Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Oхриѓани посакуваат од локалната власт подобро место за живеење во Новата 2016

Post Views: 2 Различни барања имаат охриѓани  за подобар урбан живот.  Порачуваат градските избраници да водат повеќе сметка за изградба на   содржини кои ќе им го направат животот полесен. Граѓаните кои случајно ги анкетиравме побараа од градските избраници во општинскиот совет да го направат Охрид подобро место за живеење  во престојната 2016 година. Посакауваат што поскоро да се изгради дом за стари лица, повеќе игралишта и забавни содржини за  децата, изградба на катна гаража подалеку од езерото, изградба на канализација во Лагадин, подобри улици и патишта  и улици со...

Продолжи со читање

Во Охрид за еден месец регистрирани 100 нови фирми со новиот систем

Post Views: 2  На отворените денови во Централниот регистер  корисниците на нивните услуги најмногу се заинтересирани за прашања поврзани со новиот електронски систем за регистрирање на фирми. Најмногу прашања има за новата форма регистрационен агент адвокат кој се воведува покрај регистрационен агент сметководител, напоменува раководителот на одделението Венко Арнаудов. „Со најновите измени за едношалтерски и трговски друштва  има нова категорија адвокати. Адвокатите ги поднесуваат сега сите видови  на уписи на основање, промена и бришење во електронска форма. За сите уписи...

Продолжи со читање

Туристичките посети и ноќевања во земајва со тренд на раст во периодот јануари-октомври

Post Views: 2 поред податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2015 година изнесува  61 655, а бројот на ноќевањата изнесува 142 503. Што значи дека секој посетител во просек во земјава се задржал 3 дена.  Кај домашните туристи има тренд на намалување  и кај посетите и кај ноќевањата. Но, охрабрува подотокот за зголемен тренд на странските туристи и тоа  за 1,8 посто во посетите и 3,5 посто кај ноќевањата, споредено со минатогодишниот октомври.   За разлика од месец октомври, во периодот јануари-октомври 2015 година, споредено со истиот период...

Продолжи со читање

Во стариот дел на Охрид засветија фенерчињата

Post Views: 6 На охридските улици се враќаат  автентичните фенерчиња за јавно  улично осветлување. Дел од вкупно предвидените 461 фенер  веќе се поставени и светат на повеќе улички во Варош, Месокастро, Кошишта и Канео.  Во рамките на договорот за модернизација на јавното улично осветлување  досега се заменети 260 светилки, информира  Љупчо Танески портпаролот на Одделението за комунални дејности. Тој ја појасни разликата помеѓу  јачината на лед светилката и обичната  светилка.„ Јачината на фенерите е 36 вати од новото лед осветлување кое е еквивалентно на светилките од 150 –...

Продолжи со читање

Урбанистичките планови се кројат според потребите на општинската каса

Post Views: 0 Локалната самоуправа е сериозно посветена кон  донесување на повеќе урбнистички планови. Во последниве две и ол години општина Охрид сработила  33 урабанистички планови  кои се реорден број  во Макеоднија, истакнува секретарот Димитар Спасески. Со несмалено темпо и интензитет продолжуваме на работата на урбанистички планови од 2 причини. Една е граѓаните имаат потреба од решавање на сопствените урбанистички прашања, а следејќи ја ситуацијата во општинатат приходите од комуналиите се значајни за општина Охрид“, рече Спасески.Ова е заеднички интерес и на граѓаните и...

Продолжи со читање

Охридските болници најавија бројни нови здравствени услуги во 2016

Post Views: 0 Директорот на Фондот за здравство Сашо Стефаноски ги слушна развојните планови на петте охридски јавни здравствени установи. Првиот човек на фондот со менаџерските тимови на Општа болница, специјалната болница за трауматологија и ортопедија Св. Еразмо и Кардиолошкиот завод,  договораа  конкретни здрвствени услуги за следната година. Стефаноски напомена дека во болниците ќе се инсистира да се унапредат или воведат нови методи пропратени со соодветна дијагностичка опрема.„Дел од зафатот на буџетот на Фондот за 2016 во дел на  здрвствените услуги и трансферирање на...

Продолжи со читање

Ставен под контрола пожарот на Петринска планина

Post Views: 2 Ставен е под контрола пожарот на Петринска планина. Во огнената стихија, која избувна на сртот на планината, изгоре површина од околу 8 хектари со смрека, габер и тревна вегетација. Пожарот бил пријавен вчера попладне на крајно непристапен терен , без патна мрежа, на тромеѓето меѓу НП Галичица и шумските стопанства на Ресен и Охрид, информира Славчо Голабоски, директор на Национални шуми поддружница Охрид. Во гасење на пожарот биле вклучени вработените кои се опремени со лична заштитна противпожарна опрема и со т.н напртњачи со кои интервенираат на непристапни...

Продолжи со читање

Охридската организација на Црвен крст добитник на највисоката општинска награда Св. Климент Охридски

Post Views: 2 ОО на Црвен крст  е годинешниот добитник на највисокото општинско признание наградата Св.Климент Охридски. Ова највисоко признание оди во рацете на организацијата која 7 децении  ја сочинува тим на ангажирани лица и волонтери како и нивните претходници за несебичното работење,  активности и проекти со кои континуирано го подобруваат животот на многу наши сограѓани, кажа градоначлникот Никола Бакрачески за доделувањето на  наградата Св. Климент Охридски – Патрон на градот. „Акцентот на нивното делување кое во овие турбулентни времиња е раритет свртен кон...

Продолжи со читање