Автор: Валентина Неловска
Post Views: 171 Едрличарската школа Снегар од Струга ќе започне со уписи за обука на едриличари. Кандидатите на возраст од 6 до 15 години ќе ги совладуваат едриличарските техники за класата оптимист, а над 15 години за класите Ласер, Европа, Фин, Едрење на даска и јахтинг. Тренери ќе бидат врвни струшки едриличари. Првично ќе ги научат техниките на едрење и правилата, моделарството и психолошки вежби, вели Ердал Љушо инструкторот од ЕК Снегар. Теоретското знаење ќе биде поткрепено и со практични показни вештини. „Ќе има клубска регата. Додека трае школата на секој две недели ќе...
Охридската општа болница ќе се подновува со современа медицинска апаратура
Post Views: 196 ЈЗУ Општа болница Охрид ќе ја подновува старата медицинска апаратура. Во тек е тендер за набавка на апарат за ласерско кршење на камења во бубрезите. Современиот апарат чини околку 220.000 евра. Ќе има примена за хируршко лекување на пациентите, информира д-р Горан Балевски, директор на општа болница. „Тоа е комплетен столб со 4К за ендоскопски, лапараскопски и за ласер хирургија кој ќе може да се користи на повеќе одделенија, хирургија и гинекологија. Но, акцент е сепак на уролошкото одделение за да може да се работи бидејќи досега луѓето одеа на лекување во приватни...
Амбасадорката Алтхаузер ја посети општина Струга
Post Views: 170 Во работна посета на општина Струга денес беше германската амбасадорка Кристине Алтхаузер. Таа се сретна со вршителот на должност градоначалник Мустафа Забзун. Повод беше проектот на германската амбасада во детската градинка „Сонце“. „Почитуваната амбасадорка учествува во еден проект на детската градинка во Струга од пред една година. Опремувањето на една просторија во детската градинка заврши успешно. Проектот е завршен и денес се дојдени да го финализираме тоа. Разговаравме за општи теми и за ситуацијата во Република Македонија“, рече Забзун. За жал, во Струга...
Граѓаните од двата крајезерски града ќе почекаат да пливаат во затворените градски базени
Post Views: 206 Споро се одвива изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид и реконструкцијата на струшкиот. Срaботени се само 45 одсто од надворешниот дел на градежните работи на охридскиот објект, и на струшкиот се изведени само ископи на долниот дел од базенот, информира Наумче Мојсоски , директор на Агенцијата за млади и спорт, кој од пред два месеци е на оваа фукција. Мојсоски кажува дека со досегашниот изведувач на охридскиот базен е склучен нов договор, на истиот износ од претходниот тендер од 299 милиони денари, а клуч на рака треба да добијат на 31 декември 2021....
Охриѓани засега не возат електрични возила, а многу малку возат и хибридни автомобили
Post Views: 286 Во Охрид досега нема регистиран нити еден електричен автомобил. Регистрирани се само хибридни возила и тоа во многу мал број, едвај само десетина возила, информираат од охридското Автомото Здружение за технички преглед. Охриѓани засега не возат електрични автомобили ама покажуваат интерес за купување, вели Снежана Митреска менаџер од Автосланот „Инсаид ауто“ . Информира дека електричните автомобили досега ги немало во автосалоните во земјава, а на пазарот можеле да се купат само хибридни возила. Од оваа година автосалоните може да увезуваат и да продаваат и електрични...
Матичните лекари денес добија препораки како да се користи лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид 19
Post Views: 388 Охридските матични лекари утрово добија препораки за употреба на лекот Ивермектин. Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО. Согласно решението на МАЛМЕД, лекот се издава исклучиво на рецепт и чини 300 денари. Препораките за начинот на употреба и дозирање на лекот кај пациенти со Ковид се обезбедени од стручен колегиум на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и Ковид центрите на интернистички блок, информира д-р Љупчо Костески претседател на Здружението на Приватни матични лекари од Охрид. Напоменува дека оваа...
Статусот на Унеско за регионов е важен за развојот на туризмот
Post Views: 209 Да се зачува Охридскиот регион на листата на Светско културно и природно наследство е од голема важност за развојот на туризмот, вели Андон Бојаџи од НП Галичица. Верува дека државата ќе добие поддршка од граѓаните и институциите за да се справи со проблемите за да се зачува Статусот на културно и природно наследство на Унеско. Позитивни сигнали доаѓаат од Министерството за култура. Ресорната министерка најави дека во Охрид, Струга и Дебрца веќе нема да се гради без нивно одобрение и консултација. Бојаџи смета дека треба да се регулираат работите и постапувањата...
Откажано одржувањeто на двата поголеми карневали во регионов во Вевчани и Куратица
Post Views: 254 На 13 и 14 јануари нема да се одржи Василичарскиот Вевчански карневал. Перо Пешинкоски, од организациониот одбор на Долна маала од Вевчани, информира дека ова е заедничка одлука на нивните два одбори од Василичарските друштва Горно и Долно маало, донесена во интерес на здравјето на граѓаните и почитување на пропишаниет мерки за безбедност од пандемијата со Ковид 19. „Секој е свесен дека не треба ништо да има. Имавме заеднички состанок со Горна Маала и со МВР. Потврдено е дека нема ништо да има. Дали тоа ќе го почитуваат граѓаните останува на нивна вина. Од наша...
Обилните врнежи од дожд предизвикаа проблеми во делови од Охрид
Post Views: 226 Обилните дождови на одредени делови во Охрид предизвика проблеми. Граѓани јавуваа за поплавени имоти и подрумски простории, улици и земјоделски површини во населбите Далјан, Туристичка, Железничка, Лескајца и на улиците Марко Цепенков и Кленоец. Данчо Нически жител на улицата Железничка, се пожали дека реката Сушица му поплавила земјоделски површини со насадени градинарски пластеници. „Поради неисправност на каналицијата за атмсоферска вода кај мостот се полни цевката со вода од реката. Кај што е пониско преку канализацијата се вливаат водите во нивите. Не е прв...
Оџаците во станбените згради создаваат кавги меѓу соседите
Post Views: 296 Зимската грејна сезона им носи проблеми на соседите во станбените згради. Чести се појавите на чад во соседните станови заради проблеми со чадоводните канали во зградите или пожари, информира инспекторот Сашо Тодоровски, од Дирекцијата за заштита и спасување. Од дирекцијата која е задолжена и за надзор на заштитата од пожари како причини за ваквите појави ги наведуваат не исчистените оџаци, оштетените чадоводни канали од земјотреси или лошата градежна изведба. Споровите помеѓу станарите често завршуваат и на суд, вели инспекторот Тодоровски. „Пред да почне употребата...
Усвоена програмата за зимско одржување на улици и патишта
Post Views: 228 Донесена е оперативна програма за организирано зимското одржување на улиците и патишта во општина Охрид. Улиците и патиштата ќе бидат поделени во 4 групи за одржување од снежни наноси. Службите ќе делуваат во координација со Комуналниот фонд, Јавните претпријатија и СВР Охрид, информира општинскиот портпарол. „Одржувањето со механизација ќе е на ЈП Охридски Комуналец. Доколку има потреба ќе бидат ангажирани возила и механизација од другите ЈП. Имаме склучено договор со фирма која ќе работи на расчистување на канали, свлечишта и одрони во зимски услови и ако има...
Охрид остана празен и за зимските празници, надежите се свртени кон пролетните месеци
Post Views: 230 Во празничните денови од годината затишје на охридското крајбрежје. Празни или полупразни останаа голем број од охридските сместувачки капацитети. Ретки се похрабрите гости од дома и странство кои допатуваа на неколку дневен престој во Охрид во овој период од годината. Останаа под клуч голем дел од хотелите на охридското крајбрежје, имаа гости само многу мал број од нив. Многу полошо поминаа издавачите на приватно сместување од мал обем, информира Александар Момироски за состојбите во овој сектор. „Сместувачките капцитети останаа празни,а дел се полупразни. Сликата...