Автор: Валентина Неловска
Post Views: 4 Годинава 800 купувачи склучиле договор за купување на огревно дрво со Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. На 10 тина дена од почеток на грејната сезона, динамиката на испорката тече нормално, а списоците на пензионерите со договорите за купување на огревно дрво се доставени до Македонски шуми, и тие ја вршат испораката, информира Ѓорѓи Трпчески претседател на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Додава дека има одредени проблеми , но при средбата со првите луѓе од претпријатието добиле уверување дека договорите наскоро ќе се реализираат. „...
Мал интересот за вакцинирање против ковид-19 кај охриѓани
Post Views: 2 Драстично опаѓа интересот за имунизација против ковид 19 кај охриѓани. Според податоците на Министерството за здравство Охрид до октомври минатата година, имаше 67 проценти имунизирани граѓани, а сега интересот е намален, информира д-р Соња Мариноска, раководителка на вакциналниот пункт при Здравствен дом Охрид. Д-р Мариноска укажува дека граѓани почесто покажуваат интерес за да примат трета доза во однос на лицата кои сакаат да бидат за прв пат имунизирани.Најзаинтересирани за вакцинација се повозрасните граѓани. Оние кои се со хронични болести во однос на...
„Охридски бисерен рај Ленче“ уреден во етно стил
Post Views: 4 Во населбата Рача има нова туристичка понуда етно апартманот Охридски бисерен рај . Сопственичка на етно апартманот е Ленче Шиковска Башоска која создавала со ѓерѓеф во рацете најразлични рачни изработки од најрана возраст. Нејзин дамнешен сон бил изработките да ги презентира во јавност. Со сопствени средства, сама, со многу труд и мака успеала да го изгради етно апартманот „Охридски бисерен рај Ленче“ од каде се протега прекрасен видик кон градот и езерото. Внатрешниот ентериер на апартманот го уредила во етно стил со нејзините изработки, украсни декоративни...
Црковниот одбор и месната заедница од Велгошти бараат решавање на проблемот со селските гробишта
Post Views: 2 Проширувањето на селските гробишта за велгоштани има итен приоритет во решавање на комуналните проблеми во населбата. Овој проблем веќе долго време ги мачи жителите бидејќи постоечките селски гробишта се веќе исполнети. Месната заедница и Црковниот одбор од Велгoшти наскоро ќе бараат средба со градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на ЈП „Градски гробишта“ Зоран Симоноски, вели за ТВМ Јоне Лиотоски член на селскиот Црковен одбор. „ Истите да ни излезат во пресрет овој сериозен проблем да го решиме во интерс на жителите на Велгошти. Прво ќе бараме да...
Шипинкароски ветува решавање на проблемот со водоснабдувањето во струшкиот регион
Post Views: 2 Димче Шипинкароски, кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на СДСМ и коалицијата, напоменува дека во изборната програма има бројни проекти со кои ја бара довербата на гласачите. За него е приоритет решавањето на проблемот со водоснабдувањето за жителите почнувајќи од Струга па се до Радожда, Јабланица, Малесија, Долен Дримкол.Навистина е незамисливо во 21 век да немаме квалитетна вода за пиење и постојан довод на вода. Тоа би бил прв и основен проект. Втор проект е реконструкцијата на градскиот пазар, кој го бараат граѓаните, согласно стандардите...
Од ОО на СДСМ укажуваат на лошата инфраструктура во населбата Видобишта
Post Views: 3 Населбата Видобишта , на само неколку километри од центарот на Охрид, се уште нема асфалтирана улица. Над 1.000 жители од ова место, над 250 семејства немаат достоен пристап до своите домови, посочуваат охридските социјал демократи. „Улиците „Момчилo Јорданоски “ и „ Сирма Војвода“ во лето се полни со прашина, а во есен и зима со кал. Погледнете, во 21 век, во Охрид нема асфалтирани улици, па жителите од оваа населба особено во врнежливи денови едвај стасуваат до своите домови, вели портпаролот на ОО СДСМ Александар Кузески. Додава дека за граѓаните кои живеат...
Детското паркче кај каналот Студенчишта ќе се проширува
Post Views: 4 Дислоциран забавниот детски парк кај мостот. Од ЛС најавуваат градежни зафати со кој паркот ќе се проширува и обновува со модерни играчи , клупи и хортикултурно зеленило. Новото детско катче ќе се протега на 397 м квадратни, а неговите граници ќе се прошират на просторот на кој порано беше поставен времен угостителски објекти, информира секретарот на општината Димитар Спасески. Реквизитите кои пак досега се користеа во овој парк ќе бидат пренаменти. „ Во моментов интензивно се одвиваат градежните работи. Од она што е договорено старите играчки ќе бидат дадени...
Економски нерентабилни типизираните сувенирници во Охрид
Post Views: 3 Празни и напуштени се типизираните сувенирници во Охрид кои ги постави Министерството за култура пред неколку години. Објектите се покажаа како економски неодржливи иако се поставени во централното градско подрачје во Охрид и Вевчани за продажба на сувенири, информира Мишко Тутуткоски, директорот на НУ Завод и Музеј. „Прометот кој се заработувал за да се платат луѓето кои рабоат во нив бил исклучително на ниско ниво во сите нив, во изминатите години. Буквално ги имаме оставено и не ги работиме. Разговаравме на оваа тема со градоначалникот на Охрид со кој...