Автор: Валентина Неловска
Post Views: 8 Охриѓани сочувствуваат со несреќата на народите од Турција и Сирија кои ги погоди катастрофалниот земјотрес. Советниците од градскиот совет со едноминутно молчење им оддадоа почит на настраданите жители од овие две земји. Едногласно беше усвоена одлуката за доделување парична помош на настраданите.„Издвоивме средства од ставката на општина Охрид во висина од 300.000 денари за Република Турција и исто толку и за Република Сирија. Вкупно 600.000 денари од донација од општина Охрид“, посочи Сашо Донев, претседател на Советот на град Охрид.Сашо...
Охриѓани верни на делото на Прличев
Post Views: 8 Охрид го чествува делотo на Григор Приличев. По повод 130 годишнината од неговото упокојување беше положено свежо цвеќе пред спомен бистата и се одржа панихида на неговиот гроб во близина на црквата Света Богородица – Перивлепта. Во чест на големиот охридски поет и преродбеник беа доделени наградите од конкурсот за основците од училиштето што го носи неговото име и традиционалните Прличеви беседи во родната куќа на поетот. Наградите од конкурсот ги добија ученичките Фросина Апостолоска од одделенска настава и Елена Филчоска од предметна настава. Наградите им ги...
Монографија 70 години библиотека Григор Прличев
Post Views: 11 Промовирана монографијата „ 70 години библиотека Григор Прличев“ од Милчо Јованоски. Во пресрет на Прличевите беседи , одбележувањето на 130 години од смртта на поетот и преродбеник Прличев и 7о години постоење на НУ Библитеката се промовира делото кое изобилува со податоци и сеќавања за градската библиотека, како што ја нарекуваат охриѓани. Книгата е своевиден времеплов на настани во библиотеката кои се продолжение на делото на Маринела Јовановиќ со кое е опфатен перидот од 1952 до 1998 година. Во,најновата монографија се сместени датуми и луѓе кои треба да бидат...
Изградбата на базенот се пролонгира повторно
Post Views: 8 Повторно се продолжува рокот за завршување на изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид. Последно, во август минатат година, од Агенцијата за млади и спорт, која е инвеститор на изградбата, беше најавено дека објектот ќе биде завршен до април 2023та. Сега изградбата повторно се пролонгира за 4 месеци, информира Наумче Мојсоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт.„Изградбата ќе заврши до ноември месец оваа година. Крајниот рок беше 31 мај -1 јуни, но се пролонгира. Имавме наши технички проблеми со надзорот, а од нивна страна главниот изведувач...
Бавно се доаѓа до лекови за ретките болести
Post Views: 20 Почна националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. Петта година по ред здружението „Ретко е да си редок“ работи на подигање на јавната свест за пациентите со ретки болести и нивните потреби. Во кампањата се вклучени преку 60 специјалисти лекари кои досега имаат обработено 139 ретки дијагнози, напоменува Гордана Лолеска претседател на здружението.„Прифаќањето на овие деца и луѓе е наша должност за да им помогнеме. Заболените со ретки болести имаат две надежи. Првата е медицината да напредува во пронаоѓање на лекови за да се ублажат симптомите на...
Oхридски земјоделец избира органски семиња
Post Views: 10 Сезер Акин е поборник за одгледување на зеленчук од автохтони семиња, а не само за производство на здрава храна. Во неговата градина веќе е засеан расад со раноградинарски зеленчуци. Подготвени се и садови со автохтони семиња од пиперки, домати, црни патлиџани, краставици кои ги чува за следната година бидејќи не сака да засадува хибридни семиња. Акин нагласува дека неговата љубов кон органскиот зеленчук сака да ја пренесе на охриѓани и љубителите на градинарството. Тешко оди, но јас сум храбар, вели Акин кој е дел од организацијата Слоу фуд Македонија. Сакам...
Продолжува скринингот за откривање на рак на грло на матка
Post Views: 9 Во дејноста здравствена заштита на жената во гинеколшката дејност во охридскиот регион најчести се воспалителни процеси на репродуктивните органи ,а потоа следат проблемите поврзани со бременоста и породувањето, а на трето место се малигните неоплазми. Во првата и последната група има намалување на стапката на заболувања во перидот од 2019 – 2021 , вели д-р Даниела Чингоска, од охридскиот Центар за јавно здравје, а се должи на работата на матичните лекари и на програмата за рано откривање на карциномот на грлото на матката.„Преваленцата се должи на тоа...
СДСМ реагира на поскапувањата на цените на ЈП
Post Views: 16 Очигледно ДПМНЕ ја превзеде локалната власт само за да обезбеди лични комодитети и уживања на своите послушници. Од сите ветени проекти, ДПМНЕ еве веќе нешто повеќе од една година ги исполнува доследно проектите за зголемување на цените на Јавните претпријатија во градов, на прес конференција кажа Јован Крлев, портпаролот на ОО СДСМ.„Зошто се зголемени цените за скоро 100% во Јавното претпријатие „Градски гробишта“ ? Последното поскапување на цените во ова јавно претпријатиее срам и врв на неодговорноста на менаџерскиот тим и безчувствителноста во поглед на...