Автор: Валентина Неловска
Post Views: 4 Започнаа уписите во средните училишта во земјава кои ќе траат во следните три дена. Во јавните средни училишта слободни се 30.053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта во земјава. Од вкупниот број на слободни места во прва година средно образование, 19.602 места се во стручното образование во 604 паралелки, 9.261 место се во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 места во 35 паралелки се наменети за училиштата од уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко-информатичка гимназија.Годинава на средношколците им се нуди...
Општина Вевчани ја завршува изградбата на фекалната канализација во населбата
Post Views: 5 Изградбата на фекална канализација во општина Вевчани се привршува кон крај. Изградени се 9 канализациони краци или околу 99 проценти од домаќинствата и објектите се приклучени на фекалната линија. Остануваат многу кратки краци кои ќе може да ги заврши јавното претпријатие Вевчани, информира Сашо Јанкоски, градоначалник на општина Вевчани за овој крупен инфраструктурен зафат. „Со канализационите линии во должина од околу 1 км и 200 метри Вевчани ја заокружува целосно канализационата мрежа. Изградивме и нова пречистителна станица и овие денови се очекува да се...
Охридските пациенти три месеци немаат реагенси за проверка на тироксин
Post Views: 5 Пациенти повеќе од три месеци не можат во болничката лабараторија да го проверат хормонот тироксин. Се жалат дека во лабараторијата нема реагенс за проверка на функцијата на тироидната жлезда. Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов потврдува дека во нивната лабараторија нема ваков реагенс. Образложи дека проблемот настанал кога Фондот за здрвствено осигурување им го проширил пакетот на услуги на приватните ординации и лабаратории. Тоа им го зголемил приливот на пациенти во нивната лабараторија, а количините не им биле планирани за таа година.„ За конкретната...
Да се вратат на трпезите квалитетните охридски сортни вина
Post Views: 5 Две сорти охридско вино ќе бидат презентирани на „Неделата на вино“ во Неготино за празникот Св.Трифун. Будимир Соколовиќ, стопанственик од Охрид, ќе изложи на дегустација црвено вино мерлот и бело шардоне од неговиот вински подрум. Охридското поднебје во минатото изобилувало со високо квалитетни сортни вино и лозови насади кои сега се запуштени и заборавени, вели Соколовиќ. Додава негова желба е да се вратат на трпезите квалитетните вина од охридското виногорје, додава Соколовиќ. „ Моја визија е да има поголем број на насади со автохтона сорта на грозје како што е...
За пристаништето пред хотел Палас заинтересирани две компании
Post Views: 5 Две сериозни компании се интересирале да го реконструираат руинираното пристаниште пред хотел Палас, и да стопанисуваат со угостителски објект кој би се изградил на тој простор, тврдат од Локалната самоуправа. Од таму не откриваат детали за заинтересираните бизнисмени. Минатата година општината распиша конкурс за идејно решение за уредување на овој простор за да се спречи понатамошното негово пропаѓање кое трае со години наназад. „Има најави од 2 компании кои би прифатиле веднаш да стопанисуваат, да работата со тој објект на пристаништето. Со идејното решение...
Охридскиот градоначалник ги посети и семејствата кои настрадаа во неодамнешните поплави
Post Views: 4 Градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници посетија неколку поплавени објекти на улиците „ Стив Наумов“ , „ Аџи Мустафа“ во населбата Лескајца и „ Сатеска“ во населбата Далјан. Засега до ЛС нема пријави на граѓани кои бараат помош од сместување, рече Бакрачески.„ Сега засега нема побарано од поплавените но ако побараат ќе излеземе во пресрет и ќе најдеме сместување и за нив. После направените записници на штетите ќе донесеме одлука според која ќе бидат оштетни и поплавените од изминатите денови во Охрид“, кажа Бакрачески. Градоначалникот најавува...
Пожар го остави без дом Диме Мaрмачоски од Охрид
Post Views: 3 Пожарот на улица Винковачка бр.75 го остави Диме Мaрмачоски без кров над главата. Пламените јазици на пожарот кој избил во дневната соба на едноспратната куќа му ја пеплоса целата покуќнина. Тој во куќата живеел со болен син, кој во моментов се наоѓа на лекување во болничка институција, а живее од семејната пензија на почината сопруга. Причина за пожарот е експлозија од телевизорот. До несреќата која во саботата го снајде Мaрмачоски дошло додека отишол да купи цигари во маалската продавница.„ Отварање на влезната врата, влегов во кујната и ме удри пламен. Не...
Објавено цеде со аудиозапис од животот на македонскиот поет Григор Прличев
Post Views: 3 Издадено цеде со аудиозапис од животот на поетот и преродбеникот Григор Прличев. Александра Белеска, директор на охридската библиотека, е автор на цедето посветено на Прличев, вториот Хомер. Ова е продолжение на првиот дел од аудио записот издаден минатата година, а содржи моменти од животот и творештвото на Григор Прличев. Цедето ќе може да се позајмува од охридската библиотека Цедето е издадено во 30 примероци, со финансиска помош на министерството за култура, а техничката обработка на Славчо Спростран. „ Библиотеката за прв пат добива материјал во аудио...