Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Жители од Видобишта бараат пристапен пат

Post Views: 502 Изменет урбанистички план внесе раздор и немир меѓу соседите во населбата Видобишта. Ѓурчин Стојкоски, еден од засегнатите жители на оваа улица, тврди дека повеќе семејства користат пат во должина од околу 150 метри кој го има во нивните имотни листови. Нивните соседи пак, кажуваат дека на добра волја им дозволуваат да го користат патот кој е во нивниот имот. Сменетиот план покрај тоа што предизвикува спор за користење на пат за влез на повеќе семејства до домовите повеќе од две децении, им предизвикува и потешкотии во нормалното живеење со лошата комунална инфраструктура....

Продолжи со читање

Подобрена наплатата на туристичка такса

Post Views: 356 Во охридската општинска каса инкасирани близу 18 милиони денари туристичка такса во 2022 година. Износот покажува тенденција на зголемување на уплатите по овој основ во споредба со изминатите 2 години и стабилизација на приходот од туристичката такса после пандемискиот период , вели Ѓоко Апостолов од Тлер Охрид. Во пред пандемискиот период имавме наплата од 21 до 22 милиони денари. Во 2022 година, наплата достигна сума од 17. 498. 585 илјади денари со што полека се враќаме на нивото на наплатата од пред пандемијата, вели Апостолов.„Доколку гледаме по категории...

Продолжи со читање

Maл број деца без кариес

Post Views: 313 Оралното здравје кај охриѓанчињата се подобрува. Кај школските деца опаѓа КЕП индексот што значи просек на кариес, екстракција и пломби на забите кај децата. Пред 10 тина години тој просек беше преку 7 , а денес е под 3. Тоа се должи на превентивната програма за која има голем одзив. Во оваа програма е вклучено залевање на здравите запчиња. Програмата имаше застој за врема на пандемијата, кога ние бевме вклучени во итната стоматолошка служба, а сега е вратена во нормална функција, информира д-р Александар Филдишески, началник на стоматолшката служба при Здравствен...

Продолжи со читање

Респираторните заболувања најчести кај младите

Post Views: 414 Респираторните заболувања го заземаат првото место во загрозување на здравјето на младите охриѓани. Ова го покажуваат последните обработени податоци од охридскиот ЦЈЗ кој го покрива регионот на Охрид, Струга и Дебар за здравствената слика на оваа категорија на населенито. Доенчињата и децата до 6 годишна возраст се најранливата група со респираторни проблеми во регионот со стапка од 890 на 1000 деца, а охриѓанчињата се над оваа стапка, информира Д-р Даниела Чингоска , специјалист по социјална медицина и јавно здравје од охридскиот Центар за јавно здравје.„На...

Продолжи со читање

Охриѓанецот Довлев е фаќач на крстот

Post Views: 723 Васко Довлев е среќниот фаќач на крстот во Охрид. Деветнаесегодишниот Довелев, од Варош, за прв пат го фаќа крстот. Вели дека од многу мал скока по крстот на Богојавление во водите на езерото. Споделува дека е многу убаво чувството кое го има денес на овој свет ден.„Претчувствував дека крстот е за мене. Едноставно ми дојде до раце, чувствував дека е за мене. Падна до мене и само ја пуштив раката. Јас едноставно чувствував, со верба во Бога, одев во црква и постев. Кога ќе имаш верба во Бог се ќе дојде, а најважно од се се здравјето, среќата и љубовта како за...

Продолжи со читање

Меѓународна конференција Охрид Водици 2023

Post Views: 666 По 11- ти пат се одржува Меѓународната научна конференција „Охрид Водици 2023“. Фокусот на годинешната тема е ставен на „Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален и регионален развој“. Конференцијата ја отвори претседателот на Програмскиот Комитет д-р Рубин Земон, кој се осврна на предизвиците со кои се соочува современото општество. Покрај новите кризи во економијата, предизвици има и во културното наследство, медиумите, животната средина, а се отвораат...

Продолжи со читање

Во Пештани насликан витраж Крштевањето на Исус

Post Views: 760 Во предвечерието на Водици, во Пештани е насликан витраж со мотив „Крштевањето на Исус “ . Пештанците, Драган Филипоски и Дејан Размоски се автори на овој несекојдневен мотив, насликан на угостителски објект, во кој годинешните кумови ќе слават Водици. Двајцата се сликари аматери со голем талент и желба за творење. Познатиот угостител Драган Филипоски, вели дека е горд на заедничкото дело што го создале со Дејан, за кое вели дека е невообичаено во охридско. Идејата дојде во секунда, а работевме со големо трпение и смирение, раскажаува Филипоски, додавајќи дека луѓето,...

Продолжи со читање

Казни и контроли за неодговорните сопственици на кучиња

Post Views: 385 Состојбата со кучињата скитници низ нашите улици и охридските села е резултат на неодговорно сопствеништво и неконтрола од страна на институциите. Сопствениците на кучиња не ја почитуваат законската обврска да ги чипираат, вакцинираат и стерилизираат домашните миленици.Најмногу заловени, напуштени кучиња имало минатата година во Подмоље, Пештани, Велгошти, Свиништа, Лескоец. Во градот, пак критични места биле центарот, спортскиот центар кај базенот, хотел Аквалина, болницата „Св. Еразмо“, Андон Дуков, Далјан и Тамаро 10“, напоменува ветеринарот Игор Цветаноски...

Продолжи со читање

Се повлекуваат сетови од бамбус

Post Views: 361 Од домашниот пазар се повлекуваат детски сетови од бамбус. Станува збор за прибор за јадење, чаши, чинии и чинии со прегради од производителот ДОРЕЛ од Франција, а во земјава се увезени од скопски увозник Бебе Хоум. Агенцијата за храна и ветеринарство го издаде решението за повлекување на небезбедните производи по добиена нотификација од европскиот систем за брзо предупредување за небезбедна храна од пазарот.„Пластичните производи што се продаваат како материјал за контакт со храна кои содржат бамбус и други неовластени адитиви на база на растенија којшто не...

Продолжи со читање

Пчелите не се домашни животни

Post Views: 308 Опстанокот на пчелните семејства најмногу зависи од пчеларот. Пчелите ќе ги преживеат глобалните временски промени и болести само ако пчеларите правилно се грижат за нив, порачува Ицко Китанчев, долгогодишен пчелар и член на охридското здружение на пчелари. Основната грешка се случува ако на почетокот од месец август, пчеларите не оставаат доволно храна во кошниците за да имаат здрави пчелни семејства и здрава матица, кои ќе ги преживеат температурните промени, вели Китанчев. Прихраните од шеќерни сирупи оставаат последици врз пчелите. Стануваат неотпорни на болести,...

Продолжи со читање

Охрид подготвен за празникот Водици

Post Views: 289 Се е подготвено да се одбележи празникот Богојавление Водици на 19 јануари во Охрид , информираа од Организациониот одбор. Денес се одржа средба меѓу претставниците од здравствените установи, СВР Охрид, ОО Црвен крст, пожарна, јавните претпријатија, нуркачите и едриличарските клубови за преземање на завршните подготовки за се да протече во најдобар ред, на денот кога се празнува големиот христијански празник Водици. Градоначалникот Кирил Пецаков, напомена дека после чинот на осветување на водите на езерото за забава на присутните ќе се погрижат музичарите од Чалгија...

Продолжи со читање

Нема доволно обучен кадар за Костал

Post Views: 361 Од Костал Македонија најавуваат нови проекти и нови вработувања оваа година. Костал во моментов има над 1000 вработени во охридската фабрика за електроника, мехатроника и софистицирани делови за автомобилската индустрија.Во шест годишното постоење компанијата вработува најмногу инжинери во земјава и во развојот се соочува со два сериозни проблеми. Едниот е недостатокот од стручни профили.Генералниот менаџер на компанијата, Виктор Мизо, притоа напоменува дека за новите проекти имаат потреба од вработување на стручни профили.Нема доволно обучен кадар...

Продолжи со читање