Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Најтрофејниот АK од Охрид бара финансиска поддршка од градските власти

Post Views: 5 Атлетскиот клуб Охрид иако важи за еден од најуспешните градски клубови со рекордери и прваци во Македонија нема поддршка од  градските власти.  И годинава, како и минатата,  од Локалната самоуправа добиле негативен одговор на писменото барање за помош, вели проф. Влатко Димитров, македнскиот атлетски  селектор и претседател на охридскиот клуб. Додека другите иако помалку успешни атлетски клубови добиваат финансиска помош од своите општини, тоа не случај и со нашата локална власт.  Од минатата година на клубот му се заканува опасност  да згасне по 38 години...

Продолжи со читање

Охридската автобуска станица ќе функционира како и досега, современа ќе се гради од 2016

Post Views: 5 Автобускиот меѓуградски сообраќај на Охрид  со другите дестинации ова лето ќе се одвива нормално. Поаѓањето и доаѓање на автобусите, издавањето на билети ќе се одвива и понатака на тој простор, велат од општина Охрид. Земјиштето на  Автобуската станица го презеде компанијата Делфина турс од досегашниот превозник Галеб, а го купи градежното земјиште за да гради современа автобуска станица. Сега на просторот се случуваат некои градежни работи па граѓаните се прашуваат како функционира автобуската во претстојната туристичка сезона.  „ Градежните активности ќе...

Продолжи со читање

Во езерото заплови реплика на охридски чун

Post Views: 7 Реплика на  охридскиот рибарски чун заплови во езерските води. После 3 децении се изработи  охридскиот чун според изгледот на оргиналниот чун кој беше уништен пред неколку години од одрон на карпата кај Лапидариумот.  Неговата пловност денес беше испробана на пристаништето и  предизвика љубопитност кај многу охриѓани и туристи.Чунот ќе биде само музејски експонат, информира архитектот Горан Патчев од Завод и Музеј.  „Ова беше пробна пловидба да видиме како чунот ќе се однесува во вода, беше успешно. Сега го носиме во лапдириумот кај Робевци. Таму ќе биде изложен и...

Продолжи со читање

Еколошката свест стагнира, проблемите се поголеми

Post Views: 5 5 јуни се  одбележува како Ден на животната средина.  Општина Охрид го одбележува овој ден со активности како што се собирање на стара хартија во основните училишта или  собирање на отпадно масло.  Јавната свест за за зачувување на животната средина е сеуште на ниско ниво. Тоа се поткрепува со фактот што  сеуште нема  еколошка депонија и искористување на отпадот како енергетска суровина. Локалната  самоуправа преку јавното претпријатија за Комунала хигиена нема  понуда на  инфраструктура за селектирање и преработка на отпадот. Рака на срце има  обиди за  селекција...

Продолжи со читање

Промена на безбедносниот систем во чекор со актуелните случувања

Post Views: 3 Безбедносната ситуација во Македонија и регионот по настаните во Куаманово е стабилна и нема потреба од загриженост, ова е оценката на експертите по безбедност од регионот. Сепак по случувањата во Куманово  се потребни реформи  на безбедносниот систем на државата, смета професор  Цане Мојаноски од Факултетот за безбедност од Скопје. Мојаноски напоменува дека реформите се потребни од поодамна. Времето е динамично има нови закани и средства кои се користат , а ниту еден безбедносен систем не е вечен. Апсолутно последните  настани  треба да ги забрзаат  потребните...

Продолжи со читање

Изведена нова оперативна метода на рамен зглоб во охридската специјална болница „Св. Еразмо“

Post Views: 19 Применета е нова метода во оперативното лекување во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид. Изведена е хируршка интервенција кај пациент со фрактура на рамо на кој му е направена имплантација на рамен зглоб. Со овој зафат се олеснува животот на пациентите и на нивните семејства. Зафатот го изведе тим ортопеди, д-р Јордан Смически, д-р Огнен Шешоски и д-р Александар Стевоски, анестезиологот д-р Хари Шокароски, со помош на д-р Ненад Петков од болницата 8 ми Септември од Скопје, кој прв започна да ја применува оваа метода во...

Продолжи со читање

Завршена внатрешноста од охридската библиотека, следува фасада

Post Views: 3 НУ Библиотека Григор Прличев конечно ќе добие простор од околу 800 м квадратни. Срушени се ѕидовите, поствен е нов под и термоизолација во просториите кои порано ги користеше Фестивалот Охридско лето, информира директорката на библиотеката Александра Белеска. Со тоа е завршена првата фаза од прилагодување на просторот. Во втората фаза ќе селдува и реновирање на фасадата на двата објекти. Со целосните градежни зафати  ќе се обезбедат стандардите кои треба да ги има една институција како што е библиотеката, подвлекува Белеска. „ Комплетно просторот  во новиот објект...

Продолжи со читање

Мрак на многу улични места во Охрид

Post Views: 3 Дел од светилките на улиците АРМ, Галичица, во стариот дел од градот, Карпош Војвода, Даме Груев не светат.  На Булевар Туристичка исто така во вечерните часови се забележува делумно осветлување, а во мрак е левата страна на туристичка, кај воените згради. Се повеќе градски улици потонуваат во мрак. Граѓани јавуваат дека не светат ни светилките на магистралниот пат од Билјанини извори кон Рача. Во населбата Радојца Новичиќ граѓаните  делумно задоволни од уличното осветлување.  За функционално одржување на јавното улично осветлување надлежна е Локалната...

Продолжи со читање