Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Изградбата на плоштадот кај мини маркет и понатака во мирување

Post Views: 2 Изградбата на плоштадот кај мини маркет и понатака е во мирување. По 9 месеци од започнувањето на  градежните активности  тие никако да се привршат. Во непосредна близина на паркот има пошта, експозитура на банка и продавници кои имаат негативен ефект во работата заради тоа што клинетит еги заобиколуваат поради лошата инфратструктруа.   Жителите од населбата Билјанини извори кои го користат патот покрај паркот во зимските и пролетните месеци газеа по кал, а  сега се соочуваат со прашина. Многу од нив се револтирани и им смета неуредениот простор.Локалната...

Продолжи со читање

Кој и зошто ја сече шумата во Парк?

Post Views: 6 Исечени дрва во паркот Горица. Пред околу еден месец започнала дел по дел сечата на дрвјата во шумата наспорти претседателската вила Билјана. Граѓаните кои го  користат паркот за рекреација зачудено прашуваат зошто се сече шумата!? Јавувааt дека сечата претежно се одвивала во раните утрински часови . Редакцијата на ТВМ во повеќе наврати ги контактираше надлежните служби во врска со сечењето на дрвјата на овој потег, но  без успех. На 9 јуни и официјално испративме  барање до надлежните служби во Локaлната самоуправа, но и по две недели од таму молк и игнроирање...

Продолжи со читање

„Танец“ со нови кореографии ќе го отвори 54 -то издание на Балкански фестивал

Post Views: 0 Подготвена сцената на Долни Сарај за годинешното 54-то издание на Балканскиот фестивал за народни песни и  игри. Од 6 до 11 јули  фолклорните ансамбли од 12 земји ќе го презентираат својот автентичен мелос.  Играорците од Турција, Бугарија, Полска, Северен Кипар, Србија,  Канада и други земји ќе се претстават  на годинешното издание на Балканскиот фестивал, напоменува директорката на НУ Центар за култура Драгана Боцевска.„ Фестивалот постои за зближување на културата и народите, тоа е неговата мисија. Фолклорот е најголем реперезнт на секоја  земја учесничка....

Продолжи со читање

„Охридски комуналец“ ги повикува на соработка полицијата и комуналните редари да ги спроведуваат надлежностите од Законот за јавна чистота

Post Views: 4   Од направениот утрински увид на терен за комуналната хигиена низ градот, екипите на ЈП Охридски комуналец констатирале лоша слика во разни делови од градот. Оставени, покрај контејнерите, каде што не им е место се одложувани кабаст, зелен отпад и градежен шут. Тоа особено е изразено после викендите, в понеделник, кога не само охриѓани, туку и сопствениците на викенд становите преуредуваат или се ослободуваат од она што не им е потребно, информира Стевчо Маслов од јавното  претпријатие. „Очајна е состојбата во делот на Далјан, Воска, Градска плажа. Комунален...

Продолжи со читање

Сашо Јанкоски за Вевчани ветува просперитетна општина

Post Views: 1 „Наследивме задолжена општина со блокирана жиро сметка, а за само 4 години општина Вевчани финансиски ја стабилизиравме и реализиравме бројни проекти во висина од околу 2,5 милони евра“, истакна Сашо Јанкоски, кандидатот за градоначалник на Вевчани од редовите на СДСМ. Имаме развојни проекти кои ќе се реализираат понатака. Во овие 4 години ги согледавме горливите проблеми на вевчанци. Основен проблем е паркингот и сообраќајот. Имаме изработена Физибилити студија која ќе почнеме да ја реализираме веднаш по изборите – вели Јанкоски.Тој напоменува...

Продолжи со читање

Дел од советничката коалиција на опозицијата ја напушти седницата во охридскиот совет

Post Views: 5 Предлог одлукаат за надополнување на Програма за работа за располагање со градежно езмејиште во сопственост на РМ со три парцели кај  автокампот Елешец ги скара охридските  советници.При тоа советниците од СДСМ, ЛДП и НСДП   ја напуштија седницата, како што рекоа, за да не учетвуваат во продажба и да ги заштита интересите на граѓаните на Охрид. Никој нема мандат  како што рекоа за раскрчмување на имотот кој припаѓа на граѓаните, а при тоа и  без програма за што ќе се користат средствата.  Тие наведоа дека ЛС досега продала  7 атрактивни локации во разни делови од...

Продолжи со читање

На охридскиот аеродром слетаа првите патници од Англија

Post Views: 5 133 патници од Англија слетаа на охридскиот аеродром Св Апостол Павле. Гостите  беа пречекани со традиционалната церемонија за добредојде, воден мост околу воздухопловот, девојки облечени во народни носии, закуска со погача и сол и торта за добар старт на новата рута. Туристите од Лондон кои допатуваа беа претежно млади луѓе кои одлучиле дел од својот  годишен одмор да  го поминат на Охридското крајбрежје.„ Од Полска сум.    Дојдов од Лондон. Слушнав за убавините на  Охрид. Сакам да го истражам езерото и Македонија.„ Патуваме и ја одбравме Макеоднија за одмор“. „...

Продолжи со читање

Охридските пензионери организирани до успешни активности

Post Views: 3 Пензионерите од Здружението на Охрид и Дебрца и во третото доба се активни на многу полиња. Тоа го потврдуваат постигнатите успеси во текот на целата година, информира претседателот Ѓорѓи Трпчевски. Резултатите со бројни, од освоени пехари и први места во спотроски дисциплини, така  и во фолклорни ревии и  презентации на културните вредности од регионот. Сето тоа  не е случајно туку добра  организираност и посветеност во дејностите, додава Трпчески.„ Ние сме единствено здружение во Републиката вака  органзирани  и сите сега преземаат искуство како сме...

Продолжи со читање