Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Блесна Новогодишна зимска бајка во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 177 Во ОУ Григор Прличев заблеска Новогодишна волшебна атмосфера. На иницијатива на Советот на родители од школото се внесе празничен дух во училиштето за да ги развесели срцата на учениците. Сашко Георгиески, претседател на Советот на родители од ова училиште, информира дека проектот бил прифатен од родителите, учениците и раководството на училиштето и се реализирал за еден викенд. Во изработка на декорациите учествувале 330 деца кои заедно со помош на родителите во домашни услови изработиле над 600 снегулки. На приземје во училишниот хол поставени се снегулки и елка...

Продолжи со читање

Македонскиот угостителски сектор „гладен“ за квалитетни стручни кадри

Post Views: 234 Угостителското средно стручно училиште „Ванчо Питошески“ од следната учебна година преминува во државен регионален центар за средно стручно образование. Со одлука на владата угостителското училиште добива нови можности за едукација на кадри од формалното и неформалното образование. Покрај едукација на профили од угоститеството за средношколци се добива можност и за прекфаликации на повозрасни лица, како и обуки и за наставниот кадар од Југозападниот регион, информира директорт Марјан Радески. „Голем број на луѓе кои ќе сакаат да направат прекфалификација на своето...

Продолжи со читање

Од охридската општа болница стравуваат од притисок врз здравствениот систем по претстојните празници

Post Views: 167 Сто пациенти се лекуваат во ковид центарот во општа болница Охрид во моментот. Половината од пациентите кои се на болничко лекување со потешка клиничка слика се на кислородна поддршка. Засега има слободни кревети, лекови и кислородни боци инфромира д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Опша болница Охрид. Директорот е сепак загрижен од неизвеснит тек на пандемијата по претстојните новогодишни и верски празници. Повикува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот и да не се групираат. „Искрено стравувам многу сега почнуваат празниците. Охрид од Св Никола...

Продолжи со читање

ЈП „Охридски комуналец“ ќе набави ново пајак возило

Post Views: 272 Голем број сопственици на моторни возила ги паркираат колите каде што ќе најдат место или каде што им одговара. Со непрописното паркирање гo попречуваат движењето на другите учесници во сообраќајот и не водат грижа за почитување на сообраќајните правила за паркирање на дозволени места. Пајак службата е постојано на терен и се справува со несовесните возачи. Службата функционира во рамките на ЈП Охридски комуналец и работи секој ден, информира Љупчо Грданоски директор на јавното претпријатие. Во соработка со сообраќајната полиција и локалната самоуправа се надеваме...

Продолжи со читање

Д-р Влаши Хиса: Св. Климентовата повелба чест и мотив за вложување во професијата која ме прави среќна

Post Views: 769 Гинекологот д-р Мимоза Влаши Хиса е една од тројцата годинешни добитници Св Климентовата Повелба  за особени заслуги. Покрај сите предизвици и потешкотии кои ги носи нејзината хумана професија, таа вели дека и по 2 децении ја чувствува истата љубов и елан при доаѓањето на нов живот на свет. Наградата ме прави неизмерно горда, а чувството е возвишено и не може да се опише со зборови посебно кога доаѓа од сограѓаните, вели д-р Влаши Хиса. „Преку нашите избраници градоначалникот и советниците во Советот се слуша гласот на народот. Ова е признание добиено од нив и ме...

Продолжи со читање

Во алпинизамот продолжуваат само најупорните спортисти

Post Views: 201 Алпинизмот како спорт е интересен за охриѓани  и  има интерес за членување во Алпинситичкиот клуб  Патагонија, вели алпинистичкиот инструктор Антонио Додевски. Тоа е спорт во кој успеваат дисциплинираните и истрајните спортисти. Алпинизмот е специфичен спорт, дејност, еден од најкомплексните планинарски спортови, вели Додевски. „Времето кое треба да се посвети на алпинизмот е сериозно. Има интерес, луѓето прашуваат, но само 5 проценти од оние кои се заинтересирале и почнале ако се задржат во алпинизмот за нас е среќна околност“. Во јавноста не е многу познато...

Продолжи со читање

Охридската болница најавува изградба на систем за снабдување со течен кислород за сите одделенија

Post Views: 226 Изградба на систем за снабдување на течен кислород за сите болнички одделенија, најавува д-р Горан Балевски директор на општа болница Охрид. Довод на течен кислород има само во ново изградениот хируршки блок. Стариот дел на охридската болница и болничките павилјони се без централен довод на кислород. „Се обидуваме со градоначалникот да направиме еден систем на течен кислород кој би го обезбедил како донација општината. За наредните 50 години болницата да добие течен кислород. Тоа би биле големи танкери од кои ќе го добиваме кислород во течна форма. Со посебен систем...

Продолжи со читање

Општина Охрид ќе формира партиципативно тело за урбанизам

Post Views: 194 Општина Охрид ќе формира партиципативно тело за урбанизам. Заврши огласот на кој имале парво да се пријавуваат граѓани, НВО и правни лица за да бидат дел од телото кое треба да се формира според најновите измени на Закон за просторно и урбанистичко планирање. Телото ќе брои 7 члена и ќе има за цел да ја вклучи јавноста во подобрување на просторното и урбанистичко планирање на градовите, објаснуваат од Секторот за урбанизам при Општина Охрид. „Има пријавени лица кои по донесувањето на Деловникот за работа ќе го формираат Партиципативното тело. Тоа ќе работи со нас....

Продолжи со читање

Предлози како до подобра детска и социјална заштита во општина Охрид

Post Views: 182 Претставници од образовни институции, невладиниот сектор и граѓани учествуваа на трибина каде што се даваа предлози како да се подобрат детската и социјалната заштита во општина Охрид. На средбата се слушнаа потреби и проблеми на здруженијата на лица со посебни потреби, здруженијата на родители на деца со церебрална парализа, потребите на подобрување на условите во основните и средните општински училишта. Меѓу изнесените предлози се изгградба на пристапни рампи за лицата со инвалидитети насекаде низ градот, обезбедување чуварски служби во училиштата, како и формирање...

Продолжи со читање

Јога центар Охрид 3 децении постоење достапни и во пандемија

Post Views: 332 Јога Центарот Охрид одржува он лине часови преку почетна и напредна група во време на пандемија. Во моментов се поактивни жените за разлика од мажите. Тие бараат начин за релаксација и ослободување од стресот кој го наметна пандемијата во последните месеци, вели Александра Јанеска, која 2 децении е инструктор по јога вежби. Јогата помага да се опуштат. Се работат техники на дишење, релаксација и се вежбаат аксана телесни положби кои помагаат во урамнотежување и хармонизирање на сите системи во телото, кажува Јанеска. „ Иако он лине работевме со бремени жени. Последниве...

Продолжи со читање

Марија Шиникоска, самохрана мајка со три деца низ солзи бара помош од заедницата

Post Views: 202   31 годишната Марија Шиникоска е самохрана мајка на три деца. Младата мајка низ солзи и со тешко срце бара помош од заедницата. Таа и нејзините деца живеат во една влажна просторија која прокиснува, а привремено ја добила на користење од нејзина пријателка. Шиникоска се бори во животот со помош на хуманите пријатели бидејќи со платата која ја заработува не може да им обезбеди пристојни животни услови на нејзините три малолетни деца 6 годишната Светлана, 4 годишната Димитра и двегодишниот Виктор. На прагот на зимата Шиникоска и нејзините деца се без струја еден...

Продолжи со читање

Општина Охрид ги врачи Св.Климентовата награда за животно дело и повелбите за особени заслуги

Post Views: 181 Општина Охрид ги врачи Св.Климентовата награда за животно дело и повелбите за особени заслуги. Професор д-р Вера Битракова Грозданова ја прими наградата за животно дело. При тоа во своето кратко обраќање кажа дека наградата не е само чест туку подарок за многу години поминати во истражување на минатото на Охрид и околината, Струга и Преспа. Ова го чувствувам како Божји дар, рече проф. д-р Битракова Грозданова. „Св Климент не само што е патрон на градот и на Македонија, тој е во мислите на охриѓани. Со векови како една длабока традиција вкоренета во душите, прославите,...

Продолжи со читање