Автор: Валентина Неловска
Post Views: 5 Се наближува големиот христијански празник Велигден. Овој празник верниците го слават со вапцувањето на црвено јајце, но и со посета на црквите каде што палат свеќи и се молат за здравје и бериќет на семејството. Во Православието зад светлоста на свеќата се крие длабока симболика. Во Охрид како духовен центар во минатото имало неколку семејства кои изработувале свеќи. Денес, во охридската чаршија помеѓу мноштвото современи дуќани, со децении опстојува и пркоси на новото време малото занаетчиско дуќанче на свеќарите Воислав и Павел Џамбазови, татко и син. ...
РК Охрид утре го чека нов спортски предизвик со екипата Зомимак од Струмица
Post Views: 6 Охридските ракометари, утре имаат нов спортски предизвик. По низата победи во Купот на Македонија и пласманот меѓу 4 најдобри екипи во Македонија. Охриѓани ќе имаат спортски дуел со струмичките ракометари од Зомимак. Тоа е екипа која ова агодина беше претставник во европските купови, истакна Горан Андоновски тренерот на РК Охрид.„ Ние уживаме во овие натпревари и играчите го даваат својот максимум и покрај тоа што во изминативе 7 -8 денови имавме тешки натпревари. Се надеваме дека ќе собереме сила и ќе продолжиме со нова победа иако ќе биде тешко. Струмица во...
Успешно реализирано јавното приватно партнерство за осовременување на уличното осветлување во Охрид
Post Views: 1 Презентирани придобивките кои Охрид ги доби по преземањето на чешката фирма ICS системи да го одржува јавното улично осветлување. Претставници на компанијата и нивни соработници ги искажаа техничките поединости од функционирањето на јавното осветлување со лед светилките и реализацијата на проектот со јавно приватно партнерство помеѓу чешката фирма и општина Охрид. Од 2015 до денес, во првата фаза на реализација на одржување на јавното улично осветлување од страна на чешкиот партнер, целосно се заменети 7627 лед светилки, инсталирани се над 460 автентични...
Промовирана книгата „Регистарот на поп Јован Савев“ од Илинка Јанева
Post Views: 3 „Регистарот на поп Јован Савев“ е новата книга на историчарот Илинка Јанева. Јанева 5 години ги истражувала и обработувала единствените податоци кои поп Јован Савев успеал да ги зачува од заборав и да ги запише во регистарот кој го опфаќа периодот од 19 и 20 век за семејствата во охридското маало Геракомија. Податоците за семејствата во Охрид пред 1914 година биле уништени, изгорени или изнесени од Охрид, па затоа овој регистар е мошне значен. Поп Јован Савев бил свештеник во ова охридско маало, но и во селата Оровник и Подмоље, истакна аворот Јанева. Во...
Се одгледува и продава сезонско цвеќе во охридскиот расадник
Post Views: 4 Во охридскиот расадник, кој работи во рамките на ЈП Комуналец се одгледуваат лисно и цветно декоративни садници. На површина од 2 хектари под пластеници и под стакло се произведува сезонско цвеќе. За засадување и одржување на хортикултурните површини се грижат околку 25 работници. За хортикултурно уредување на јавните површини во парковите, но и за продажба за приватни дворови и градини се одгледуваат различни видови на сезонско цвеќе, информира Трајче Љатков од ЈП Комуналец. „ Најмногу сме определени за цвеќе од хибридно семе кое се покажа најсоодветно на...
Лицата со телесен инвалидитет и академски сликари заедно творат на ликовна колонија во Охрид.
Post Views: 2 Охрид по седми пат од 17 до 24 април е домаќин на Меѓународна ликовна колонија во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет Мобилност Македонија. Софка Прчева, Генерален секретар на Мобилност, информира дека на ликовната колонија годинава зеле учество 27 сликари од повеќе Балкански земји. Интересот за учество на колонија е голем и од здруженијата на лицата со телесен инвалидитет, но и од академските сликари, но ние се трудиме постојано да има нови учесници, подвлекува Прчева. „Учествуваат лица со телесен инвалидитет, талентирани за...
Охриѓани излегоа на мирен протестен марш
Post Views: 2 Голем број граѓани протестираа под мотото Нема правда нема мир, носејќи пароли со различни пораки. Некои од граѓаните ги искажаа и своите барања од денешниот протест. Граѓаните бараа оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, повлекување на аболицијата на полиитчарите и да нема избори на 5 јуни. Граѓанската организација Протестирам беше организатор на проетсниот марш. Вероника Стефаноска од името на „Протестирам“ ги упати барањата.„ Целта на денешниот протест е исполнување н а барањата на граѓаните. Дел се претседателот Ѓорѓе Иванов да ја напушти...
Парламентарки“ комедија која ќе ја насмее публиката и исмее реалноста
Post Views: 3 9 члена актерска екипа е подготвена пред охриѓани да ја одигра премиерата на претставата Парламентарки. Ова е 5-та премиера на охридскиот театар. Претставата е инспирирана од комедијата „Жени во народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан. „Парламентарки“ од една страна го критикува секој политички систем и структурите на власта, а од друга се заминава со човековата глупост во желбата за власт и моќ, напоменува драматургот Сашо Димоски.Потребата да се напише нов текст произлегува од глобалните и локалните политички настани кои станаа дел од...