Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

ОO СДСМ бара градоначалникот да го прекине самоволието на директорката на ЈОДУ„ Јасна Ристеска“

Post Views: 41На прес конференција советничкатат од СДСМ Оливија Пирузева Јанева во името на  социјал-демократите од Охрид побара од градоначалникот Никола Бакрачески,  наместо да замижува, да преземе соодветни мерки и да го прекине самоволието на директорката на градинката Јасна Ристеска. „ Директорката на оваа градинка без согласност на Советот на Општина Охрид ја покачила цената за полудневен престој, речиси двојно, од 800 на 1.500 денари“. За секоја  промена треба да добие согалсност од СОвет на општина Охрид“,  кажа Јанева.  Дополнително, директорката им наметнува на родителите нови...

Продолжи со читање

emo

Синдикатот од АД ЕМО бара помош од охридскиот градоначалник

Post Views: 40Синдикатот на АД Емо поднесол список од 80 вработени со барање за помош до градоначалникот Никола Бакрачески. Бараат да им се помогне да не бидат тужени заради неподмирени долгови кон трите јавни претпријатија, Проаква, Комуналец и Нискоградба и  да не им се пресметуваат камати.  Станува збор за  членови на синдикатот од некогашниот стопански гигант во Охрид кој  во моментов се наоѓа во тешка финсиска состојба.  Ова барање  следува по ветувањето на градоначалникот Бакрачески дека ќе ја разгледа можноста Локалната самоуправа да им помогне на  вработените, напоменува Миле...

Продолжи со читање

Галичица

Се оценува како ќе влијаат проектите во НП Галичица врз животната средина

Post Views: 43НП „Галичица“ по задолжение на Владата треба да го измени  планот за управување во неговите граници и да се овозможи градба на три големи проекти. Треба да се изработи стратешка оценка на тие измени  како градбите како што се експресниот пат Охрид -Пештани – Албанска граница, скијачкиот центар и развојната туристичка зона Љубаништа ќе влијаат врз животната средина, напоменува д-р Оливер Аврамоски, раководител на сектор за зачувување на природата во НП Галичица.„ Наша цел е преку изготвување на тие измени, со студија и стратешка  оценка да кажеме што ќе биде засегнато од...

Продолжи со читање

gradinka

Во охридските градинки нова повисока цена за полудневен престој

Post Views: 52Родители до редакцијата на ТВМ реагираат дека се изненадени од веста за новата скоро двојно повисока цена која ќе ја плаќаат за полудневен престој на нивните деца во градинка. Цената за полудневен престој со ручек ќе се зголеми од 806 на 1490 денари , колку што чини и целодневниот престој.   Директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска негира дека станува збор за нов ценовник туку за измени.„ Сумата која досега се плаќала од 806 денари била заостаната од 2004 година и се однесувала на деца кои користеле само воспитно-образовни активности од 9 до 11 часот. Сега со...

Продолжи со читање

Синдикатот на ЕМО побарал средба со премиерот Никола Груевски

Post Views: 38Синдикатот на АД ЕМО  за 26 јануари побарало средба со премиерот Никола Груевски. Од претседателот на Владата ќе бараат решавање на нивните три основни барања, исплата на заостанатите плати и придонеси, решавање на статусот на работниците што понатака со компанијата, како и  исплата на придонесите за стечајните работници за остварување на право на надоместок. Трите основни барања според нив се остварливи доколку има волја на власта , вели претседателот на синдикатот на АД Емо  Миле Крстаноски. Се надеваат дека ќе дојде до  средбата и ќе се најде излез за нивната агонија која ...

Продолжи со читање

sonk

Охридските наставници не се во штрајк

Post Views: 42Охридските наставници денес не штрајкуваа. Утрово во сите училишта наставно – образовниот процес започна навреме и течеше без проблем, вели  Јордан Пуроски,  претседател на активот на директори на општинските  училишта. Пуроски кажа дека биле подготвени доколку некој штрајкувал.„ Бевме спремни ако некој наставник се изјасни за штрајк  да имаме соодветна замена и учениците да не губат настава, но до петокот во ниедно училиште немаше одлука од синдикатот дека некои училишта ќе спорведуваат штрајк,“ рече Пуроски. Минатиот петок РО на СОНК  од Охрид донесол заклучок  дека...

Продолжи со читање

sonk

Струшките наставници во штрајк

Post Views: 49  1500 членови на Синдикатот за образование, наука, и култура од Струга, Вевчани, Дебар и Жупа се во штрајк. Во штрајк се наставниците од 4 средни училишта,  18  општински училишта, и вработените во една градинка,  и двата музеи  од Струга и Дебар, информира Демирчани Реџепи, претседателот на РО на СОНК Струга. Наставнците штрајкуваат на своите работни места, а децата се во училишните клупи. „Нема притисок нити од градоначалникот нити директорите немам таква информација  и досега не сме имале и штрајк се се одвива нормално, без проблеми“, кажува Реџепи.  Наставнците имаат ...

Продолжи со читање

Охриѓани го одбележаа празникот Водици

Post Views: 46На Божествената литургија во храмот Успение на Пресвета Богородица Каменско  утрово беа присутни голем број верници. За сите нив празникот Богојавлениe има големо значење. По одржувањето на литургијата сите верници тргнаа кон пристаништето каде што  светиот крст се фрли во езерските води. Празникот Водици или Богојавление се нарекува така зашто во мигот на Крштението Христово„ се покажа поклонувањето на Света Троица“.„ На овој голем ден Бог се јавува во три лица. И самиот збор Богојавление значи Бог се јавува самиот, синот Богочовекот Христос се наоѓа во водите на Јордан,...

Продолжи со читање