Автор: Валентина Неловска
Post Views: 3 Од одделението за јавни набавки при локалната самоуправа побаравме одговор зошто пропаѓаат тендерите за значајни проекти кои ги распишуваат, а се од голема важност за граѓаните. Пет пати се распишуваше тендер за изградба на градски автобуски постојки, неколку пати мината година се распишуваше тендер за асфалтирање на ударните дупки низ улиците, два пати се повторуваше тендерот за изработка на сообраќајната студија. Тендерите не пропаѓаат туку се поништуваат, укажуваат на разликата од одделнието за Комунален развој. Напоменуваат дека тендерските постапки се...
МПЦ не ги открива плановите што ќе прави со просторот каде што се сместени веслачите од ВК ЈУГ
Post Views: 3 Како што ТВМ информираше веслачкиот клуб Југ може да ги загуби просториите и спортската опрема по загубен судкси спор со МПЦ. Клубот нема пари да ги исплати судските и адвокатските трошоци во висина од 450.000 денари, па утре има решение извршителите да дојдат и да го преземат клубот, напоменува претседателот и тренерот на веслачкиот клуб Климе Матилоски. Од МПЦ побаравме одговор што ќе се случува со просториите каде што повеќе од 8 децении работеше и постигнуваше успеси еден од најстарите градски спортски клубови. Од Кичевско – дебарската епархија...
Охридскиот веслачки клуб Југ по 8 децении деновиве може да згасне
Post Views: 10 Веслачите од охридскиот клуб од државниот натпревар кој вчера се одржа на Дебарското езеро се вратија со 8 први места во севкупна конкуренција. Меѓу најдобрите охридски веслачи од овој клуб се Ана Димоска и Петар Павлоски кои освоија први места во скиф и дубл скул. Димоска и Павлоски, надежните веслачи тренират повеќе од три години во клубот и се вљубеници во овој спорт.Успехот најдобар државен клуб се поматува со можноста најстариот веслачки клуб Југ да згасне. Веслачите да бидат иселениод хангарот каде што се сместени повеќе од 8 децении и да ги загубат...
Низ улиците на Охрид до Пештани продефилираа триесеттина ретки возила
Post Views: 10 Опел Олимпија од 1952 година со охридски регистарски таблички беше најстарото возило на Ревијaлната изложба на стари автомобили – „олдтајмери“ Охрид 2015. Дождот кој денес напладне паѓаше во Охрид не ги попречи триесетината сопственци на ретки стари автомобили да се провозат од Охрид до Пештани. Љубителите на раритетните автомобили кои многу внимателно се грижат за своите миленици на четири тркала гордо ги изложија возилата на градскиот кеј. Александар Димушевски организаторот на ревијата на олдтајмери Охрид 2015 цврсто верува дека ова ќе стане традиција во...
Гастрономска понуда на сирење и вино од регионот за посетителите во Охрид
Post Views: 4 Кравјо, козјо и овчо сирење, урда, изварок, но и црно и бело автохтоно вино како и други производи од охридско можат да се вкусат на дводневниот фестивал „Вино и сирење“ што се одржува во Охрид. Од синоќа, вкусното сирење залеано со прекрасно домашно вино ги разбуди гастрономските сетила на посетителите на фестивалот. Покрај вино и сирење, можеа да се вкусат и мед, зеленчук и овошје, но и карактеристичниот специјалитет за ова поднебје- ѓомлезето. Од фестивалот „Вино и сирење“ задоволни се и продавачите и посетителите. Охриѓани и гостите кои престојуваат на...
Изградба на патека на приодoт кон Извидничкиот центар, бараат камперите
Post Views: 2 Скопјанката Јаворка Стевановиќ Димоска е гостинка која со години доаѓа во кампот Извиднички на Охридското езеро. Раскажува дека два месеци во годината со семејството поминуваат на крајбрежјето. Вели задоволни се од близината на кампот до градот и од убавината на езерото. Главна забелешка и она што им пречи на камперите од Извиднички е приодот кон кампот. Taa напоменува дека во најскоро време приодот треба да се направи. „Би било убаво да се направи една патека капините да се расчистат.Тие се чистат секоја пролет,но капината се шири. Во август не може да се...
Поп пејачот Боби Мојсовски ќе одржи концерт во Охрид
Post Views: 2 Боби Мојсоски, утрвечер ќе одржи солистички концерт на градскиот плоштад во Охрид. Концертот ќе има хуманитарен карактер. Средтсвата од неговото прво солистичко претставување ќе бидат наменети и донирани за лекување на охриѓанецот Марјан Вељаноски. Младиот поп пејач Мојсоски која ја доби поддршката од публикатат и го освои второто место на Регионалното музичко шоу „Х-фактор–Адриа“, за оваа негова одлука концертот да добие хумана димензија вели дека дошла случајно. „ Така испадна размислувајќи си реков зошто да не направам хуманитарен концерт за да не му...
Пештани и Велгошти имаат потреба од гробни места
Post Views: 8 Пештанци и велгоштани имаат заеднички проблем, двете месни заедници се соочуваат со недостиг на гробни места. Во Пештани овој проблем влече корени веќе подолго време. Жителите досега одржале 4 граѓански собири и на сите како проблем број еден го истакнале недостокот на гробни места, укажува Драган Тренески претседател на МЗ од Пештани.„ Овој проблем е дефиниран и тоа решавање мора да биде веднаш и сега. Станува збор за многу горлив проблем. Има голем недостаток на гробни места и во консултација со Црковниот одбор не постои ни една слободна парцела“,...