Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охрид домаќин на конференција на европските туристички училишта

Post Views: 296 Течат завршните подготвки за одржување на  25 -та конференција на Асоцијацијата на туристичките училишта и вишите школи  од Европа. Од утре до  12 октомври  Охрид ќе биде домаќин на средбата на која  се очекуваат 600-тина гости од 30 европски земји. Организатор  на конференцијата е  скопското  туристичко училиште „Лазар Танев“ , а голема логистика и поддршка има од охридското туристичко училиште „Ванчо Питошески“, информира  директорот на ова училиште, Секула Баткоски.„ Добро е за Охрид да се донесат гости, а ќе се афримира туризмот, Охрид и Македонија. Сликата за...

Продолжи со читање

Општината не надлежна за осветлување на патниот правец кон Албанија

Post Views: 257 Сите институции се оградуваат од одговорноста за замена на  оштетените  електрични канделабри поставени на магистралниот патен правец што води  од Охридкон Република Албанија. ЈП Македонија пат,  Агенцијата за патишта и Локалната самоуправа тврдат дека тоа не е во нивна надлежност. Од ЕВН побаравме одговор зошто не функционира осветлувањето на овој потег и во чија надлежност е одржувањето на патниот правец.  Портапаролот на ЕВН Ленче Карпузоска одговорноста за осветлувањето на оваа делница ја лоцира кај општина Охрид. Со ова не се согласува градоначалникот  Петрески...

Продолжи со читање

Повелете на „ Малограѓанска свадба“ за 250 денари

Post Views: 391 „ Малограѓанска свадба“ од Бертол Брехт  е новата премиера на актерите од охридскиот народен театар. Оваа театарска претстава е во режија на Дејан Пројкоски.  Публиката премиерата  ќе може да ја види на 9 октомври.„ Малограѓанска  свадба“ ќе биде прикажана премиерно во текот на целата недела. Значајно е дека има само 24 седишта за да се види претставата, се игра блиску со публиката како да се гледа филм“, истакна актерот и уметничкиот раководител на театарот, Горан Стојаноски.    Претставата се подготвувала во изминативе два месеци, а режисерот  Пројкоски има само...

Продолжи со читање

Пропустите во проектот излегоа на виделина, обвинува Петрески

Post Views: 249 На раскрсницата, кај Булевар Туристичка и Јане Сандански во близина на Мини Маркетот, пропадна асфалтот и се појави огромна дупка. За среќа, избегната е несреќа од големи размери. Екипи од Секторот за патишта и комунален развој при локалната самоуправа од рано утрово работат на санирање на оштетениот коловоз.  Местото го посети Градоначалникот Александар Петрески со стручни лица од локалната. Криминалниот и нестручно изведен проект за поставување на атмосферска  канализација во 2002 година е причина за големото оштетување, обвини Петрески.  „ Криминалот е што работата...

Продолжи со читање

Занаетчиите може да здивнат

Post Views: 329 40-тина занаетчии од 180 -те регистрирани присуствуваа на вчера одржаниот состанок на Регионалната комора. Од прва рака добија информации како да дојдат до неколку финансиски  олеснувања. Сега имаат можност  од својот буџет да издвојуваат помалку пари за книговодствените услуги, напоменува Сашо Богоески,  претседател на регионалната комора.  „ Најолеснителен  дел е пакетoт услуги од 200  денари месечно за книговодствените услуги и 150  денари месечна чланарина. Во минатото занетчиите плаќале  1500 денари месечно на име на оваа услуга и 2000 денари за завршна сметка....

Продолжи со читање

Светна населбата Далјан

Post Views: 316 Жителите од населбата Далјан, вчера  покажаа висока еколошка свест. Во акцијатат за расчистување на потегот од поранешната стара зграда на морнарицата , плажата и училишниот двор се вклучиле 50 граѓани. Со заеднички  сили екологистите  го светнаа Далјан. На јавниот повик преку медиумите и социјалните мрежи се одѕвале  30 возрасни и 20 деца на возраст од 7 до 15 години. Во расчистувањето на натрупаниот смет на лоаклните депонии низ населбата им помогнале и 5-мина вработени од Комуналец. Биле исчистени и одвезени четири камиони со смет. Ова е втора акција во која жителите...

Продолжи со читање

Одбележан светскиот ден на глувите лица

Post Views: 298 Со помала плата, институции кои не обезбедуваат толкувачи за глувите лица, без додаток за инвалидитет,   глувите лица од Македонија го одбележаа светскиот ден. Иако, Македонија ја потпиша Конвенцијата за заштита на правата на инвлидите, лицата со оштетен слух   се соочуваат со дискриминација, вели претседателот на македонскиот  Сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков.  „ Дискриминацијата е во поглед на платата,  која ја добиваат во однос на другите лица, таа е пониска. Во работните средини глувите лица иако се способни, вредни и одговорни тие се помалку платени...

Продолжи со читање

Утре се слават мудроста, љубовта, верата и надежта

Post Views: 260  Тринаесет година по ред , голем број верници  се собираат  во Лагадин за да го одбележат верскиот празник  Вера, Нада, Љуба и нивната мајка, великомаченица Софија.Со молитва и свеќа верниците се молат за  здравје, љубов и благосостојба во малата црквичка изградена во 2000 година.  Прославата на овој верски празник во Лагадин започна пред тринаесет години на  иницијатива на познатиот угостител Љупчо Патче. По повод 2.000 години од христијанството, Патче како ктитор,  ја изгради малата црква на самиот брег на Охридското езеро. Традиционално  собраните пари од верниците...

Продолжи со читање

Младите музичари се поприсутни на Староградските средби

Post Views: 291 Охрид по 24 пат ќе биде домаќин на староградските средби. Во Центарот за култура утревечер ќе одекне староградската песна од различни краеви на Македонија. Десет  ансамбли од различни градови  и возрастиќе го престават преку музиката  крајот од каде што доаѓаат.  Учениците од Државното музичко училиште „ Илија Николоски Луј“ ќе имаат сплет од песни и ора посветени на познатите охридски староградски музичари Тајфата на Садило, појаснува  директоката Драгана Боцеска. „Програмата е составена од изведувачи на различни возратси ија негуваат староградската музика и со  ентузијазам,...

Продолжи со читање

„Погодете кој доаѓа на вечера“

Post Views: 268 Ангела, Катерина, Никола, Ема, Ева, Милан, Ѕвонко, Леа, Јован и Ирена се актерите аматери кои утревечер на сцената на Центарот за култура ќе ја одиграат преставата  „Погодете кој доаѓа на вечера“. Овие млади средношколци, талентирани актери-аматери и волонтери на ОО на Црвениот крст за само две недели  импровизираа комедија која ветува смеење до солзи. Никола Србинсоки е еден од ликовите во преставата за која вели дека сами ја подготвиле  со помош на десиминаторите од ПХВ.  „Сите имаме икуство со глумењето, досега сме работеле и на други престави и немавме проблеми...

Продолжи со читање

Општинските средни училишта без дефектолози

Post Views: 311 Децата со интелектуална попреченост по завршувањето на основното се вклучуваат во средното образование. Најчесто овие ученици го продолжуваат образованието во стручните општински училишта.  Од Бирото за развој на образованието нагласуваат дека наставната програма за овие средношколци е прилагодена. Од друга страна пак, професорите кои во пракса се сретнуваат со ваков начин на инклузија на учениците во образовниот процес велат дека имаат потреба од  стручна помош на дефектолозите.  Засега, нив  како кадар во средните училишта ги нема. Дефектологот Наташа Илоска, од...

Продолжи со читање

Од октомври „Детски час за приказни“на англиски јазик

Post Views: 363 Децата  на возраст од  4 до 7 години ќе имаат можност и ова есен да посетуваат  „Детски час за приказни“. Од октомври, секој четврток децата ќе учат англиски јазик преку игра и креативни вежби. За едукација на најмалите охриѓанчина ќе се грижат две волонтерки од Американскиот мировен корпус во Македонија и 4-ца волонтери од општинскиот Црвен крст, вели Мимоза Ставрева, координатор за организациско-стручни работи.„Ние  преку  читање на приказни, кој  ги имаме во изобилство од англиска литература,  ги внесуваме децата во светот на приказните и бајките. Со тоа тие го...

Продолжи со читање