Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охридскиот совет за Безбедност ја донесе годишната програма за работа

Post Views: 5 Најавени проекти и цели со кои ќе се  подига безбедноста и културата на сите учесници во сообраќајот во Охрид,  на првата конститутивна седница на Советот за Безбедност во нов состав. За таа цел ќе соработуваат со  сите институции со СВР Охрид, со ОО Црвен крст, пензионерските здруженија, предшколски установи и општинските образовни инстиуции,  за да се влијае врз безбедноста во сообраќајот, кажа претседателот на општинскиот совет за безбедност Стефан Димоски.   „ Основната интенција на општинскиот совет е со сите сили да се вложи во што поголема безбедност на...

Продолжи со читање

Пештанци за да градат го чекаат ДУП-от за нивната населба

Post Views: 2 Скоро три години пештанци  чекаат на донесување на Деталниот урбанистички план за нивната населба. Пештани е урбанизирана населба од 1958 година и засега инфраструктурните и градежните зафати се прават по стариот план, велат жителите. Сметаат дека новиот детален урбанистички план  е од суштинско значење. Со него  ќе им ги олесни моменталните наталожени  урбанистички  проблеми, вели претседателот на месната заедница од Пештани, Драган Тренески. Некои луѓе чекаат на изградба на приватни станбени објекти, за решавање на меѓусебните спорови со цел  да се има појасна...

Продолжи со читање

Градоначалникот ќе испитува како се вработува во охридските ЈП

Post Views: 3 Дејан Блажески, советник од ЛДП укажува на една појава во охридските јавни претпријатија , во која раководителите праќале  вработени на 70 % ,а на нивно место ангажирале подобни работници. „ Знае ли градоначланикот колку работници од охридксите ЈП  раководителите испратиле, условно кажано, неподобни луѓе на 70 посто,  а истовремено ангажираат други луѓе. Кoристејќи ги прaвните лавиринти дека им требаат друг кадар на моменти прават несовесни постапки“, тврди Блажески.Градоначалникот  изненаден од ваквото посочување и допрва ќе испитува што се случува во ЈП односно...

Продолжи со читање

ГРЕКО: Секој допрен глас за корупција обвинителството да го испита

Post Views: 2 Нема земја каде што не постои корупција, затоа што неа ја прават луѓето, па затоа е потребно да се работи таа да се спречи, открие и процесуира, кажа Марин Мрчела  претседател на европската организација за борба против корупцијата ГРЕКО и судија во Врховниот суд на Хрватска  на дводневната обука за судии и обвинители на тема „Антикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција“, што се одржува во Охрид. На конференцијата   на која акцент се става на корупцијата во јавниот сектор и вмешаноста на политичари, пратеници,  судии, обвинители и други...

Продолжи со читање

Бакрачески: Градот презема стратегија за справување со белите пеперутки

Post Views: 4 Граѓаните загрижени од појавата на белата  ноќна пеперутка во Охрид. Се почесто има реакции на граѓани кои тврдат дека добиле алергиски рекации од  овој вид инсект. Од охридскиот Центар за јавно здравје, епидемилогот др.Јoвaнка Стурлакова Корoвешоска пoсочува дека од добиената информација  од  ентемологот од Природно математичкиот факултет  и од  Земјодeлскиот факултет станува збор за ноќна пеперутка жолтомеска, која во литературата позната како дефолијатор. Таа често се појавува во Македонија, но има одредени периоди од годината кога доаѓа до нејзино...

Продолжи со читање

Во Охрид не е извршена дезинсекција од земја

Post Views: 5 Општина Охрид  сеуште не го спровела земјеното прскање против комарци за оваа летна сезона. Доцни исполнувањето на  законската обврска на општината која произлегува од Законот за заштита на населението од  заразни болести. И додека се чека да се реализира овој зафат во ноќните часови во Охрид  има наезда од инсекти во разни делови од градот, а  посебно е видливо покрај кејот на езерото. Охриѓани се зачудени од појавата на бели ноќни пепрутки кои во роеви се појавуваат околу осветлувањето на кејот. За оваа појава граѓаните коментираат дека надлежните треба да...

Продолжи со читање

Само половина од охридските плажи покриени со спасители на вода

Post Views: 3 Кој како од концесионерите на плажите  води сметка за  почитување на  безбедноста на капалиштата. Од 41 плажа на охридското крајбрежје само 22 -ца  концесионери кои стопанисуваат со плажите го почитуваат законот.Тие обезбедиле посматрачница,  ги обележале пливалиштата сопловаци  и ангажирале спасители на вода, информира Сашо Точков од ОО ЦК.Плажите на Градиште 2 и 3 , Бела Виста, Партизан, Силекс,  Младост и Извиднички …., Точков  ги набројува оние плажи кои се без спасители на вода. Од Црвен крст , се единствено надлежни за покривање на плажите со стручно обучени...

Продолжи со читање

Охридските кajaкари од клубот Стрмец чекаат на ред за кајак и весло

Post Views: 3 Кајакарскиот клуб Стрмец е еден од двата градски клуба и во последно е привлечен за младите спортисти кои го бираат кајакот за спортување. Двесет млади спортисти од неодамна се членови во овој клуб кој има традиција долга скоро  7 децении. Во моментов  кајкарскиот клуб е во добра кондиција и брои околу  40 членови, вели претседателот  и државен  селектор на кајакарите Раде Попоски. Попоски открива како се справуваат  40-те кајакари кои може да тренираат на 20 -тина кајаци набавени пред повеќе од 2 децении.   „ Чекаме на ред и за весло и за кајак.Посакувам  да...

Продолжи со читање