Автор: Валентина Неловска
Post Views: 6 Благој Кичеец , поранешен актер и режисер од првиот професионален охридски театар, денес го слави 90-от роденден. Кичеец е еден од повозрасните професионални охридски актери од минатиот век. Роден е во Охрид на 30 март 1926 година, во Месокастро, во занаетчиско касапско семејство. Кичеец раскажува за неговите посети на патувачките театри кои доѓале во Охрид во 30-те години од минатиот век и како се родила неговата љубов кон театарот. „Честопати одев со татко ми на претставите на разни патувачки театри, меѓу кои Бибобо, Петре Прличко тогаш се викаше Перица...
Записниците од охридскиот Општински инспекторат покажуваат поголема дисциплина на граѓаните и фирмите
Post Views: 3 Според извештајот на Општинскиот инспекторат за 2015 година охридските инспектори по туризам имале најмногу работа. Споредбено извештаите од 2015 и 2014 година не покажуваат големи отстапувања од она што го сработиле општинските инспектори од повеќе сектори, информира Томе Џамтоски портпарол на ЛС.„ Генерално цифрите по обем се приближни, но она што радува е дека има поголема дисциплина и кај граѓаните и на фирмите во однос на дејностите со кои тие се занимаваат и што нашите инспекотри го наоѓаат на терен“, подвлекува Џамтоски. Од општинскиот инспекторат...
Пуштен во употреба реконструиран локалниот патен правец Вапила – Ливоишта
Post Views: 4 Охридските села Ливоишта и Вапила се поврзаа со реконструиран, асфалтиран пат во должина од 2 километри и проширен 1 метар. Вкупната вредност на реализираниот проект од Локалната самоуправа е во износ од 8 милиони денари. Средствата се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддшка за руралниот развој на РМ , проект изработен од општина Охрид, посочи при свеченото пуштање на патниот правец градоначалникот Никола Бакрачески. „ Свеченото пуштање на проектот е дел од нашиот проект за убавите охридски села какви што се Ливоишта и Вапила. Продолжуваме со...
Почнаа археолошки ископувања на дел од месноста Дебој
Post Views: 29 Во тек се систематски истаржувања на комплекост Горна Порта непосредно во близина на црквите Св. Димитрија и Св. Богородица Перивлепта, информира директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, за започнатиот проект предвиден за 2016 година.„ Тој простор претставува составен дел од комплексот Дебој. Досега во минатите години не е истражуван како останатите простори. На пристапниот пат во непосредна близина на овој локалитет пред 10 т9на години се откри златната маска и остана да се доистражи уште овој дел“, потенцира Паскали Бунташеска.Археолошките...
Во Охрид 25-мина анкетари ќе проверуваат спорни гласачи од Избирачкиот список Во Охрид 25-мина анкетари ќе проверуваат спорни гласачи од Избирачкиот список
Post Views: 4 Дваесет и пет анкетари во Охрид и Дебрца ќе прават теренска проверка на спорните податоци од Избирачкиот список со овластувања од ДИК. Покрај нив ДИК издала овластување на исто толку набљудувачи од поголемите политички партии, информира Марга Димоска ракаводител на подрачното одделение за започната постапка за спроведување на ажурирање на податоците од избирачкиот список. Имињата на лицата кои ќе се вклуени во анкетирањето се доставени од ДИК, сите прифатија и покажаа подготовеност за работата, напомена Димоска. „ Анкетарите се сите учесници во претходни...
Oхридскитe таксисти незаинтерсирани за бесплатните обуки по англиски јазик
Post Views: 1 275 охридски такси возачи поседуваат уверенија и сертификати за вршење на такси превоз. Таксистите полагаат како физички лица и за овие уверениа треба да издвојат 4500 денари, согласно законските измени во превозот во патниот сообраќај во 2015 година. Сертификатот го добиваат по полагање пред општинска комисија која ги проверува нивните општи знаења од историјата и градот, па дури потоа ги добиваат овие општински дозволи, информира Љупчо Танески портпарол на Секторoт за комунални дејнсоти. „ Треба да се разликува уверение и сертификат. По добивање на...
Охрид утрово го зафати силен ветар дуваше со брзина од над 100 км на час
Post Views: 1 Силен ветар го зафати Охрид и охридско утрово. Во делови од градот летаа ќерамиди, рекламни паноа, се искршија и многу гранки, а паднаа и бандери. Атанас Ковачески , портпаролот на ЕВН Македонија информира дека силниот ветар направил одредени проблеми во напојувањето со елктрична енергија во Охрид, околината и Дебрца. Од силината на ветерот биле откорнати неколку бандери и се скинале проводници на електричната енергија. Екипите на ЕВН на терен ги санирале настанатите проблеми, а доколку повторно има потреба ќе се вклучат во отстранување на пријавените...
Судската администрација во Основниот суд Охрид штрајкува со колегите од земјата
Post Views: 1 Судската администрација од Основниот суд Охрид се приклучи кон штрајот на колегите од земјата. Тие бараат измена на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници за 35 проценти, исплата на ветените 5 проценти за 2015 , враќање на работното време од 7.30 мин до 15.30 мин, информира Борче Мирчески, претседател на Здружението на судска администарција на РМ. „ Од денес судската администарција до петок во сите судови штрајкува. Денес и утре штрајкот ќе биде во судовите , а во петок ќе биде со протест во Скопје,ќе почне пред...