Автор: Валентина Неловска
Post Views: 4 Во близина на ОУ „ Св. Климент Охридски“ се појави свлечиште. Отвор со дијаметар од околу половина метар и исто толкава длабочина зјае веќе три недели. Дупката е опасна за минувачите, а посебно за учениците. Од Комуналнот фонд велат дека нивни екипи направиле увид на терен и најавуваат санација на проблемот од идната недела.„ Се констатира дека проблемот во најможно брзо време мора да се реши. Свлечиштето или отворот да се санира во најкус можен рок. Се донесе заклучок да се пристапи за решавање на проблемот веднаш по подобрување на временските услови. По...
За само една недела од март грипот „легнал“ 311 охриѓани
Post Views: 6 За само една недела од грип заболеле 311 охриѓани. Амбулантите на матичните лекари, но и на инфективното одделение се полни со пациенти заболени од грип. Епидемиологот д-р Јованка Стурллакова Коровешоска од Центарот за јавно здрвје Охрид, информира дека засега се изолирани вирусни инфлуенци од типот А и Б. 87 проценти од заболените се инфицирани со вирус тип Б , а останатите 13 посто од тип А, укажува д-р Коровешоска. Статистиката покажува дека во првите два месеци од годинава споредени со 2014 има поголем број заболени од грип, но за среќа нема фатални...
Започна првата фаза на уредување на Лајонс паркот во Охрид
Post Views: 6 Означен стартот за уредување на Лајонс паркот Охрид. Започна првата фаза за подготовка на хортикултурно уредување на дел од потегот покрај пешачката патека од каналот Студенчишта до каналот Рача. Изградбата на паркот е заложба на сите 4 Лајонс клубови од Охрид со поддршка од општина Охрид. Маријан Талев, гувернерот на Лајонс Дистрикт 132 Македонија, напомена дека како дистрикт 132 ќе ја поддржат оваа акција која е за граѓаните на Охрид. „Ние сме горди Лајонси со овој проект што денес започнува во Охрид. Како Лајонси имаме 8 сервисни акции, првата е вид,...
Остварена Билатерална средба помеѓу министерот Јолески и Тодешини францускиот државен секретар
Post Views: 4 Остварена билатерална средба помеѓу македонскиот министер за одбрана Зоран Јолески и Државниот секретар за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Франција, Жан – Марк Тодешини. Министерот Јолески ја отцени досегашната соработка како одлична.„ Разговаравме за зајакнување на соработката во областа на одбраната. Го информиравме гостинот за приоритетите на РМ и на Владата, за интеграциите во НАТО и ЕУ и затоа што РМ придонесе во Нато мисиите особено во Авганистан. Се договоривме оваа соработка да продолжи и понатаму на поинтензивен...
Тим ученици од ОУ „Григор Прличев“ освоија врвна иновативна награда на ниво на државата
Post Views: 10 Десетмина ученици од ОУ „Григор Прличев“ добија врвна иновативна награда на ниво на државата. Тим составен од вредни и паметни ученици од 6-то до 9-то одделение од ОУ Григор Прличев се прво рангирани на проектот „Значење на користење на алтернативни извори на енергија за зачувување на здравата животна средина“. Учениците Леонид Тодороски, Митко Савев, Софија Милеска, Климент Симоноски, Дарјан Славкоски, Леонид Курто, Ивана Јанкулоска, Марија Јакимоска, Димитар Ѓуроски и Сара Неделкоска го сочинуваат амбициозниот тим кој освои врвна иновативна награда. Тие со...
Нoви Совети во урбаните заедници стари проблеми
Post Views: 5 Јавни тоалети, тротоари, асфалтирање на улици, изградба на детски и спортски игралишта, поставуавње на автобуски постојки се само дел од потребите на жителите од урбаните заедници Стар град, 8 септември и 15 -ти Корпус. Во овие урбани заедници заврши изборот на новите раководства на Советите. Течат законските рокови кога за 30 дена од Советите кои имаат од 3, 5 или 7 членови мора да изберат претседатели на урбаните заедници. Избраните претседатели од урбаните заедница треба да се алката помеѓу жителите во населбите и Локалната самоуправа за подобрување на нивното...
Охридското езеро интересно за наутичарите
Post Views: 6 Охридското езеро е во врвот на дестинациите за развој на наутичкиот туризам. Нашата акавторија е огромна кога станува збор за езерата , вели капетаноит Горан Устијаноски кој ги претстави сите предности на нашето езеро на Саемот за наутика во Белград. Потенцијалите се огромни кога станува збор за пловењето, едрењето и едриличарските спортови, напоменува Устијаноски. Додав дека езерото со своите карактеристики предизвикало голем интерес кај наутичарите во Белград.„ Апсолутно ако гледате и направите споредба со другите езера во светот Охридското езеро со сигурност...
Ренџерите од Галичица прават проценка на оштетените стебла
Post Views: 5 Ренџерските служби во НП „Галичица“ започнаа со увид на оштетената шума од снежните наноси оваа зима. Досега увид не беше можен заради снегот кој сеуште го има на повисоките места. Планината Галичица натежнала под снегот како никогаш досега, вели шумарскиот инженер Номче Новески од НП „Галичица“. Новески информира дека ренџерите излегле на терен на пристапните места за да ги констатираат штетите од откорнати стебла и искршени грански на шумскиот фонд во паркот.„ Вакви штети досега сме немале. Ќе не чека доста работа иако тоа е во работните задачи на ренџерите и...