Автор: Валентина Неловска
Post Views: 264 Современ опремен кабинет по практична настава добија учениците и професорите од регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“. Финансиските средства се обезбедени од проектот од Локалната и регионална конкурентност од Светска банка и од општина Охрид. На почетокот од второто полугодие од учебната година е ставена во функција новата работна просторија која ќе придонесе во подигнување на квалитетот на наставата, информира Марјан Радески, директор на регионалното стручно училиште. „Со прераснување на училиштето во регионален центар се...
Расте бројот на објекти за игри за забава и среќа, а во подем е коцкањето
Post Views: 316 Во Охрид има 52 кладилници и обложувалници.Три охридски трговски друштва имаат регистрирано дејност коцкање и обложување, а дури 49 фирми надвор од Охрид имаат отворено коцкарници и обложувалници како свои подружници во Охрид според податоците од Централен регистер. Како што од ден на ден се повеќе расте нивниот број во градот како спортски кладилници, слот апарати, рулет апрати и коцкарници паралелно е во пораст и бројот на граѓани кои се навлекуваат на разни видови коцкање и обложување. Коцкањето како облик на зависност не ги заобиколува и адолесцентите. Затоа...
Жителите од Бараки и Видобишта бараат подобра комунална инфраструктура
Post Views: 244 Граѓаните кои живеат во населбите Бараки и Видобишта бараат подобрување на комуналната инфраструктура на улиците „Момчило Јорданоски“ и „Марко Цепенков“. Во рубриката „Ти си твојот град“, жители од овој дел на Охрид укажуваат на неколку потреби како што се поставување на покриени автобуски постојки на градската линија која минува низ тој дел, клупи за одмор, успорувачи на брзина на коловозните ленти и обновување на искршените дрвца на дрворедот на улицата Момчило Јорданоски. Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски информира дека деновиве ЈП Комуналец...
Во пандемичната 2020 има помал број склучени бракови и новороденчиња
Post Views: 265 Во пандемичната 2020 година, 352 парови од Охрид заснивале брачна заедница и го кажале судбоносното „да“. Во општина Дебрца пак, се регистрирале 16 брачни заедници. Во истата година, во матичната книга на родени се евидентирани 509 новороденчиња во општина Охрид, а само 5 новороденчиња во општина Дебрца. Според евиденцијата на матичната книги на умрени, 848 охриѓани починале во 2020, а во општина Дебрца 75 лица. Епидемијата со Ковид 19 го намали бројот на склучени граѓански бракови и наталитетот во Охрид во минатата година, покажува евиденцијата на матичната...
ЈП Комуналец наскоро очекува да го добие на користење специјалното товарно возило
Post Views: 300 Заврши тендерската постапка за набавка на специјално товарно возило за подигање отпад од подземни контејнери. Станува збор за возило со хидраулика, со кука кое ќе го подига садот, ќе го празни во камионот и ќе ја враќа вреќата назад. Локалната самоуправа за негово купување одобри 1 милион денари, a ќе биде наменето за потребите на ЈП Охридски комуналец,информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП. „Согласно тендерската постапка рокот на доставување на камионот е 40 дена. Постапката е при самиот крај. Ние сме во контакт со општината и како оди постапката за...
Микробиолошки е исправна водата за пиење од струшкиот водовод
Post Views: 486 Микробиолошки е исправна и не е загадена со бактерии водата за пиење од струшкиот градски водовод, покажаа денешните резултати од анализите на земените примероци вода . Во информацијата од охридскиот центар за јавно здравје стои дека стружани може да ја користат водата како здравствено исправна за пиење, во домаќинствата за одржување на лична хигиена,хигиена на раце, во производсто и промет на прехрамбени производи. Во изминатите денови стружани не смееа да ја употребуваат водата за пиење заради констатирана поголема заматеност од дозволеното според Правилникот...
Со измените во Законот за безбедност во сообраќајот се очекува дисциплинирање на возачите
Post Views: 311 Повеќе не важи впишувања на казнени негативни поени за возачите кои ќе направат сообраќаен прекршок. Возачите ќе плаќаат парична казна наместо досегашната можност казната да ја заменат со негативни поени за сообраќен престап и загрозување на сообраќајната безбедност. На сила стапија измени во Законот за безбедност во сообраќајот. Возачите кои ќе ја пречекорат дозволената брзина на патот ќе се соочат покрај со плаќање на парични казна и со одземање на возилата. Соња Шикалоска, сообраќаен инжинер и автоинструктор, за овие измени има свое видување за ефектот кој...
Фотоволтаични панели ќе се поставуваат на спортската сала Билјанини извори
Post Views: 320 Инвестиции во подобра спортска инфраструктута за ова година најавуваат од Агенцијата за млади и спорт. Планираат повеќе проекти во подобрување на условите за тренирање во спортските објекти во земјава. Меѓу спортските центри каде што ќе се инвестира е и охридскиот СРЦ Билјанини извори. Се планира спорската сала Билјанини извори да се затоплува. Со инвестирање во енергетска ефикасност на спортските објекти во земјава, спортистите и публиката нема веќе да мрзнат, вели Наумче Мојсоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт. „Кај нас салите не се загреваат....
Стружани повторно на протестен марш против дивата депонија
Post Views: 322 По втор пат со протестен марш стружани порачаа дека им е доста од загадувањето од дивата депонија која повторно гори. Принудени сме на овој потег затоа што досега никој од надлежните органи не понуди конкретно решение , истакна Глигор Ќатоски претставник на граѓанската иницијатива „Доста“. Во понеделникот доставиле конкретни барања до новата влада и до локалната самоуправа итно да се спречи понатамошното труење на стружани. „ Бараме веднаш да се преземе работна акција за целосно гаснење на депонијата, внатре и надвор. До владата поднесовме барање под итно да се...
Поставена е модуларната болница во кругот на охридската болница
Post Views: 246 Поставена е модуларната болница во дворот на охридската Општа болница. Новата болница има површина од 1.000 м2 и 40 легла за пациенти. Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најбрз можен рок спроведоа тендерска постапка и беше избрана фирмата „МН-АС Констракшн“ од Струга, за реализирање на градежните активности. На просторот каде се поставуваат монтажните објекти претходно беше извршен земјен ископ, тампонирање и бетонирање на подлогата. Исто така, се постави водоводна и канализациона мрежа и се спроведоа...
Досегашни фаќачи на крстот донираа вода и заштитни маски
Post Views: 464 Досегашните фаќачи на крстот донираа вода за пиење за ковид центарот во Општа болница и 1000 заштитни маски во три охридски цркви. Со тоа на празникот Водици му даваат и хуманитарна димензија. Митко Топејнчаров е еден од 15-те мина досегашни фаќачи на крстот. Тој имал среќа дури 5 пати на Водици да го фати чесниот крст во езерските води, а кажува дека со останатите фаќачи без размислување се вклучиле во донаторската акција. „Иницијативата на професорот Зоран Тунтев едногласно сите ја прифативме да дадеме кој колку може средства и свој придонес, да ја поттикнеме...
На Водици охриѓани ќе го погледнат дигиталниот Рибарски алманах
Post Views: 301 „Рибарски алманах“ ќе биде прикажан на видео бим на охридскиот плоштад на 19 и 20 јануари за Богојавленските празници. Охридскиот Историски архив и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на архивски материјал од регистар на лиценцирани рибари кои ловеле на Охридското езеро. Со првата дигитална верзија на алманахот се претставени 150 рибари од вкупно 480 регистрирани рибари. Станува збор за единствен архивски материјал од таков вид во нашата земја од периодот 1934 – 1941 година, информира Никола Митровиќ Бабе, в.д директор на Историскиот архив...