Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Спасовски: На РМ и на МВР не им е потребен сензационализам

Post Views: 3 Оливер Спасовски  министерот  за внатрешни работи ја посети полициската станица во Струга. Посетата беше со цел да се запознае со проблемите на терен за да се подобрат состојбите. Спасовски кажа дека безбеднсоата состојба во земјава и во Струга е стабилна. Во општина Струга има  намалување на нивото на криминалитет.„ Оценката според брифингот од вработените од срдбата е дека има намалено ниво на криминалитети зголемување на ефиксаноат од јануари овв година.  Тој тренд ќе се негува во соработка со граѓаните и полицијата“, напомна Спасовски.  Министерот Спасовски  ...

Продолжи со читање

На Охрид му требаат нови хотелски капацитети

Post Views: 2 На охридско – струшкото крабржје нема доволен број  хотелски капацитети , вели Крсте Блажески првиот човек на Хотам. Во моментов на располагање за гостите се 6500 до 7000 легла додека една  туристичка дестинација се смета за сериозна ако располага со најмалку 10.000 легла посочува  Блажески.Тој  напоменува дека хотелската индустрија располага и со застрарени објекти на кои им треба обновување. Појаснува дека во моментов 10 -тина нивни членки не можат да почнат со доградба на хотелите. „ Владата излезе со предлог комуналиите да се намалат на 5 посто за...

Продолжи со читање

Пет нови автобуски постојки ќе има на Булевар Туристичка

Post Views: 1  Започнаа градежните активности за поставување на автобуски постојки низ градот. Се прават припремни зафати како што се копање на ровови и подлоги за поставување на современите постојки на кои ќе има клупи за седење и настрешница, информира Љупчо Танески, портпарол на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. „ Ќе бидат поставени  5 автобуски постојки в долж Булевар Туристичка на најфрекфентните места каде што досега беа поставени. Кај маркетот Тамаро од двете страни, една кај зградата Печијаре, една кај гимназијата и ОУ Григор Прличев. Уште една на...

Продолжи со читање

На Булевар Туристичка се поставуваат полиетиленски водоводни цевки

Post Views: 2 Се менуваат азбестните водоводни цевки со нови на  Булевар Туристичка од потегот на ЈП за Стопанисување со станбен и деловен  простор до пресекот со улицата Јане Сандански. Со тие активности ЈП Проаква со поддршка на ЛС ја реконструира  застарената водоводна мрежа, информира Љупчо Танески, портпарол на Одделението за комунални дејности и сообраќај.„ Станува збор за поставување нова водоводна инсталација и мрежа во должина од 300 м. Во првите 200 местри ќе биде поставена цевка со профил фи 110, а останатите 100 метри се редуцира на 63 фи замена на старите азбестни...

Продолжи со читање

Лошата исхрана и недоволната физичка активност го земаат својот данок кај учениците

Post Views: 2 Специјалистите по школска медицина на  систематските прегледи кај  училишните деца од регионов констатирале  нарушување на телесната тежина. Ова го покажуваат статистичките податоци од охридскиот регионален Центар за јавно здравје кој ги покрива општините Охрид, Струга, Дебарца, Дебар и Вевчани.  Во текот на 2014 година со систематски прегледи биле опфатени околу 98 проценти од учениците, напоменува д-р Слободанка Коцевска од охридскиот Центар за јавно  здравје. Податоците  укажуваат дека лошата исхрана и недоволната физичка активност  го земаат својот данок кај ...

Продолжи со читање

Расте интересот на младите охриѓани за пчеларење

Post Views: 3 Охридските пчелари по подого време се задоволни од минатогодишната реколта на медот. Минатата сезона пчеларите извадиле во просек  15 килограми високо квалитетен мед од пчелно семејство, информира Тони Јосифоски, претседател на охридското здружение на пчелари. Години наназад  приносите на мед се во опаѓање, па  пчеларите се задоволни и со овие приноси.  Тие се свесни дека успешноста во  дејсноста со која се занимаваат зависи од нивното обединување и пратење на современите научни знаења и технологии во пчеларството. Засега охридските пчелари не може да го следат...

Продолжи со читање

Во охридските шуми забележана појава на чаури со ларви

Post Views: 3 Ловџии, пчелари и љубители на природата информираат дека годинава низ охридските шуми забележуваат поголема појава на чаури со ларви од пеперутки на дрвјата. За да ја провериме ова информација стапивме во контакт со ЈП Македонски шуми, НП Галичица и Државниот инспекторат за шумарство. Од ЈП Македонски шуми и НП Галичица  немаат конкретни информации  за состојбите на терен. Државниот инспектор за шумарство Стојан Трајкоски  информира дека заедно со ЈП Македонски шуми подрачна едниница Галичица деновиве ќе излезат на терен за да направат увид. Вети  дека за...

Продолжи со читање

Во туристичкиот сектор e потребно создавање нови производи и понуди

Post Views: 2  На туристичкиот сектор во земјава му е потребна реорганизација и прилагодување на барањата на туристите, вели Љупчо Јанески, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Додава, оваа година, очекува дека ќе започнат инвестиции во зелени хотели со зелени ѕвездички. Уредување на авто кампови по светски стандарди за да се остварат во охридско-струшкиот регион 1 милион ноќевања од оваа дејност. Потребно е да се создадат нови туристички производи и понуди, вели Јанески. „Ние немаме авто кампови. Во авто камповите треба сериозно да вложуваме. Потребно е...

Продолжи со читање