Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

На Балканот малку се применуваат новите технологии за презентирање на културно наследство

Post Views: 192 Денес и утре Охрид е домаќин на првата меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам. На конференцијата експертите од различни области ќе разменуваат информации како на најдобар начин да ги употребат новите технологии за да се презентира богатото културно наследство, посочува еден од иницијаторите за конференцијата Проф. д-р Рубин Земон.Меѓу 60-те научни работници од 7 европски земји се и преставниците од соседна Бугарија и Грција. Како експерти од  областа на културното наследство  тие очекуваат на конференцијата да има размена на искуства како...

Продолжи со читање

Културното наследство на Охрид ќе биде презентирано преку дигитални медиуми

Post Views: 221 Домашната и светската јавност ќе имаат можност преку современа дигитална технологија и на сосема поинаков начин да го доживеат огромното културно наследство на Охрид. За прв пат ќе биде преставена 3Д графичка реконструкција на ранохристијанската базилика на Плаошник.  На 18 и 19 јануари проектот ќе биде промовиран на првата меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам, чиј домаќин е Охрид, а на кој ќе учествуваат голем број земји. Рубин Земон, еден од иницијаторите на меѓународната конференција,  ја нагласува идејата за ревалоризација на културното...

Продолжи со читање

РК „Охрид 2011“ ќе се натпреварува и покрај неправедната казна

Post Views: 195 Ракометниот клуб „Охрид 2011“ продолжува со натпреварите во првата лига. Вака синоќа одлучи управниот одбор на ракометниот клуб по казната која им ја изрече Ракометната федерација.  РК „Охрид 2011“ е казнет со 120.000 денари и три месечна забрана на спортски ангажман за тренерот Горан Андоновски. Наместо да се санкционира клубот „Ринија“ заради заканите и физичкото насилство врз охридските ракометари, ракометната федерација го казни РК Охрид. Со таквата одлука РФМ примени двојни аршини за насилничкото однесување на РК „Ринија“. Овој клуб и во 2011 на гостување во Охрид...

Продолжи со читање

Петрески сака целиот град да го претвори во паркинг зона, обвинуваат од ДПМНЕ

Post Views: 206 Александар Петрески во Охрид воведе најскап паркин за централното градско подрачје, а сега оди чекор понатака, го претвора речиси целиот град во паркинг зона со која ќе стопанисуваат неговите бизнис партнери.  Во услови кога Петрески знае дека го чека сигурен пораз на престојните локални избори и во услови кога ги брои последните денови како градоначалник, обвинуваат од ОК на Вмро Дпмне.„ Локалната самоуправа на тендер издава под закуп за период од 5 години градежно изградено земјиште, паркинзи од втора и трета паркинг зона, со што безмалку во целото градско подрачје...

Продолжи со читање

Младиот научник д-р Чакарески одржа предавање на универзитетот Св. Апостол Павле

Post Views: 201 Студентите на Универзитетот Св. Апостол Павле следеа предавање на Д-р Јаков Чакарески. Стружанецот д-р Чакарески е млад македонски научник за електротехника и компјутерско инжинерство, предавач и истражувач во швајцарскиот водечки технички универзитет. Професорот Чакарески допатува од Федералниот  политехнички универзитет во Лозана каде што спроведува истражувања, држи предавања и ја надгледува работата на тамошните студенти. Професорот за својот ангажман во Охрид вели дека е значаен бидејќи техниката се движи многу брзо. Чакарески укажува на значењето на  предавањата...

Продолжи со читање

Бајкерите од „Еко Дром“ блеснаа со бројни успеси

Post Views: 231 Јован Јованоски, Бленди Троци, Петар Упевчески, Новица Велјаноски, Филип Петрески, Јаков Јовансоки, Теодора Алексиоска Иво Србакоски , Христијан Николовски , Сара Пешликоска, Настасја Краљевска и Михаил Тасески се ведлосипедистите кои оваа година освоија бројни медалји. Велосипедскиот клуб  Еко дром ја заврши 2012 година со исклучителни успеси. Клубот брои 36 членови од кои 18 -мина се лиценцирани велосипедисти. За само три години од постоењето, клубот постигнуваа и руши рекорди на државно ниво.  Изминатава сезона 13-мина од членовите на клубот  освоија бројни награди...

Продолжи со читање

Охрид се подготвува за подземен катастар

Post Views: 213 Локалната самоуправа подготвена да го координира процесот на создавање дата база на податоци за подземниот катастар. Со подземниот катастар  ќе се избегнат оштетувањата на сите видови подземна инсталација што сега случуваат при градежните зафати. Инвеститорите многу често се соочуваат со оштетени водоводни и канализациони мрежи, пресечени телекомуникациски и електрични кабли заради  непостоење точни податоци на местоположбата на подземните инсталации и водови.  Kако превентива од ваквите дефекти се подготвува Закон за подземен катастар. На територија на општините за...

Продолжи со читање

Охриѓани масовно ги посетија светите храмови

Post Views: 215 „ Христос се роди- Навистина се роди“,  е денешниот поздрав со кој меѓусебно се поздравуваат православните христијани. Тие го празнуваат раѓањето на спасителот Исус Христос. Утринските богослужби кои се одржаа во  светите храмови беа преполни со верници.  Црквите беа посетувани од православните христијани и во текот на целото претпладне, а при тоа беа посакувани најубави желби. Се палеа свеќи, а најчестата молитва беше за здравје и мир. Свештеникот Диме Азески од православниот храм „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско, не потсетува на значењето на овој голем...

Продолжи со читање

Чествување на 100-годишнината од Охридското востание

Post Views: 276 Oхридскиот Совет даде зелено светло во септември оваа година да се одбележи 100 годишнината од Охридското востание. Повод за кревање на востанието било потпишувањето на  Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија. Ден по потпишувањето на  овој погубен договор за Македонија, Централниот комитет на Вмро испратил делегација која побарала од големите сили ревизија на договорот.  До  ревизија на договорот не дошло и Организацијата  ја продолжила револуционерната борба за ослободување на Македонија. Подготoвките почнале и на 21 август  продолжила организираната...

Продолжи со читање

Мал број охридски семејства згрижуваат деца без родители

Post Views: 202   Охридските семејства и понатака не покажуваат поголема желба за згрижување на деца без родители. Интересот за оваа хумана вонинституционална форма за згрижување на деца без родители полека се мрднува од мртва точка, вели директорот на охридскиот центар за социјални работи Екрем Каљоши. Факт е дека во минатиот период во Охрид немаше никаков интерес  за вдомување на деца со кои се поиграла животната судбина. Иако, засега во Охрид има само две семејства кои се стекнале со статус на згрижувачки семејства, интересот полека се буди, појаснува Каљоши. „ Во Охрид во последно...

Продолжи со читање

Проаква испорачува доволни количини на вода за пиење

Post Views: 275 Поволните временски услови во моментов овозможуваат одлична издашност на изворите со вода за пиење и им одат во прилог на ЈП „Проаква“. Водоснабдителното претпријатие испорачува до потрошувачите 250 литри вода во минута вода по природен пат. Тоа значи нема вклучување на пумпната станица кај  Метропол и на останатите извори што не беше случај минатата година кога сушата направи големи штети на плашицата во каналот, но и огромни трошоци за електрична енергија на „Проаква“, укажува директорот на ЈП,  Златко Старкоски. Водата која ја пијат граѓаните сега се пласира со...

Продолжи со читање

Скромен дочек на Нова Година

Post Views: 196 Полека се ситнат деновите од старата година, a меѓу граѓаните се помалку ја има некогашната еуфорија за што погламурозен дочек на најлудата ноќ во годината. Секој за дочекот на новата година се подготвува на свој начин. Повеќето од граѓаните ќе останат дома, а некои пак ќе мора  да работат и за време на Новогодишните празници.Новогодишната атмосфера во охридската чаршија како да не се чувствува. Трговците и угостителите се жалатдека граѓаните се помалку трошат од семјниот буџет за новогодишните празници. Охридскиот угостител, Љупчо Патчев, вели од година в година сакаме...

Продолжи со читање