Автор: Валентина Неловска
Post Views: 49Јавните претпријатија и Локалната самоуправа тонат во финансиски загуби. Тие се соочуваат со тешкотии за исплата на тековни трошоци и за исплата на плати за вработените како резултат на работата на претходните раководства и на превработеност.Енергетската криза, ценовните шокови со енергенсите и новата минимална плата само ќе ја влошат состојбата на претпријатијата. Сашо Донев, претседателот на Советот, упати критика на сметка на Владата затоа што во последниот пакет антикризни мерки нема помош за општините. Сега со минималната плата и со новата цена на електричната енергија...
Јавните транспортери бараат повисока цена
Post Views: 69Секојдневното зголемување на цените на нафтените деривати ги принуди охридските превозници во јавниот транспорт да бараат зголемување на цената на превозот. Превозниците и такси компаниите за да можат да функционираат бараат од Градскиот совет покачување на цената на билетите во општинскиот линиски превоз и стартната цена на такси превозот.Во линискиот превоз имаше зголемување на цената пред околу еден месец. Цената на билетот беше покачена за 10 денари, а по вчерашниот пораст на горивата превозниците бараат од Советот на град Охрид ново поскапување на билетите за уште 10...
Загрозена шумата на охридското Кале
Post Views: 69Шумата на охридското Кале е во опасност од бршленот, јавуваат загрижени граѓани. Посочуваат на загрозеност на „белите дробови“ на градот во делот на Самоилова тврдина, Дебој, Канео и Лабино.Загрижени се за иглолисните дрвја да не почнат да се сушат од бршленовиот повит. Рекреативците кои секојдневно пешачат по патеките кои водат низ Калето кажуваат дека се почесто забележуваат исушени стебла, како што ја нарекуваат, нивна „патека на животот“. Повикуваат надлежните да ја исчистат шумата од бршленот и да го спасат урбаното шумско зеленило.Проф. д-р Јане Ацевски,...
Никнуваат дивоградби во НП Галичица
Post Views: 73Изградбата на дивоградби продолжува во Националниот Парк „Галичица“, а надлежните институции толерантни кон бесправните градби изградени во Националниот парк.Бесправно се градело во најатрактивните делови на крајбрежјето како што се населбите Трпејца, Пештани, Велестово, Коњско, Рамне и Љубаништа. Се граделе нелегални објекти во зоната за одржливо користење, но и во строго заштитената зона на паркот.Од НП Галичица напоменуваат дека се градело и на узурпирано државно земјиште. Оваа национална установа пријавила дванаесет дивоградби во 2021 година и во двата месеци од оваа...
Охриѓани исполнаа новогодишни детски желби
Post Views: 96Во Охрид се прават бројни хумани акции за да има насмевка на секое детско лице. Новогодишните и Божиќните празници се време за дарување и исполнување на новогодишни желби. Во тој дух разнобојни пакетчиња, украсени со црвени панделки чекаат да израдуваат 60-тина дечиња кои оставија лампиони со нивните желби на „Волшебната елка“ од Црвен крст. Лампионите со новогодишни желби беа реализирани за само неколку дена. Охриѓани несебично ги исполнија специфичните детски желби од семејствата во социјален ризик и од здружението „Тајните на моето срце“. На овој начин децата ќе се...
Охрид ќе добие Центар за стари лица
Post Views: 85Наскоро охриѓани ќе добијат Центар за нега на стари и лица со посебни потреби. Има голема побарувачка за нега во домашни услови за овие наши сограѓани, а општинската организација на Црвен крст организира стручна обука за негуватели кои може да ги понуди според потребите, информира Сашо Точков, претседател на ОО ЦК. Досега се направени две обуки со лица кои се стекнале со меѓународен сертификат верифициран од Министерството за образование и кои може да се вклучат во функционирањето на центарот. Имаме 14 негуватели да пружат услуги. Се надеваме според пријавите досега дека ќе...
Пасивни охридските урбани заедници
Post Views: 80Поголем број охридски урбани заедници се без месни одбори. Граѓаните се пасивни кога станува збор за организирано учество во месната самоуправа. Во период од годината кога се крои општинскиот буџет според граѓанските потреби во моментов нема организирана форма преку која жителите од УЗ ќе ги пренесуваат приоритетните барања до Локалната самоуправа за да се решат нивните потреби.Ванчо Огненов, од граѓанското здружение „Чекоштина урбан“, поаѓајќи од нивното досегашно искуство ги појаснува причините за пасивноста на граѓаните во урбаните заедници. Напоменува дека со децении...
Матичните лекари од Охрид се приклучуваат кон барањата на еснафот
Post Views: 68 Охридските лекари од примарното здрвство се приклучуваат кон протестите на еснафот во државата.Доктор Љупчо Костоски, претседателот на приватните матични лекари од Охрид напомeнува дека неговите колеги ќе работат со итните пациенти. Нашата хумана професија не ни дозволува да запреме со работа, но тоа не значи дека не треба да се почне процесот за решавање на проблемите во примарото здравство – изјави за ТВМ д-р Костоски.Здравствените власти треба да го слушнат гласот на матичните лекари и да го спречат затворањето на амбулантите, бараат македонските...







