на источниот дел од езерото. Поголема количина на риба е уловена и на  струшкиот дел од езерото во споредба со минатата година,  информира Зоран Спиркоски раководител на одделението за аква култура. Спиркоски додава дека собраните количини се резултат на физичката заштита на рибниот фонд од страна на концесионерот.„...

Продолжи со читање

Аптекарски станици или мобилни возила ќе ги снабдуваат селата со лекови

Post Views: 216 Недостатокот од аптеки во селските населби ќе се решава со заживување на аптекарските станици или мобилни возила. Жителите од селата се без аптеки додека во  минатото во македонските села функционираа аптекарски станици во кои  работеа фармацевтски техничари. Сега, станиците  би се реактивирале и би работеле во рамките на државниот сектор.  Доколку со овој начин не се успее да се реши  проблемот на жителите од селските населби, за да не поминуваат и по 50 километри за лек во градовите,  се планира примена на уште една можност. Со набавка на мобилни, теренски  возила...

Продолжи со читање

Нов циклус на „Час за приказни на англиски јазик“

Post Views: 193 Стартува пролетниот  упис за учење на англиски јазик во ОО на Црвен крст. Со учење песнички, читање приказни  и креативни активности,  децата од 4 до 11 години, во присуство на родителите, имаат можност да го изучуваат англискиот јазик со програмата „Час за приказни“. Во тек се уписите за новиот циклус од оваа програма која општинскиот Црвен крст ја реализира од 2009 година. Интересот за упис во  „Час за приказни на англиски јазик“ е голем, а се должи  на квалитетната програма од досегашните циклуси на изучување, вели волонтерот на Црвен крст, Јованка Сион Доленц.Покрај...

Продолжи со читање

Ќе се наплаќа за собирање шумски плодови

Post Views: 276 Во ЈП „Македонски шуми“ се прават подготовки за воведување на дозволи за собирање на шумски плодови. Покрај дозволите  ќе се плаќа и дневна такса. Собирачите на шумски плодови како што се смреката, печурките и лековитите билки од оваа пролет ќе мора да се пријавуваат во јавното претпријатие. Тие ќе може да заработуваат, но ќе мора и на државата да и плаќаат дел од заработката.  Тоа е најавуваниот начин државата преку јавните претпријатија да го контролира природното богатство од уништување.  ЈП  од 2009 година доби можност да изработи  проект за начин на стопанисување...

Продолжи со читање

Охриѓани слободни стрелци

Post Views: 191 Охриѓани слабо заинтерсирани да дадат поддршка на народната иницијатива Аман за измени во Законот за енергетика. Охриѓани во споредба со граѓаните од останатите градови во земјава не покажале голем интерес да ја поддржат иницијативата. Со таквиот однос одаваат впечаток на слободни стрелци  некој друг да им ја заврши работата, а тие  да ги користат придобивките. Од почетокот на иницијативата за собирање потписи па досега само 256 охриѓани го ставиле  својот потпис на иницијативата.  Овој број е многу поголем во останатите градови како што се Битола, Прилеп , Скопје,...

Продолжи со читање

Искршена скулптурата јагула на плажата Куба Либре

Post Views: 213 Искршена скулптурата јагула поставена на плажата Куба Либре. Оваа скулптура долга 172 метри поставена на овој простор од мај 2011 година е туристичката атракција за градот. Сега глетката оддава тажна слика на еден вандалски чин со кој се покажува негрижата на поединци  кон општественото добро. Ваквите вандалски однесувања се се повеќе зачестена општествена појава. На овој потег пред нешто повеќе од еден месец на шетачката патека кон Горица настрада и „Паркот на пријателството“. Тогаш беа искршени поставените мермерни  плочи со имињата на збратимените градови со Охрид....

Продолжи со читање

Направен спој на археологијата и компјутерската технологија

Post Views: 363 За прв пат кај нас направен спој на археологијата со компјутерската технологија. Визуелизирана ранохристијанската базилика од 5 век на Плаошник. Неколкумина студенти од  Универзитетот Апостол Павле под менторство на арехологот Владо Маленко изработија проект со кој може да се види како изгледала базиликата во периодот на нејзината градба. Професорот Јане Бакрески кој исто така учествуваше во проектот се надева дека ова ќе биде мотивација за институциите. Тие треба да сфатат каква е сериозноста на ваквите проекти и колку може да се придонесе да се  промовира  културното...

Продолжи со читање