Автор: Валентина Неловска
Post Views: 2 Една година државата се обидува да ја спороведе стратегијата за изградба на експресен пат и ски центар во рамките на националниот парк Галичица. Надлежните институции изготвија физибилити студија и неодамна одржаа јавна расправа за изгрдаба на овие проекти. Најгласни, за предвидените проекти на Галичица, се еколозите кои се противат на тоа да се нарушува убавината на националниот парк. На последната јавна расправа по однос на ревидираниот извештај за стратегиска оцена на влијание врз животната средина на предлог измените на Планот за управување со...
Посетителите на НП Галичица да не го користат регионалниот пат Охрид- Отешево
Post Views: 2 Oхридските алпинисти и планинари предупредуваат да не се користи регионалниот пат Охрид- Отешево до Корита кој води низ НП Галичица. Патот е опасен за посетителите иако на влезот има табла дека е прооден до 9 -от км до Корита, посочуваат тие. Напоменуваат дека овој патен правец со 1630 метри надморска височина е највисока точка во земјава. Често се јавува голомразица, ветровите може да ги пренесат снежните маси од една на друга страна и з а час да направат наноси од снег, браниците се дотраени или на места ги нема, а ЈП Македонија пат не го одржува правецот...
Охрид на трето место во државава по висината на метар квадратен за недвижност
Post Views: 0 Во Охрид просечната цена за метар квадратен недвижност изнесува 29.958 денари или околу 480 евра. Ова се податоци на Агенцијата за катастар на недвижности до крајот на септември 2015 година. Со овој просек Охрид се најде на трето место во државава според цената на метар квадратен недвижност. На прво место е Скопје каде просечната цена за метар квадратен површина изнесувала 51.870 денари, или околу 840 евра, а по главниот град следува Битола каде метар квадратен изнесува 31.553 денари или околу 500 евра. На пазарот со недвижности во Охрид најчесто се...
Охридските хотелиери и приватните станоиздавачи без можност електронски да ги пријавуваат гостите во полицијa
Post Views: 1 Охридските хотелиери и приватните станоиздавачи во полиција не може да ги пријавуваат гостите по електронски пат. Со овој пропуст најмногу се засегнати станоиздавачите од поодалечените места на крајбрежјето. Тие скоро секој ден мора да доѓаат до полиција за да ги пријавуваат и одјавуваат гостите кои престојувале во нивните објекти. Професор Габриела Ракичевиќ од ФТУ предлага што псокоро воведување на ваква новина за пријавување на гостите во полиција.„ Некој од Пештани и Трпејца за секој гостин кој ќе му дојде да треба дојде во Охрид да го пријави и да чека...
По празниците ќе се постават светилки на нови улични места
Post Views: 2 На охридските улици привршува замената на живините светилки со новото лед осветлување. Фирмата задолжена за одржување на градското јавно оствелување ги почитува текот и динамиката за замена на старите со нови светилки кој произлегуваат од одредбите од договорот за јавно приватно партнерство за модернизација на градското осветлување, напоменува Љупчо Танески портпролто на Секоторт за комунални дејнсоти при оптштина Охрид.„ Дневно се менуваат повеќе од 100 светилки во различни делови од градот. Се изврши официјално примопредавање на новото осветлување по селските...
На Бадник, охриѓани коледарчињата ги даруваат и со колачиња во вид на гугутки од тесто
Post Views: 6 Коледарите со дрвено чеканче и песната „Сива, сива гулабица“ посетувајќи ги домовите на православните христијани на Бадник го најавуваат Христовото раѓање. Утрово и во домот на охриѓаните Бабачеви коледарчињата ја запеја веселата Божиќна песна. Домаќинката Весе Бабачева при тоа ги даруваше со овошје, бомбони, пари. Иако, во некои од поновите градски населби се поретко ги има коледарите со песна да го најават празникот за среќа тоа не е случај и во Варош. „ Лани и оломнани беше послабо со коледарчиња. Годинава малку повеќе ги имаше, помали и поголеми деца некој...
Преплетените ингеренции за свлечишето кај Св Сава ја одолговлечи неговата поправка
Post Views: 1 Со заеднички сили со Завод и Музеј ќе се санира опасното свлечиште помеѓу некогашното училиште Св. Сава и сегашното Св Климент, најавуваат од општина Охрид. Свлечиштето кое се појави на почетокот од оваа година, е опасно за учениците и минувачите на овој потег од Месокастро и Варош, се одолговчи заради испреплетените ингеренции на општината и Завод и Музеј. Сепак, според најавите на портпаролот на Фондот за комунални дејности Љупчо Танески ан свлечиштето ќе се интервенира на почетокот од 2016 година.„ Проектот е завршен од Завод и музеј и санацијата е влезена...
Во Охрид мал број регистрирани заболени од грип
Post Views: 2 Во охридскиот Центар за јавно здравје се пријавени 15 -тина заболени од грип. Само мината недела биле регистрирани 8 заболени од обврската матичните лекари да пријавуваат грип до 40 недела од годината, информира епидемилогот Др.Јованка Стурлакова Коровешоска.„ Малата бројка на заболени се должи на големиот број вакцини со што има појака колективна имунизација. Оваа година се вакционирани 3000 лица од сезонски грип.Секако и помалото загдување на воздухот за разлика од Скопје, Битола, Тетово и Куманово има влијание на малиот број на заболени од грип“, напоменува...