Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Не стивнуваат реакциите за монографијата „Незлобински“

Post Views: 311 Историчарот проф. д-р Павле Митрески  вели  Струга и стружани треба да се гордеат што по 75 години се објави  монографија за  „Д-р Никола и Софија Незлобински“. Тој е изненаден од реакцијата на директорот на струшкиот музеј, Сашо Цветкоски  за обвинувањата упатени на адреса на авторот на монографијата, д-р Стојан Ковачески. Проф. д-р Павле Митрески го истакнува своето позитивно искуство со архивите од неколку балкански земји кои му биле достапни за неговите научни истражувања. Професорот  40 години работел на научни истражувања од областа на историјата, автор е на...

Продолжи со читање

Во Охрид конечно туристи со подлабок џеб

Post Views: 247 Охридските угостители задоволни од изминатата летна  сезона. Покрај холанѓаните и финците , Охрид ова лето го посетиле гости од сите делови на светот, вели познатиот охридски угостител Димитар Пендов.  Со оглед  на светската рецесија и економската криза во Македонија,  задоволни сме од Лето 2012 иако можеше секогаш да биде и подобро, посочува Пендов.„Има некој процеси во охридксиот туризам што се за поздравување. Можеби бројот на гостите не се зголеми туку се зголеми квалитетот на гости. Се надевам дека тој тренд ќе продолжи“. За да продолжи сегашниот  тренд, напоменува...

Продолжи со читање

Локациите за поставување контејнери – градски проблем

Post Views: 363 Несовесни граѓани ги  поместуваат  поставените контејнери  во зависнот од нивната лична проценка дали им смета поставениот  сад за одлагање на отпад или не, нагласува раководителот на комуналната инспекција, Танас Танасоски. Таквиот начин на поместување е недозволив, но за да се надмине оваа појава потребна е интервенција од  секторот за урбанизам,  напоменува Танасоски.„За поставување на садовите за подигање смет треба да се донесе  урбанистички план. Со него ќе се прецизираат локациите каде да се  постават садовите за смет. Сега имаме голем проблем со местото каде...

Продолжи со читање

Странците побројни гости во Охрид

Post Views: 281 Туристичката сезона 2012 за охриѓани и не била така црна и неуспешна, покажуваат најновите обработени показатели од инспекцијата за туризам. Во  деветте месеци од оваа година Охрид го посетиле повеќе  туристи во однос на истиот период од минатата година.  Во 2011 година биле реализирани 427.000 ноќевања, додека во 2012 оваа бројка е 453.000. Мора да напоменеме дека за прв пат се среќаваме со зголемен број странски гости кои престојувале на охридското крајбрежје, вели раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски.„ Домашните  гости оствариле 171 .740 ноќевање,...

Продолжи со читање

Рибници најатрактивни на оглaсот за закуп на државно земјиште

Post Views: 249 Во околината на Охрид , поединци и фирми ,  домашни и странски, ќе можат да подигаат маслинарници, овоштарници, оранжерии, рибници, спортско рекреативни терени и да  развиваат  рурален туризам.  Во тек е огласот на министерството за земјоделство, шумарство  и водостопанство  за издавање под закуп на 5600 хектари државно земјоделски површини, а меѓу нив се и парцели во три  охридски села.  Според огласот, земјоделски површини  ќе се издаваат: 2 во Свиништа една од 2800 м2, а другата од 4036 м2, парцела од 1378 м2 во Ботун и до 3000 м2 во Скребатно. Од подрачната едница...

Продолжи со читање

ОУ „Братство Единство“ ќе аплицира за еко наградата „ Зелено знаме“

Post Views: 282 ОУ „Братство Единство“ се подготвува за апликација за најголемата еколошка награда „Зелено знаме“, кое ја доделува ЗГ „Охо“,. Од 2009 година ова училиште е дел од школите  кои се членови во мрежата на еко училишта. Учениците од трите наставни јазици, македонски,  албански и турски,  еколошки се едуцираат и учат како да шетадат вода и енергија, но и како здраво да се хранат, раскажува Професорот по одделенска настава, координатор на еко проектот, Јулијана Алексиоска. Континуираната работа и успешно реалираниет проеки  во измативе 4 години ни дозволуваат да аплицираме...

Продолжи со читање

Јасно да се знае каде може да се гради тешка индустрија, бараат екологистите

Post Views: 273 Екологистите од „Грашница“ и Движењето на екологистите од Македонија,  реагираат на Законот за животна средоина. Тие се прашуваат како може фармите и отпадите да се градат  надвор од населените места, а тоа да не важи за индустриските капацитети од тешката индустрија.Јасна Стојаноска, од  ЕД Грашница, вели, бараме дополнување на Законот за животна средина. Да се ограничи  и дефинира растојанието на кое ќe се врши градењето на новите индустриски капацитети во зависност од степенот на индустриското загадување. Фабриката може да го предизвика загадување и треба да се...

Продолжи со читање

Во ОУ „Братство Единство“ пристигна мулти културниот караван

Post Views: 279 Во ОУ „Братство Единство, од Велес пристигна мултикултурниот караван со мешан етнички состав на  ученици од повеќе  училишта од земјава. Во овој необичен караван се вклучени училишта со мешан етнички состав, па децата ќе се дружат и меѓусебно ќе се запознаваат, вели преставникот од Министерството за образование и наука,  Исмаил Демировиќ.„ Децата да се интегрираат, заедно да се дружат за да ги  надминат етничките и јазичните разлики  кои се мeѓу нас,  не прават различни, а сме сите исти. Децата од најмала возраст да другаруваат и да ги надминуваат спротивностите“,...

Продолжи со читање

Охридските лајонисти не ги заборавија слепите лица

Post Views: 275 Лајонистите од Охрид им подарија компјутер со специјaлна програма наменета за потребите на слепите лица. Охридските лајонисти, како и останатите колеги од светот, од 1925 година се заштитници или витези на слепите. Со нивната хуманост им помагаат на слепите лица покажувајќи им  дека не се сами и дека има луѓе кои сакаат да им помогнат. Лајонситите од Охрид не ги занемaруваат и останaтите ранливи категории луѓе. Помагаме  и на лицата со оштетен слух, но и на сите останати кои имаат  потреба од хуманост, вели Михајло Арнаудов од Лајонс Клуб Охрид.  На светскиот ден на...

Продолжи со читање

Златна медалја за коктелот на ученикот Антонио Китески

Post Views: 273 Антонио, Натали, Дејан и Десат, ученици од угостителското училиште „ Ванчо Питошески“,  се закитија со медалји на меѓународниот натпревар во областа на угостителството. Учениците освоија четири медалји, една златна, две сребрени и една бронзена  во неколку натпреварувачки дисциплини од областа на  туризмот и угостителството. Младите угостители покажаа одлични резултати во подготвување на коктели и  гастрономски специјалитети, како и во презентација на туристичка дестинација и бариство.  Синоќа, овие охридски ученици беа меѓу прогласените победници  во скопскиот хотел...

Продолжи со читање

Пратеникот Николоски го посети охридскиот Сојуз на борци

Post Views: 307 Пратеникот Александар Николоски со преставници од политичката партија на Вмро Дпмне го посетија Сојузот на борци на Охрид и Дебрца.  Средбата беше по повод вчерашниот Ден на востанието , 11-ти Октомври. Пратеникот Николоски оствари средба со претседателот на Сојузот на борци, Гоце Георгиески на која разгледаа неколку иницијативи кои треба да се реализираат воиднина за зачувување на спомен облежјата во Охрид и Дебрца. Николоски по средбата кажа дека доколку не беше НОВ немаше да постои  Република Макеоднија. Сакав како пратеник и преставник од градот да им одадам едно...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на сребрениот јубилеј на АЕХТ

Post Views: 286 Од денес па се до петок Охрид е домаќин на конференцијата на асоцијацијата  на туристичките училишта од Европа. На 25-та јубилејна средба, на натпреварите во 8 угостителски и туристички дисциплини ќе се натпреваруваат над 600 ученици од 30 земји. Меѓународната конференција ја отвори охридскиот градоначалник Александар Петрески. Почестени сме што за вашето јубилејно среќавање го избравте древниот Охрид, центарот на сесловенската писменост и култрура, градот на Св. Климент и Наум Охридски, кажа градоначалникот во својот поздравен говор.„Вие сте тие што од храната прават...

Продолжи со читање