Автор: Валентина Неловска
Post Views: 5 Реконструкција на Охридското одделение за трансфузиологија не е паметна инвестиција за надлежните. Објектот во кој функционира Службата за трансфузиона медицина во Охрид не ги исполнува условите ниту просторно ниту локациски, покажале анализите, а неодамна јавноста беше шокирана и од споделените фотографии на социјалните мрежи за внатрешните услови. Влажни и мувлосани подрумски простории, дотраена дограма, искршен мебел се далеку од стандардите за нормално одвивање на дејноста. Црна мувла, влага насекаде, паѓаат ѕидовите, импровизирани стари прозори кои во...
Снегот и ниските температури добредојдени за земјоделските култури
Post Views: 5 За земјоделските и овошните култури добредојдени се снегот и температурата под нула степени во ова време од годината. Мразот може да ги подгори градинарските култури кои се одгледуваат на отворено, како што се спанаќот, марулата и кромидот, но нема да претрпат трајни оштетувања, укажува охридскиот агроном Мирослав Трајчески. Ниските температури нема да имаат негативно влијание и врз земјоделските култури и овошките.Во глобала е сеуште право време за ниските температури. Тоа е добро за да се одложи за подоцна почетокот на вегетацијата на растенијата. Штетата од...
Продолжните кабли се почеста причина за пожар
Post Views: 25 Од почетокот на оваа година до денес охридските пожарникари имале приближно ист број интервенции на пожари споредено со истиот период од минатата година. Изгаснале 21 пожар во првите дваесет дена, од кои единаесет биле на опожарени оџаци, а во десет наврати реализирале технички интервенции, информира Борко Јанкулоски, командир на Територијалната противпожарна единица од Охрид. Покрај неичистените оџаци, потенцијална опасност за пожар се почесто стануваат продолжните кабли со несоодветна јачина, предупредуваат пожарникарите.Во зимскиот период најчести причини...
Ковид пациентите од модуларната болница во Охрид се преселија на Инфективното одделение
Post Views: 4 Ковид пациентите од модуларната болница се преселија повторно на Инфективното одделение. Петнаесеттина пациенти инфицирани од вирусот, од кои 11 се на кислородна поддршка, се лекуваат на ова одделение. Д-р Горан Балески, директорот на охридската Општа болница информира дека има две причини за преместување на болните, една е појава на кондензација на вода во внатрешноста на модуларнта, а втората е намалување на бројот на пациенти кои се на болничко лекување од ковид 19.Имаме по 10 до 15 прегледи во текот на 24 часа и одлучено е да се префрлат пациентите на...
Пчеларите не се убијци, порачаа охридските пчелари
Post Views: 7 Охридските пчелари ги вознемири судска одлука на Основен Суд Охрид изречена против нивен колега со парична казна за каснување од пчели. Пчеларите го кренаа гласот против како што велат апсурдната судска одлука со која пчелар треба да му исплати оштета на охриѓанец и административни трошоци во висина од 15.000 евра. Револтирани пчеларите реагираат на висината на изречената казна и на третманот кон пчеларите. Бараат институциите да се изјаснат дали пчеларството треба да згасне во нашата земја. Пчеларот, Лазо Грозданов потсетува од какво значење се пчелите...
За помалку од една недела над 100 охриѓани се заразиле со ковид 19
Post Views: 6 217 активни случаи на ковид 19 во Охрид со вчерашните 18 и рекордните 26 пред тоа. Градот неколку денови бележи двоцифрени бројки заразени во извештаите од министерството за здравство. Повеќе не можеме да зборуваме за кластери тоа се поединечни случаи кои се раширени на повеќе места. Некои знаат каде ја добиле инфекцијата, а некои не. Преку 200 лица во изминативе 6 дена добиле решенија за изолција како контакти на потврдени случаи. Од 24 до 30 октомври ќе имаме рекордна бројка на заразени во општина Охрид и Дебрца, информира Сашо Точков од ЦЈЗ. „Тоа ќе е...
Покрената иницијатива за поправка на тротоарите на дел од 7-ми ноември
Post Views: 5 Од двете страни на дел од улицата 7-ми ноември има неупотребливи тротоари. Раскопани тротоари и велосипедска патека ја загрозуваат сообраќајната безбедност на жителите кои живеат и работат во овој дел од Охрид. На потегот од фабриката Братство до меѓуградската автобуска станица не е можно да се вози велосипед, а е отежнато и движењето на пешаците од ископаниот асфалт. Граѓаните бараат поправка на тротоарите и патеката за велосипеди. Бобан Трпески, од Неформалната организација „Чист Охрид“, споделува дека состојбата на овој потег од улицата е алармантна....
Граѓаните два пати плаќаат за лошо изведени реконструкции на улиците
Post Views: 6 Граѓани кои живеат на улицата „Абас Емин“ се жалат на ударна дупка на коловозот. Во рубриката „Ти си твојот град“ реагираа дека повеќе од две недели се соочуваат со потенцијална опасност во сообраќајот на дел од улица која беше асфалтирана пред три месеци. Возачите кои за кратко време здивнаа од постоечките ударни дупки на улицата на која ги кршеа своите возила сега се непријатно изненадени од нова појава. Се прашуваат дали станува збор за неквалитетно изведени градежни работи на улицата и стравуваат дека ќе се појави ваков проблем и на други места на улицата. Во...