Автор: Валентина Неловска
Post Views: 301 Денес, низ охридските улици изостана традиционалната Бадникова поворка од деца кои радосно го најавува Христовото раѓање. Децата годинава на поинаков начин го одбележаа Бадник пеејќи ја песната „Вечниот бог“ и упатувајќи пораки со искрени желби за болните другарчиња и граѓани кои во моментов се наоѓаат на болничко лекување. „Здравјето не е се, но без здравје нема ништо. Тоа го знаме сите ама нјамногу Вие мои другарчиња, баби и дедовци кои во моментов се наоѓате во болничките кревети. Ние сме со мислите и молитвите со Вас“. „Многумина зборуваат најефикасна терапија...
Затајуваат обврските за заштита од пожари во станбените згради и трговските центри
Post Views: 167 Грижата за безбедност од пожари во охридските станбени згради и заеднички деловни простори е на ниско ниво, укажуваат инспекторите од Дирекцијата за заштита и спасување кои се задолжени за надзор на заштитата од пожари. Состојбата на терен е поразителна, при контролите на терен се соочуваме со станбени згради кои немаат противпожарни апарати или искршени хидранти кои не функционираат, инфомира Сашо Тодороски инспектор за противпожарна заштита. „Станбените згради што имаат управител согласно договорите имаат превземено обврска да ги одржуваат заедничките делови од...
Наставниците од основни училишта имаат можност да напредуваат во звање „ментор“ и „советник“
Post Views: 174 Во тек е првиот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање „ментор“ и „советник“. Тоа подразбира и стекнување на дополнителен паричен надомест за наставниците како дел од личниот доход од работниот ангажман. „Се работи за право кое произлегува од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, креиран како дел од Планот за темелна реформа на националниот образовен систем, и има за цел да влијае на личната мотивација на наставниците за работа и да придонесе за подигнување на дигнитетот и општествената...
Хотелиерите на охридското крајбрежје ги почитувале пропишаните мерки за заштита од ковид 19
Post Views: 178 Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат во текот на деновите од викендот и Новогодишната ноќ направиле инспекциски надзор врз хотелските објекти в долж охридското крајбрежје, информира Цветко Ристески ракодител на Поддрачното одделение на ДПИ. Во текот на изминатите 4 дена инспекторите направиле 187 контроли . Ристески додава дека при тоа инспекторите констатирале дека се почитуваат протоколите и Законот за заштита на населението од заразни болести. „Ги контролиравме хотелите. Скоро половина од хотелските капацитети не работеа за новогодишната ноќ и викендот...
Верификуван мандатот на советникот Нефи Усеини, сеуште не одлучил за оставка
Post Views: 192 На денешната седница на Градскиот совет се формираа работни комисии. Беа именувани претседатели и членови на единаесет општински комисии меѓу кои статутарно-правната, комисија за финансии и буџет, за туризам и локален економски развој, за млади и спорт, за еднакви можности меѓу мажите и жените и други. На втората седница на советот беше верифициран и мандатот на советникот Нефи Усеини.Усеини е по втор пат советник во општина Охрид од редовите на ДУИ, а во минатиот мандат се повлече од функцијата. Деновиве, најави дека и овој пат ќе се повлече од советот, но денес...
Мирна новогодишна ноќ во Охрид
Post Views: 178 Дочекот на Новата Година протекол мирно во Охрид и околината. Тоа го потврдуваат и малиот број интервенции кои ги имале лекарите од Итната медицинска помош за разлика од досегашните искуства кои ги имале при рабоата во текот на новогодишната ноќ. Д-р Рената Иваноска од службата 194, информира како протекла изминатата ноќ. „Имавме околу 10 тина повици за разлика од лани и изминатите години и се поминало во најдобар ред. За разлика од очекувањата сме поминале супер. Повиците се однесувале на хипертензија и пациенти со пијанство, но со помал број на интервенции за...
Охридскиот Историски архив ќе станува подостапен за јавноста
Post Views: 343 Регионалниот Историски архив во Охрид ќе станува подостапен за јавноста. Се подготвува нов концепт во работата кој ќе придонесе за популаризација на значењето на архивот, информира в.д директорот Никола Митровиќ. „По завршување на пандемијата архивот ќе е отворен за граѓаните. Се подготвува изложбен салон. Покрај документите ќе се поставуваат во изложбениот простор поставки кои кој ќе се менуваат неделно, месечно од настан до настан и ќе се одбележуваат настани преку фотографии и сведоштва“. Годишно до 200 домашни и странски граѓани бараат дозвола за да истражуваат...
Советот на Општина Охрид задолжи Комисија да испита каква е состојбата на водоводот во Куратица
Post Views: 216 Се бара решение за жителите од селото Куратица за квалитетно водоснабдување од селскиот водовод. Градскиот Совет на вчерашната седница задолжи да се формира Комисија која ќе утврди во каква состојба се наоѓа изградениот месен водовод. Жителите се надеваат дека наскоро ќе се реши нивниот проблем и водоводот ќе го преземе и управува ЈП Водовод. Горан Ангелоски од МЗ појаснува во каква состојба е мрежата во селото. „Има одличен резервоар од 150 метри кубни и помошен резервоар кој со помош на Германската амбасада го направивме со околу 40 метри кубни. Има 11 каптажи,...
Советниците не се за поскапување на водата за пиење
Post Views: 174 Советничката Гордана Коњановска од името на опозицијата во Градскиот совет очекува советниците да не дадат согласност за зголемување на цената на водата за пиење. „Ова ЈП е пример за превработеност и едвај успева да наплати 30 проценти од побарувањата и планира вработувања за 2021 година. Се остава впечаток дека со поскапувањето на цената на водата ќе ги финансира новите вработувања, а не големите капитални проекти на ЈП“. Градоначалникот остава на советниците дали ќе изгласаат повисока цена на водата за пиење. За ова точка на дневен ред треба да дадат или не согласност...
Општина Охрид усвои буџет со историски највисoк износ
Post Views: 182Историски рекорден буџет на Општина Охрид за 2021 година тежок 730 милиони и 716 илјади денари. Износот на проектираниот буџет се зголеми денеска во ставката капитални трансфери за 45 милиони денари кои Владата ги одобри на Општина Охрид како дополнителни средства за проектот за реконструкција на градскиот кеј. Мнозинството советници го изгласаа буџетот на општината со кој според Градоначалникот опфатени се сите општествени развојни сфери кои се од интерес на граѓаните. Посветен е на урбанизмот, уредување на градежно земјиште, локално економскиот развој и развој...
Новогодишни честитки потсетник како во минатото охриѓани си ја честитале Нова година
Post Views: 263 Примероци од Новогодишните честитки се чуваат во депото на охридскиот Историски архив од повоениот период. Во пред новогодишниот период се потсетуваме на начинот како охриѓани некогаш си ја честитале Нова година, потсетува в.д. директорот Никола Митровиќ. Зачувани се новогодишни честитки од пред 7 децении помеѓу најразличните документи од минатото . „Честитките биле создадени од некои фотографи како што бил Коста Андоноски. Процедурата била едноставна.Позначајните личности или претпријатија побарувале од фотографот да направи еден концепти и да направи фотографија...
Јавноста се вклучува во постапката за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје
Post Views: 164 Одржана јавна дебата во која се вклучија претставници од научната јавност, невладините организации и засегнати страни кои се занимаваат со заштита на Охридското езеро. Целта е сите засегнати страни да се запознаат и да се вклучат во подготвување на Нацрт- Студијата за валоризација на Споменикот на природата – Охридско Езеро. Учесниците на јавната дебата изнесле свои предлози како Охридско Езеро да се заштити како подрачје во категорија Споменик на природа. Меѓу предлозите се езерото да нема административни граници, а се дадоа и препораки за зонирање, информира Климент...