Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Oсветени конаците во манастирот Св. Спас во Горно Лакочереј

Post Views: 4 Христијанските верници денес  го празнуваат Вознесението Христово. Во Горно Лакочереј беше преосветена манастирската црква во манастирот Св Спас. По светата архиерејска литургија Владиката Тимотеј ги освети  и новоизградените конаци.  Убаво уредниот простор околу манастирот со сите придружни објекти беше исполнет со голем број верници. Меѓу бројните посетители беше и охридскиот градоначланик Никола Бакрачески со неговите соработници и директори на неколку јавни претпријатија.Манастирскиот амбиент сместен во зеленилото на околната шума, дишеше со духовност и...

Продолжи со читање

Секторот за урбанизам ќе се зајакнува со архитекти

Post Views: 8 Локалната самоуправа  ќе формира Комисија за урбанзиам составена од архитекти. Тоа го налагаат најновите законски измени од Законот за урабанистичко и просторно планирање кои стапуваат на сила од овој месец.. Од општина Охрид очекуваат голем интерес на јавниот повик  на кои треба да се пријават дип. инж архитекти, напоменува портпаролот Томе Џамтоски.„ Законот налага да има таква комисја секоја ЛС , а ќе значи зајакнување на капацитетот од работата на тој дел од  Локалната самоуправа“, подвлекува Џамтоски.Комисијата за урбанизам ќе биде составена од 7- мина...

Продолжи со читање

Пропадна и вториот тендер за прскање против комарци во општина Охрид

Post Views: 6 Пропадна и вториот тендер за избор на оператор кој ќе прска против комарци и глодари на територија на општина Охрид. Во меѓувреме, комарците напаѓаат, а граѓаните ќе го чекаат третиот тендер. Досега на двата јавни повици од општина Охрид , пристигнала само една понуда од охридскиот Центар за јавно здравје. Општината за оваа намена има издвоено над 420.000 денари, а понудата на Центарот за јавно здравје цената на третманот против комарци била удвоена и изнесувала 937.000 денари, информира Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид. „Не знам како да ја опишам оваа...

Продолжи со читање

Охридските пожарникари подготвeни за акција

Post Views: 11 Одбележан Денот на пожарникарството во Македонија. Охридските пожарникари го одбележаа денот со дефиле низ улиците. Денес во  посета на  пожарникарите беа бројни гости меѓу кои и  најмалите од детската градинка Јасна Ристеска. Децата научија повеќе за работата на пожарникарите.Во обиколка на пожарникарите од охридската  противпожарна единица беше и градоначалникот Никола Бакрачески. Тој во името на охриѓани упати благодарност до пожарникарите.„ За сите напори кои во изминативе години од кога е формирана ТПП сето она што сте го направиле за заштита на имотот и...

Продолжи со читање

Охриѓанка до својот дом на Сараиште доаѓа преку туѓи дворови

Post Views: 3 Радоста од враќањето во татковиот дом на Сариште, на самиот езерски брег, за охриѓанката  Слаѓана Каневче Милевска станала секојдневен стрес. Таа  нема приод до нејзиното адаптирано катче изградено во дворот на семејната сега разрушена куќа, но и  заради рушевините меѓу кои мора да помине. Покрај распадната таткова куќа во фаза на распаѓање е и соседната која  има околу 7-мина  сосопственици, раскажува  Слаѓана . Таа секојдневно мора да поминува низ туѓи дворови за да стигне до адаптираната просторија во која се вратила да живее пред 15 години.  Дел од куќата која...

Продолжи со читање

Во гимназија и економско наставата ќе заврши навреме

Post Views: 6 Наставата во сите  јавни средни училишта ќе заврши навреме  како што предвидува  годишната програма. Пропуштената настава професорите сами ќе одлучуваат како ќе ја надокнадуваат. Имаат на располагање разни форми за применување, дали  тоа ќе за време на часовите, пред или после наставниот предмет. Ова како насока стои во препшораките  дадени од  ресорното министерство и Бирото за развој на образованието,  по скоро  едномесечниот бојкот на средношколците од земјава, меѓу кои беа и охридските  гимназијалци и економисти.   „ Во рамките на реализираната наставна...

Продолжи со читање

Укинувањето на правниот статус им ги секна финансиите на месните и урбаните заедници

Post Views: 3 Одземањето на правниот статус на месните заедници премногу ја отежнува состојбата, вели претседателот на Месната заедница Куратица, Горан Ангелоски. Секнаа финансиите за урбаните и месните заедници со укинувањето на жири сметките. Нема заинтересирани донатори кои би издвоиле пари за поправки или изградба на објекти во  селските или градските средини. Нема  можност за аплицирање на проекти до предпристапните фондови. Со законските измени од пред 7-8 години кога се укина статусот на правни субјекти и останаа без посебни жиро сметки, тие се доведени во ситуација да...

Продолжи со читање

Во Охрид ќе се формира туристички сојуз

Post Views: 4 Oхрид на пат да добие  туристички сојуз.  Иницијаторите  очекуваат успешна соработка, вели Драгана Ристевска од ТА Венус травел каде што е седиштето на сојузот.  Целта е  обединување на  туристички чинители за подобра  туристичка понуда во градот.„ Ова е со цел д ас еподобрат услугите  да нема разлики во цена , незадовони туристи , поскапи тарифи за такси превоз. Се бориме сите заедно за подобрување на квалитетот да се  задоволни гостите и повторно да доаѓаат“, вели оптимистички Ристевска. Туристичкиот сојуз е отворен за хотелиери, туристички агенции, таксисти,...

Продолжи со читање