Автор: Валентина Неловска
Post Views: 207 Прегазени две братчиња на охридскиот Булевар Железничка. Децата на возраст од 12 и 18 години биле повредени вчеравечер во 18.25 минути од автомобил со струшки регистарски таблички. 18 годишното момче се здобило со тешки повреди на главата и уште синоќа било пренесено на клиниките “Мајка Тереза” во Скопје. Неговото помало братче е задржано во болницата за Ортопедија и труматологија “Св.Еразмо” во Охрид со скршеници на ногата и потрес на мозокот. На возачот, 45 годишен жител на струшкото село Лабуништа, одземена му е возачката дозвола и возило БМВ. За сообраќајната...
Поставен асфалт на дел од улицат Абас Емин до пресекот со улицата Охридска бригада
Post Views: 172 Денес е ставен асфалтен слој на дел од Абас Емин. Со тоа продолжува етапното асфалтирање на улицата. Претходно беа асфалтирани околу 300 метри на дел од улицата до пресекот со Туристичка. Како ќе завршуваат сложените подземни градежни работи под улицата така ќе се поставува асфалт на дел по дел од Абас Емин, информираат од ЛС. „Сега ќе се постави прв слој на асфалт до пресекот со улицата Охридска биргада. Понатака како ќе се оди по текот на улицата Абас Емин во должина со пресекот на улицата Железничка ќе се решаваат инфраструктурните инсталации во однос на канализација,...
ДПИ: Не се затекнати гости во охридските угостителски објекти без сертификат за имунизација
Post Views: 195 Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат продолжуваат со контроли на објектите кои се во нивна надлежност дали се почитуваат измените и дополнувањата на Одлуката за заштита на населението од ковид 19, информира Цветко Ристески, раководител на ДПИ подрачна едница Охрид. Со последните измени посетителите мора да поседуваат сертификат за имунизација со две дози вакцина, а мерките започнаа да се применуваат од 15-ти овој месец. Во овој период не се констатирани неправилности. Но, се интензивираат контролите како што се наближува викендот. Очекуваме за викенд...
Пандемијата не ги исплаши хуманите луѓе да даруваат крв
Post Views: 250 Охридските студенти може да се приклучат на големата крводарителна акција која е во тек. Од понеделникот, во земјава се одвива крводарување под мотото „Хуманоста на испит во време на пандемија“. Институтот за трансфузициона медицина во соработка со Македонските унизверзитети од Скопје, Битола, Штип и Тетово организира голема крводарителна акција, информира директорката д-р Радица Грубовиќ Растворцева. „На 24 декември од 9 до 15 часот во нашите служби во Кавадарци, Велес, Куманово, Струмица, Кочани, Струга, Охрид, Гостивар, Кичево, Прилеп и Гевгелија ги покануваме...
Охридските пожарникари имале најголем број интервенции на опожарени оџаци
Post Views: 171 260 интервенции имале охридските пожарникари од ТППЕ Охрид од почетокот до 22 декември оваа година. Интервенирале на 121 пожар на отворен простор и на 117 опожарени објекти. Пожарникарите изгаснале 77 опожарени оџаци на куќи и станбени згради. Во оваа календарска година за среќа немавме интервенци на пожари кои предизвикаа големи материјални штети, вели Спасе Прентоски, командир на ТППЕ ОХРИД. Прентоски додава дека досегашните нивни апели за редовно чистење на оџаците даваат резултати во намалување на пожарите, но потсетува и на важноста од редовно чистење на...
Општина Охрид е подготвена за штедење на електрична енергија
Post Views: 187 Во Охрид засега не се чувствува енегетската криза и покрај тоа што е прогласена енергетска криза во државата. Во вечерните часови светат уличното осветлување, излозите и рекламите. Граѓаните се прашуваат зошто општината не презема мерки за штедење на електричната струја. Здравко Петрески, советник за енергија и енергетика во Секторот за комунални дејности, информира дека општина Охрид е подготвена за спроведување на рестриктивните мерки за штедење електрична енергија доколку тоа го побара Комисијата за кризна состојба која ги следи состојбите во енергетскиот сектор....
Избрана фирма за чистење на канали, свлечишта и депонии
Post Views: 234 Избрана фирма како најдобар понудувач на тендерот распишан од општина Охрид за чистење на речни канали. Покрај одржување проодни речни канали и корита овој пат Фондот за комунални дејности бара фирмата да презема и дополнителни комунални услуги, информира Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид . „Колку што ми е познато за прв пат се распишува ваков општ тендер каде што влегуваат покрај ангажманите за чистење на речните корита , каналите и расчистување на диви депонии, свлечишта и одрони“. Избраната фирма „Победа“ е задолжена за машинско и рачно одржување на...
Крвните анализи за антитела од ковид 19 се бесплатни за донорите на крвна плазма
Post Views: 251 Испитување на крвните анализи за донорите кои сакаат да даруваат ковалентна плазма од ковид 19 се прават во регионалните служби на Институтот за Трансфузиологија и истите се бесплатни. Доцент д-р субспецијалист Радица Грубовиќ Растворцева, раководител на Институтот за трансфузициона медицина, информира дека оздравените пациенти од ковид 19 може да се пријават како донори на ковалентна плазма во подрачните служби за трансфузиологија во Охрид сместена во Општата болница Охрид и во болницата Св. Еразмо и во општа болница Струга и во Заводот за нефрологија. „Сите анализи...
Премиерот Заев ги претстави приоритетите на владиниот проект „21 за европски стандарди дома“
Post Views: 162 Премиерот Зоран Заев ги најави приоритетите од иницијативата „Европски стандарди дома“. Помеѓу клучните приоритети на земјава се прочистување на првосудниот систем и борбата со корупцијата. Премиерот ги посочи и проектите за намалување на аерозагадувањето во земјава за следната година. „За 2021 во Програмата за намалување на аерозагадувањето се предвидени дополнителни 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошките системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност и обновување на урбаното зеленило. Зголемени се до 20 пати казните за...
Не работи компјутерскиот томограф во Општа болница Охрид
Post Views: 216 Не работи единствениот компјутерски томограф во Општа болница Охрид. Прегорен е резервен дел заради големата преоптовареност на одделот за рендген дијагностика. Од почетокот на годинава и во изминативе 10 месеци од пандемијата со Ковид 19 биле снимени седумнаесет илјади паценти од Охрид и регионов, вклучувајќи и пациенти од битолската болница, информира директорот Горан Балевски. „Потрошниот материјал престана да работи и ќе треба да се набави нова цевка. Целиот овој период томографскиот апарат беше единствениот апарат кој ги покриваше сите пациенти од ковид и од...
Градскиот мешан хор Вокс Лихнидос нижи успеси дома и на меѓународни натпревари
Post Views: 181 Вокс Лихнидос, градскиот мешан хор нижи успеси и го зацврстува своето реноме на музички план дома и надвор. Охридските хористи се активни и учествуваат на музички меѓународни и домашни натпревари и во ова специфично време на живеење. Пробите ги работат он лине од дома, преку зоом платформата, појаснува Бурим Хидри диригент на градскиот мешан хор Вокс Лихнидос. Со новиот начин на работа пеењето е поинакво, но добиваме нов квалитет кај членовите, појаснува охридскиот професор по музика. „Секој хорист мора да покаже индивидуално што знае и да се потпре на сопствените...
Следната година во општина Охрид ќе се финансираат проекти за енергетска ефикасност и патна инфраструктура
Post Views: 243 Центарот за Југозападен плански регион поднесе два регионални проекти за финансирање на 9те општини од Програмата за рамномерен регионален развој. За 2021 година има на располагање средства во висина од 41 милион денари. Прифатени се проекти од 4 општини за подобрување на енергетска ефикасност на објекти и за 6 општини за подобрување на патната инфраструктура и економскиот развој. Од општина Охрид се прифатени по еден проект од двете области за користење средства од Програмата за регионален рамномерен развој, инфромира Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за Југозападен...