Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Екологистите од Грашница бараат да се изработи археолошко сондажно истражување на Мауцкер

Post Views: 5 Екологистите од Грашница со демант дека молчеле за претварањето на локалитетот  Мауцкер во градска депонија. Ние отсекогаш сме укажувале дека градежниот шут на Мауцкер не смее да се меша со  друг вид отпад, но за жал никој не ги послуша нашите апели,  вели претседателот на ЕД Грашница Борис Стојаноски. Активни се  и во новите случувања на Мауцкер. Во декември приговорале за развојната зона дека тука  постои археолошки локалитет, посочува Стојаноски.     „  Во сегашната фаза ја поздравуваме идејата за чистење на депонијата, за изградба на развојната индустриска...

Продолжи со читање

Доделени наградите за најубаво украсен новогодишен двор во Охрид

Post Views: 5 Славка Маркулеска и нејзиниот син Михаил се добитници на првата награда за најубаво украсен новогодишен двор. Втората награда им припадна на Иванка и Бруно Гигер, а третата награда  ја доби Аце Ѓурчиноски. Маркулеска кажа дека новогодишните креации се резулатат на креативноста на целото семејство, а поголемиот дел од реквизитите ги изработила сама од природни материјали.  „Вметнавме поголемо осветлување , ставивме и едно буре кое ќе симболизира новогодишно прославување,“, кажа Маркулеска.   Семејството Гигер, Иванка и Бруно, се добитницци на втората награда и на...

Продолжи со читање

Лебедите на Охридското езеро без конкретна законска заштита

Post Views: 5 Лебед  со скршено крило плива во Охридското  езеро. Пред два дена до НВО „Анималија“  пристигнала дојава од граѓани дека е забележан лебед со скршено крило. За повредениот лебед  знаеме  околу два месеци, информира  Димитар Ставрески од  Анималија  Здружение за заштита на животните.  Се обиделе да исконтактираат некои институции за да се вклучат во санирање на повредата, но не можеле да најдат кој е одговорен, објаснува  Ставрески. Слично искуство имале и пред неколку години. И тогаш и овој пат наишле на  оградувања на надлежностите од институциите, појаснува...

Продолжи со читање

Приведен 24 годишен охриѓанец за сексуална злоупотреба на малолетник

Post Views: 4 Приведен  24 годишен охриѓанец за сексуална злоупотреба на малолетник. Во почетокот на ноември минатата година,  пријавениот креирал лажен фејсбук профил и воспоставил контакт со 13 годишен ученик од Охрид. Во меѓусебната комуникација на оштетениот му кажал дека има 24 години и дека ќе му даде мобилен телефон „Ајфон“ доколку дојде во неговиот дом лично да се запознаат. Притоа си разменале и телефонски броеви.„ Средбата  се остварила во семејната куќа на приведениот каде што се случил половото дејствие. Најнапред со убави зборови, а потоа и со закани се обидел да го...

Продолжи со читање

Сајбер насилниците ги демнат децата на интернет и социјалните мрежи

Post Views: 5 Користењето на фејсбук и социјалните мрежи ги става во опасност децата од сексуални злоупотреби. Од првата детска амбасада Меѓаши нагласуваат дека децата ги демнат  опасности од сајбер насилниците и порачуваат на добра информираност и на родителите и на децата за правилно користење на интернетот. Јана Зенгоска од Меѓаши посочува дека кампањите кои се водат за правилно користење на компјутерската технологија даваат резултати , но потребна е постојана едукација.  „Можеби се должи на сензибизлирање но сеуште родителите и децата сметата дека тоа не може да им се случи...

Продолжи со читање

Православните охриѓани го слават Божиќ

Post Views: 5 Православните верници денес го слават најголемиот празник Христовото раѓање. Охриѓани од утрово масовно ги  посетија  верските храмови, запалија свеќи и со молитва  посакаа мир и добросостојба за своите семејства и за најблиските. Отец  Диме Азески посочува за големото значење на овој празник и порачува да го славиме Богомладенецот Христос, Отецот и светиот Дух со цврста вера, надеж и искрена љубов.   „Овој  празник е најголема  радост затоа што ни ја открива слободата и радоста која Бог ни ја дарил со своето раѓање. Примил човечки лик за да не ослободи од...

Продолжи со читање

Започнатата доградба на општинската зграда ќе се довршува

Post Views: 4 Наскоро ќе почнат зафати за завршување на доградбата на општинската зграда.  Ова го  најавуваат од локалната самоуправа околу градежните планови  со довршување на зградата во кој ќе биде сместена општинската администрација. Темелите на доградбата  беа поставени пред две години, а градежните работи беа стопирани пред локалните избори во 2013. Од втората половина на овој месец се очекуваат градежни зафати за нејзино довршување.  „ Надминати се оние наследени проблеми кои беа врзани со изградбата на општинската зграда. По распишаниот јавен повик одобрени се 4 компании...

Продолжи со читање

На градскиот плоштад поставена Бадникова пештера

Post Views: 5 Голема украсна Бадникова пештера е поставена на градскиот плошатд која наликува на онаа во Витлеем каде што е роден спасителот Исус Христос. Таа е подрок за градот од Бигорскиот манастир а е дело на вредните монахињи од манастирот Св. Ѓорѓи Победоносец во Рајчица. Пештерата со димензии од  2,5 метри широчина и  3 метри  височина е направена од различни природни материјали, уникатно украсена и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандилце.На украсната пештера и се восхитуваат охриѓани и туристите и претставува прекрасно надополнување на Божиќната...

Продолжи со читање