Автор: Валентина Неловска
Post Views: 2 Промовиран коктелот Еден Бисер кој ќе биде автентичен туристички производ на охридско струшката ривиера. Коктелот беше презентиран од Македонската асоцијација на бартендери. Неговата подготовка ја појасни барменот Филип Арнаудов, а го подготвуваше неговиот колега од асоцијацијата на бартендери Дарко Ангелески. Основата на коктелот „Еден Бисер“ е вотка, појасна при тоа Арнаудов. „Овој пат водката е со вкус на ванила, па следува сируп од тропското овошје маракуја. Тоа е овошје кое се става во алкохолни и безалкохолни пијалоци, а го дава вкусот со кој се добива...
Шприцеви со крв расфрлани во близина на градинка
Post Views: 2 Бројни шприцеви со крв и шишиња од лекови расфрлани покрај улица секојдневно ги вознемируваат жителите од населбата Горна Влашкамала во чија непосредна близина се наоѓа центарот за лечење на наркозависници. На расфрланите шприцеви покрај патот реагираат и родителите кои ги носат децата во градинката која е на 20 метри од центрот за лечење на наркозависници.„Покрај центарот за зависници, ама ова не е центар туку собиралиште, гревота и срамота е за подмладокот. На 20 метри има детска градинка каква слика оставаат тие лица и каква иднина ќе очекуваме за нашите...
ОО Црвен крст го одбележа денот за заштита од ХИВ/ Сида
Post Views: 1 На информативен пункт на плоштадот кај чинарот OO на Црвен Крст го одбележа денот за заштита од хив/сида. Волонтерите на организацијата делеа информативен материјал за заштита од ова сексуалнопреносливо заболување. Акциите од овој вид се наменети кон младата популација , напоменуваат волонтерите од охридскиот ЦК.„Најголемата едукација за сексуалните преносливи болести се одржуваат во Црвен крст и во основните и средните училишта. Обрнуваме внимание на децата и младите од 13 до 25 годишна возраст.Волонтерите ги пренесуваат сите превентивни мерки против сексуално...
Охридскиот совет за безбедност во сообраќајот ги слушна потребите на глувите лица за поголема безбедност на улиците
Post Views: 0 Избледени пешачки премини, злоупотреба на паркинг местата обележени за лицата со инвалидитет, како и немање тротоар и неосветлена улица кон хотелот Извиднички се само дел од сообраќајните проблеми кои ги мачат глувите и наглуви лица од Охрид. Сепак тие се задоволни што општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот за прв пат дојде и ги слушна нивните проблеми во сообраќајот.„Проблеми има за пешаците со обележување на патеките, паркирањето и апел до возачите да возат побавно. Тешко е да си пешак, а уште потешко да си глув пешак. Задоволни сме од оваа средба,...
Во Општа болница Охрид врачени 27 решенија за вработување
Post Views: 1 Од 78 волонтери ангажирани со договр на дело во општа болница Охрид денес решенија за трајно вработување добија 27 вработени. Ова е втората група на волонтреи кои по добивањето на решенија за вработување во септември го решаваат работниот статус.Директорот на Општа болница Охрид, Д-р Љубен Арнаудов истакна дека со врачувањето на договорите за вработување докажуваат дека она што го ветуваат и го остваруваат. „ Овие луѓе не беа случајно примени на работа. Имавме потреба од персонал на разни оддели во болницата со волонтерски договори. Сега тие ќе добијат повеќе...
Сојузот на борци од Охрид и Дебрца го одбележаа Авној
Post Views: 2 Сојузот на борците и титоистите од Охрид и Дебрца традиционално го одбележаа 29-ти Ноември историскиот датум од НОБ. За второто заседание на АВНОЈ одржано во Јајце на 29 и 30 ноември 1943 година и значајните историски одлуки посебно за македонскиот народ потсети историчарот професор Наце Иваноски. Со неколку одлуки Македонија за прв пат беше призната за рамноправна членка на федерацијата како држава, нацијата беше рамноправна со другите нации. На ова заседание беше призната и народноослободителната војска формирана на 18 август 1943 на Славеј. Уште една поважна...
Стопанската Комора за Туризам усвои нова Стратегија
Post Views: 1 Стопанска Комора за Туризам на Македонија ја усвои новата Стратегија за развој за периодот од 2015-2018. Целта е да се усогласат чекорите со новите растечки трендови на развој на македонскиот туризам. Се очекува, со имплементацијата на Стратегијата, да се влијае на јакнењето на капацитетите на националната и локалната инфраструктура, составена од сите релевантни чинители и да се придонесе за поврзување на институциите неопходни за развој на туризмот во Република Македонија. Во пресрет на зимската туристичка сезона, Стопанската комора за туризам апелира до...
Проектот на социјалдемократскиот сојуз „Визија за Македонија“ претставен пред охриѓани
Post Views: 2 Остварена интерактивна средба на охриѓани со проектот на социјалдемократите „Визија за Македонија“. Александар Кузески портпаролот на ОО СДСМ е задоволен од средбите со охриѓани на првиот ден од спроведување на нивниот проект. „ Одзивот е добар на граѓаните. Пријатно сме изненадени сите процеси придонесуваат луѓето да дојдат да се охрабрат и да ги запишат своите идеи. Ги повикуваме да се приклучат и да ги дадат своите предлози“, вели Кузески. Бројни се предлозите кои ги даваат охриѓани во насока на подобар живот на граѓаните. Проектот за прибирање на позитивни...