Автор: Валентина Неловска
Post Views: 3 Националните комисии за Унеско на Македонија и Албанија одржаа работен состанок во Охрид. На работната средба учествуваа Министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, воедно и претседателки на Националните Комисии на Унеско. Присутни беа и министрите за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и Бленди Клоси, неговиот Албански колега министер за туризам и животна средина. Министерката Стефоска, е оптимист дека сеуште има надеж за спас на Охридскиот регион за да не се стави на листата на загрозени подрачја под Унеско. Стефоска...
Двојки, тројки и четворки за охридските основни училишта
Post Views: 3 Музичкото основно училиште Методи Патче е меѓу 8 -те најдобри училишта во земјава. Ова е оценката од извештајот на интегралната евалуација за 2015 која Државниот просветен инспекторат ја прави во училиштата на секои три години. Просветните инспектори ја скенираат работата на училиштата во повеќе сегменти според кои училиштата ги добиваат оценките. Инспекторите го оценуваат менаџирањето на училиштето, постигнатиот успех на учениците, условите за работа, реализацијата на наставните програми и планови, климата за работа, меѓучовечките односи. Досега со најдобра...
Избрана фирма за прскање против комарци во Охрид
Post Views: 2 Во општина Охрид ќе се прска против комарци од утре, доколку дозволат временските услови. Конечно, на објавениот тендер по трет пат е избрана фирма за прскање против комарци. За терестријално прскање против овие инсекти е избрана кавадаречката фирма „Лиза ком“, информира Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид. „Деновиве ќе се изврши дезинсекција и дератизација во две фази. Првата фаза е со ларвицидна дезинсекција и дератизација, а втората фаза е во тек на јули, дезинсекција против комарци, а деритизација на крај од септември или октомври.“ Оваа компанија на...
Мал број од охридските училишта го посетиле Златото на Лихнитида
Post Views: 3 Само четвороодделенците и петоодделенците од неколку основни охридски училишта досега организирано ја посетиле Златната соба во Музејот на Робевци. Во помал број ја посетиле учениците од историските секции во вишите одделенија, додека за поголема органзирана посетеност на ниво на училишта кои ја виделе Златната соба не станува збор. Затоа пак во наставните програми училиштата имаат организирани посети на музеи во главниот град. Од училиштата кои ТВМ ги контактираше повеќето планираат да ја посетат домашната Златна соба организирано според наставните...
Калфите ќе се вратат во дуќаните се чека новиот закон за занаетчиска дејност
Post Views: 2 Очите на занаетчиите се вперени во новиот закон за занаетчиска дејности и негово што поскоро донесување. Новиот закон за занаетчии е во собраниска процедура па се очекува пратениците да дадат зелено светло за негова примена. Враќањето на калфите во дуќаните е една од најголемите придобивки на занаетчиите со новиот закон, вели Сашо Богоески претседател на регионалната комора на занаетчии и еден од иницијаторите за оваа потреба кои ја бараа со години.„Секој занаетчија ќе може да има право на калфа и ќе може да го чува една година. При тоа ќе има право на...
Запуштена ограда опасна за сообраќајот на влезот во населбата Христо Узунов
Post Views: 3 Влезот во населбата Христо Узунов нема прегледност и сообраќајот станува ризичен. Причина е запуштена ограда која ја попречува прегледноста на улицата Даме Груев и нејзиниот крак кој води во населбата. Во многу случаи во последен момент се избегнуваат сообраќајни несреќи, се жалат жителите кои имале непријатности и стресни ситуации на овој пресек. Ванчо Бочвароски, претседател на урбаната заедница Даме Груев за ТВМ потврди дека овој потег за жителите од УЗ е сериозен сообраќаен проблем. Бочвароски напоменува дека уште во септември минатата година од фондот за...
Нов режим на сообраќај во центарот со оформувањето на кружниот тек
Post Views: 4 Од 1-ви ноември стапува во сила нов режим за сообраќај на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Македонски просветители“.Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид информираат дека со новиот режим на сообраќај семафорскиот систем ќе биде исклучен и моторниот сообраќај ќе се одвива по новиот кружен тек. Граѓаните за пешачки сообраќај нема да можат да ги користат постојните пешачки премини туку ќе треба да ги користат новите пешачки премини кои соодветно ќе бидат обележани.„ Во моментов има соодветна хоризонтална и...
Се санира потпорниот ѕид над музејот Робевци
Post Views: 2 Започна да се санира срушениот ѕид од северната страна на музејскиот комплекс Робевци. Од охридскиот Завод и музеј изработиле проект и спровеле геомеханичко истражување на просторот. Тоа овозможува да се изведува новиот потпорен ѕид кој ќе биде заштита на карпата и објектите изградени на горното плато од музејскиот двор, информира директорот на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска.„ Тој ѕид ќе биде целосно реконструиран, обложен со камен и ќе ја заштити карпата од понатамошни оштетувања и музејскиот двор од комплексот Робевци ќе го добие конечно ликот“,...