Автор: Валентина Неловска
Post Views: 2 „ Figurae veneris historiae“ е претствата со која вечерва се завршува 55-то издание на Охридско лето. Претставата ја донесуваат словенечките актери од Драма Љубљана на текст од македонскиот драмски писател Горан Стефаноски. Тема на текстот е Првата светска војна, каде што акцент во тој пеколен казан е ставен на потрагата по љубов, копнеж за топлина, нежен допир и човечки збор, напоменува авторот Стефаноски. Тој потсетува на опсесивната тема кај Шекспир за невзоможноста на љубовта во светот на политиката.„ Не може да се сакаат луѓето кога има многу историја...
Позитивни одгласи за Охридско лето кое го задржа препознатливиот квалитет
Post Views: 2 Со над 25.000 посетители и голем број музичари и уметници кои гостуваа од над 15 земји од светот се заокружува годинешното 55 јубилејно издание на Охридско лето. Во 40-те фестивалски денови се славеа 29 музики настани, 13 театарски престави и 10 настани од другите уметности, кажа при сумирањето на резултатите од фестивалската програма, директорката Елизабета Јанкулоска. „ Не изнендува и радува што имавме публика од сите возрасти. Имавме поврзување и со туризмот, имавме туристички групи кои ги посетија настаните. Горди сме како тим што успеваме на секоја...
Голем интерес за настапот на виолинистот Максим Венгеров на Охридско лето
Post Views: 3 Карта повеќе се бара за музичкиот настап на виолинистот Максим Венгеров кој гостува вечерва на Охридско лето. Станува збор за еден од современите музички феномени на денешницата кој е дел од Програмата на Фестивалот Охридско лето,кажа музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска. „ Задоволство е наше овој голем уметник за прв пат доаѓа во Охрид. Постарите ја знаат приказната и ја пренесуваат на помладите. Со програмата Максим Венгеров во 2001 година беше вклучен во Фестивалот Охридско лето, но заради објективни причини настапот не се одржа во Охрид...
Охридските советници со различни искуства од брзината и содржината на прашањата побарани по писмен пат
Post Views: 1 Советникот од ВМРО НП, Александар Калачоски, на 8 јули на последната седница на советот на општина Охрид, побарал од Советот писмен одговор за проблем од голема важност за велгоштани. Прашал дали Локалната самоуправа и Јавното претпријатие „Градски гробишта“ во Велгошти имаат законска можност и волја да ја дозавршат или изградат капелата во црквата Св. Климент во согласност со црковниот одбор. Рокот на доставување одговор според деловникот е 30 дена, а Калачоски одговорот го добил на 11 август. Вели нема проблем со роковите, но има со содржината во ...
Охрид нуди можности за развој на манастирскиот туризам
Post Views: 2 Се попривлечно место за одмор станува манастирскиот комплекс Св. Спас во близина на охридското село Лакочереј. Новоизградениот комплекс е осветен само пред неколку месеци. Конаците се во дворот на црквата Св Спас која според некои податоци датира од 14 век. Опкружени се со прекрасна шума и убаво среден двор, а на располагање се 7 луксузно опремени апартмани, сала за состаноци и современо опремена трпезарија и кујна за органзирање на разни свечености за стотина луѓе. Иако конаците се релативно нови, посетителите се повеќе се интересираат за престој во оваа...
Сликарот од Канада, Мајкл Клосе личната архива ја предаде на охридскиот архив
Post Views: 3 Мајкл Клосе, светски познатиот ликовен уметник од Канада , со македонско потекло, личната архива поврзана со неговото сликарско творештво ја донира во охридскиот архив. Станува збор за негова лична документација од изминативе 4 децении творештво и содржи слајдови од неговите слики, дневници кои ги пишувал во изминатите години, исечоци од весници, преписки од организирање на изложби. Мајкл вели долго размислувал и одлучил дека најдобро место е неговата лична архива да биде донесена во Охрид.„ Прво едно поголемо мое излегување како сликар, надвор од границите...
Семејното насилство во Охрид алармантно
Post Views: 2 Алармантна станува појавата на семејно насилство меѓу охриѓани. За само 6 месеци од почетокот на оваа година се пријавени 70 случаи на семејно насилство, информираат од охридскиот Центар за социјална работа. Ајтен Мусли, директорката на центарот, вели дека секојдневно пристигнуваат пријави од полицијата по кои постапуваат социјалните работници. Насилство се случува без разлика на социјалниот статус. „Нема врска кој се пријавува насилство, доктори, адвокати, кој се пријавува е чудо невидено. Интелектуалци, не е класа со пониско обрзование или без доход,...
Премиерата Кирил и Методиј , Who are you?! ќе се изведува на Охридско лето
Post Views: 4 Најновото дело на Јордан Плевнеш претставата „Кирил и Методиј , Who are you?!“ ќе се прикажува премиерно на Охридско лето. Станува збор за претстава која треба да одговори на прашањето кои се браќата Кирил и Методиј. Претставата започнува со мистериозна средба помеѓу бизнисмен и агент, експерт за Кирил и Методиј, кој треба да изработи документарец со одговор на многу прашања. Текстот на претставата „ Кирил и Методиј , Who are you?! “ е на најпознатиот македонски драматург кој започнал да го пишува пред 20 години во Њујорк. Плевнеш вели дека пишувањето на ...