Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Конакот во комплексот Перивлепта со нови содржини

Post Views: 279 Во комплексот Богородица Перивлепта наскоро ќе стартува конзервација, реставрација и ревитализација на конакот и камбанаријата.  Секој момент се очекува добивање на конзерваторското одобрение од  Управата за заштита  на културното наследство по што ќе следи рушење на ѕидовите и кровот на конакот кој се во лоша состојба. Под раководство на врвни македонски  статичари ќе се зајакнуваат постоечките ѕидови и ќе се реконструира она што мора да биде  срушено, нагласува  директорот на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска. Со градежните зафати во комплексот се предвидени...

Продолжи со читање

Занаетчиите се почесто со блокирани жиро сметки

Post Views: 314 Охридските занаетчии се потешко се справуваат со економската криза. Скоро една третина од  180-те регистрирани занаетчии работат со блокирани жиро сметки. Сепак бројот на ново регистрирани занаетчии е во пораст. Во моментов најчесто во занаетчиските дејности  се регистрираат лица кои се  без работа и користат грантови за занаетчиски дејности од УНДП и од Агенцијата  за вработување. Она што во моментов изненадува е податокот што за шест месеци само двајца регистрирани занаетчии од Охрид се пријавиле да користат субвенции за македонски уметнички творби. Средствата во...

Продолжи со читање

Професорите се за зголемување на бројот на часовите по спорт

Post Views: 352 Професорите предлагаат во училиштата зголемување  на бројот на часовите по спорт како спас против деформитетите кај школските деца. Бројот на регистрирани деформитети од проектот спроведен минатата училишна година има поразителни  резултати. Од 504 испитани ученици од сите училишта биле откриени 302 деца со различни деформитети. Професорите по физичко и здравствено воспитание проблемот го лоцираат пред се во начинот на живеење. За да се подобри здравствената слика на школските деца професорите предлагаат родителите повеќе да ги потикнуваат децата на спортување. Проф....

Продолжи со читање

Булеварот Железничка ќе зазелени

Post Views: 295  Хортикултурна инвазија, есенва, се највува врз бројни парковски површини во градот.  Со полна пареа продолжува оплеменувањето на парковите низ градот, кејот и зелениот појас на Булевар Туристичка. Директорот на ЈП „Охридски  Комуналец“, Сашо Алче најавува дека и  Железничка наскоро ќе зазелени иако нема вграден систем за наводнување.„ Системот за наводнување ќе се вгради како и на Туристичка, за потоа по поставувањето на системот од страна на службите на Проаква. Потоа, настапуваме ние. Откако ќе завшиме со оформување на парковските површини од канлот Билјанини извори...

Продолжи со читање

Граѓаните сакаат соларна енергија ама немаат пари за инвестирање

Post Views: 312 Само тројца охриѓани добиле субвенции за вградување на соларна енергија во нивните домови. За Владината објава, од пред два месеци за поддршка на инсталирање на соларни системи  со 30 посто од вредноста на инвестицијата и најмногу до 300 евра, имало над 1500 апликации. Но, само 300 граѓани од земјава,  по системот на  лотарија, добиле субвенција. Граѓаните покажуваат интерес за користење на соларната  енергија како еден од начините за намалување на високите трошоци од семејниот буџет за потрошената електрична енергија ама немаат доволно пари самостојно да инвестираат....

Продолжи со читање

Угостители „диво“ поставувале маси и столици

Post Views: 427   И оваа туристичка сезона не помина без да се прекрши  програмата за поставување на урбана опрема. Инспекторите имале полни раце работа и напишале бројни пријави до сопствениците на угостителските објекти кои без дозвола сакале да профитираат и ова сезона со нелегално поставување маси и столици, нагласува Ана Николоска од одделението за комунална  такса. „ Со наплатата на средства нема проблем. Но има проблем со оние угостители кои немаат кај нас барање за издавање дозвола за поставување маси и столици. Поднесовме до општинскиот инспекторат извештај со фирмите кои...

Продолжи со читање

Нисплатените субвенции закана за ин каминг туризмот

Post Views: 351 Доведено во прашање носењето на странски гости во земјава. Причина да се откажуваат договорите за склучување нови аранжмани на странските пазари се неисплатените субвениции на  голем број туристички агенции кои се ориентирале кон ин каминиг туризмот. Исплатата на субвенциите на туристичките агенции доцни скоро една година, вака се жалат сопствениците на агенциите кои имаат побраувања по овој основ, а  не сакаат јавно да зборуваат за овој сериозен проблем. Кратко коментираат дека се разочарани од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот која од септември 2011 година...

Продолжи со читање

Почна новата учебна година за 7000 охридски ученици

Post Views: 358 На првиот училишен ден охридските основни и средни училишта ширум ги отворија вратите за своите ученици. Училиштата се подготвени за да стартува новата учебна 2012/2013 година. Со пригодна програма беа дочекани  првачињата во сите основни училишта.  Како и првачињата така и основците со нетрпение го очекуваа  стартот на  училишниот ден.По традиција градоначалникот Александар  Петрески беше во посета  на две основни училишта. Овој пат беше во „ Григор Прличев“ и „Братство Единство“ во Лескајца за да им посака на основците и првачињата  од градот среќа и успешна година....

Продолжи со читање

Надвисната гранка опасно демне над паркинг простор

Post Views: 374  Повеќе од два месеци скршена гранка е  надвисната  врз паркинг просторот  во близина на Горица 3. Гранката е сериозна опасност за капачите кои доаѓаат на плажата и ги паркираат возилата без да ја забележат. Оштетените гранки и дрвја ги отстрануваат службите на комуналец, но  само со дозвола од комисијата од одделението за животна средина,  кажува директорот на комуналното претпријатие Сашо Алче. „Проблем се дрвата кои се  наоѓаат на површини кои се во приватна сопственост без разлика дали станува збор за правни или физички лица. Јавното претпријатие нема право да...

Продолжи со читање

Српски одбојкарки задоволни од спортските услови што ги нуди Охрид

Post Views: 424 Женскиот „Одбојкарски клуб 98“ од Лесковац своите спортски подготовки ги привршува во Охрид. Оваа млада, надежна екипа се натпреварува во Втората одбојкарска лига во Србија, а нивните амбиции се влез во првата лига.  Одбојкарките се за прв пат тука и како што велат не зажалиле што за подготовките го избрале  Охрид. Александра  Јовановиќ и  Нина Стојановиќ се дел од екипата на „Одбојкарски Клуб 98“ Лесковац и се воодушевени од хотелската услуга и  од одличните услови за тренирање.  Максимално ги користат спортските терени околу хотелот Метропол, теретаната и езерото.Подготовките...

Продолжи со читање

Семејство Холмс апелира грижете се Охрид да биде чист

Post Views: 356 „Чувајте го Охрид чист“ е повикот на семејството Холмс од Англија до пријателите на градот. Овој апел го упатуваат разочарани од расфрланиот смет и немарниот однос на македонците кон околината.  Невил и Лилјана од Лондон воодушевени од убавините на Охрид, решиле да купат стан во  населбата Рача.  Пред една недела Холмсови  заедно со нивните деца го исчистиле спортското игралиште од расфрланото ѓубре кое е во непосредбна близина на нивниот стан.  Една недела подоцна тоа повторно било  покриено со отпадоци.  „Кога работи школото постои контејнер, а сега школото е затворено...

Продолжи со читање

Опасни по живот оштетени електрични столбови

Post Views: 351 Опасни по живот оштетените електрични столбови на  магистралниот патен правец од Охрид што води кон Република Албанија. Најголем број од оштетени столбови се на коловозната лента која води кон Охрид, пред населбата Рача. Впечатокот е дека за електричните столбови  поставени во октомври 2008 година, за време на одржувањето на Нато самитото чиј домаќин беше Охрид, не се грижи никој. Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ задолжени за одржувањето на овој патен правец информираат дека досега не добиле нити еден налог од Агенцијата за државни патишта за замена на оштетните...

Продолжи со читање