Автор: Валентина Неловска
Post Views: 9 Екипите на ЈП Охридски Комуналец подигнаа 4 кубици диво депониран отпад во поранешна Касарна. За чистење на дивите депонии користеа механизација. Секојдневно, расчистуваат и по 16 метри кубни диво депониран отпад од локации каде што е казниво според Законот за јавна чистота. За да се справат со грдата слика на терен кои ја прават несовесните лица, наскоро ќе има нова можност, информира Стевчо Маслов од ЈП „Охридски Комуналец“. „Решивме да направиме едно депо во кругот на механизација каде граѓаните ќе може да го депонираат таквиот отпад. Зборуваме за кабаст и...
Домашни и странски фудбалски екипи на зимска подготовка во Охрид
Post Views: 2 Фудбалерите од ФК „Јавор“ од Ивањица, Србија се на зимски подготовки во Охрид. Тренираат на СРЦ Билјанини извори. Во моментов покрај Јавор на подготовка се уште 4 фудбалски тимови од српката супер лига. Тренерот и шеф на стручниот штаб на ФК „Јавор“, Младен Додиќ напоменува дека Охрид го привлекло нивното внимание со одличните услови. Очекуваат понатамошни вложувања во инфраструктурата, за оваа дестинација која има оддлични услови за спортски туризaм во зима, дa биде конкурентна на европските. Додиќ напоменува зошто нивниот фудбалски клуб по...
Куќата на Момирови годинава нема да се реконструира
Post Views: 3 На улица Илинденска, во близина на античкиот театар, е куќата на Момирови во сопственост на НУ Завод и Музеј. Забот на времето остава траги врз куќата на која видливо се оштетени кровот и прозорите. Од ден на ден објектот добива изглед на запоставена и неискористена куќа. Во последниве две- три години се реализираат проекти со кои ресорното министерство обновува фасади, кровови и статичко зајакнување на куќи во центаралното градско јадро. Oд НУ Завод и музеј имаат објаснување зошто куќата која е во нивна сопственост годинава не влегла во планот за...
Запуштен видиковецот за посетители во НП Галичица
Post Views: 2 Посетителите на НП Галичица се соочуваат со запуштена локација кај излетничкиот видиковец. Местото за одмор во блиската шума веднаш до управната зграда на паркот му треба реконструкција и пред се чистење. Расфрланото ѓубре е одраз на нашата некултура и низок степен на чувство на одговорност кон околината, додека преполнетиот контејнер кој подолго време е неисчистен го покажува инфериониот однос на надлежните во паркот.Се обидовме да дознаеме од НП Галичица кога ќе ги обноват искршената клупа и двата уништени инфо пултови, и кога ќе поднесат барање за...
Филигранскиот занает во Охрид е во нагло изумирање
Post Views: 2 Ацо Димитриески, познатиот охридски филигранист вели во Охрид филигранскиот занает во моментов е во нагло изумирање. Тој повеќе од 2 децении изработува филигрански накит и ја продолжува семејната традиција на неговите дедо и прадедо Диноски, стара повеќе од 200 години. Во последниве 5 години никој од помалдите не се инетерсира да го учи занаетот. Во моментов на прсти може да се избројат млади филигранисти. Во занаетчиската комора нема само филигранисти туку изработувачи на накит и бижутерија, додава Димитриески. „ Интересот за изучување на филигран е...
Одржана јавна расправа за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата
Post Views: 1 Одржана јавна расправа за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата. Градоначалникот Кирил Пецаков, кажа дека на негова иницијатива се организирани оваа и неколку средби претходно со сопствениците на имоти и Министерството за животна средина и просторно планирање.Сфатив дека има нејаснотии меѓу сопствениците и МЖСПП и оние кои ги предложуваат законските решенија. Увидов дека не се поклопуваат работите кои ги перцепираат сопствениците и законските решенија – истакна Пецаков.Томе Ѓорески, претставник на мнозинството на граѓани...
Се донира мебел, а социјално загрозените семејства имаат потреба од бела техника
Post Views: 4 Разни видови мебел, покуќнина па дури и еден лаптоп се донирале за охридските семејства во социјален ризик минатата година. Во рамките на проектот „ Се грижиме за Топол дом“ кој се спроведува во општина Охрид биле реализирани 8 донации, а имало 15 барања за помош, информира социјалниот работник Горан Поп Марков од центарот за социјални работи. Граѓаните кои барале помош имале потреба од бела техника , но оние кои сакале да помогнат најчесто пријавуле донации на мебел. „ Полесно се доаѓа до покуќнина, мебел, шифоњери, каучи, фотелји, а многу потешко се доаѓа...
Атрактивните куќи на Мегдани во населбата Рача лежат на септички јами
Post Views: 2 Атрактивните новоизградени куќи во локалитетот Мегдани во населбата Рача немаат фекална и атмосферска канализација. Локалитетот се наоѓа во рамките на НП Галичица на патот кој води кон Велестово и станува се поатрактивна населба за изградба на куќи за живеење но и за викенд објекти. Населбата се наоѓа веднаш над Билјанини извори кои пак подолго време се загадуваат со патогени бактерии. „ Може да кажам дека некои делови од Мегдани во Рача не е во рамките на каналзиационата мрежа. Правиме напори во 2016 година да се обезбеди нова канализациона мрежа и за ова...