Автор: Валентина Неловска
Post Views: 5 Народниот театар од Охрид слави десетгодишен јубилеј од неговото формирање со изведба на претставата „Сопружници”. Денес, се одбележува јубилеј кој пред една декада и повеќе беше мислена именка градот да има институција театар, а ние штотуку завршените актери го очекувавме како топол леб, се потсетува Стрезо Стаматоски, еден од иницијаторите актери за неговото фомирање. Стаматоски со гордост ги споменува и останатите актери од екипата која го иницираше формирањето на охридскиот театар меѓу кои се актерите Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски,...
Годишнио расте бројот на охридски двојки кои раѓаат трето дете
Post Views: 2 Секоја година бројот на поднесени барања за родителски додаток расте за околу 50 нови пријави. Годинава до центарот за социјални работи во Охрид пристигнале 310 барања, а за споредба лани бројката изнесувала 260 додека во 2012 година 200 семејства добиле трето дете и побарале додаток. Динамиката е задоволувачка и очекуваме овој број да се задржи и во наредниот период, нагласува директорот на Центарот за социјални работи, Екрем Каљоши. Родителскиот додаток за трето дете изнесува 8.360,00 денари а се прима во текот на 10 години. Службите се доведувани во...
Маргинализирани проблемите на охридските лица со телесен инвалидитет
Post Views: 3 Сите здруженија на лицата со телесен инвалидитет од Охрид го одбележаа 3 декември. Заедницата се присетува на нас само на овој ден , а ние сме тука и живееме 365 ден во годината, ги потсети надележните институции од името на охридските здруженија со телесен инвалидитет, Венко Голабоски. Повика надлежните институции да имаат разбирање и да ги сфатат проблемите на оваа категорија сограѓани.„ Инвалидите не живета само едне ден и се дел од ова општество.Да не се маргинализираат ид аим се скратуваат нивните права ипотреби. Не сите инвалиди се со ист степен и вид на...
Над селото Орман засадени чемпреси и јасени
Post Views: 3 Во Охрид успешно реализирана акцијата „Ден на дрвото засадија својата иднина“. Во близина на селото Орман на 2 хектари беа посадени 6000 дрва од кои 4000 чемпреси и 2000 јасени. Во 14 -та по ред акција се вклучија граѓани, ученици, полицајци, политичари, еколози. Заменикот министер за одбрана Сашо Стефаноски беше присутен меѓу своите охриѓани. Со акцијата придонесуваме за подобра и почиста Македонија во наредните 10-15 години, напомена Стефаноски.„ Многу е убаво чувството дека парвите нешто за наредните генерации. Од таа причина се чувствувам посебно, на секоја...
Охридските занаетчии не поднесле до архивот планови и листи на архивски знаци
Post Views: 6 Охридските занаетчиите до изминувањето на рокот не доставиле до архивот планови и листи на архивски знаци. Тоа било став на занаетчиската комора на Македонија. Можно е поединци самоиницијативно и спротивно на ставот на Комората да поднесле документи, појаснува Сашо Богоески, претседателот на Регионалната занаетчиска комора на Охрид. Комората бара изземање од законските прописи за архивски материјал затоа што се ослободени од водење книговоство , завршни пресметки и фискализација. „ Таму пишува да ги чуваме сите документи кои влегуваат и излегуваат во...
Филип Србиноски добитник на наградата лидер на струката
Post Views: 3 Филип Србиноски со „Виенскиот начин“ на послужување ја освои наградата лидер на струката. Овој ученик од 3 година во угостителското училиште „Ванчо Питошески“ е добитник на престижната награда со прeзентација на своите вештини и знаења. Србиноски е меѓу ретките ученици кои велат дека и понатака ќе се занимаваат со оваа професија. Ова не е случај со многу негови претходни и сегашни колеги. Одбрав оваа струка да е моја професија, а најголема желба ми е да имам свој ресторан, открива младиот Србиноски. За одржаниот натпревар во Скопје и наградата лидер на...
Судска разрешница за случајот лизгалиште следната недела
Post Views: 5 Во Основниот суд Охрид денес се одржа рочиште за случајот лизгалиште. Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески го тужи советникот од ЛДП Дејан Блажески за клевета. Спасески во овој спор бара оштета од 5000 евра , за наводно изнесени клевети во врска со градското лизгалиште. Во овој судски предмет судијата ги сослуша тужителот Димитар Спасески и тужениот советникот Дејан Блажески кој е обвинет за клевета. Спасеки кажа дека тој не е потписник на договорот за поставување на лизгалиштето и со тоа Блажески напрвил клевета кон него нарекувајќи го проектот штетен...
Нема спортски активности во СРЦ „Билјанини извори“
Post Views: 7 Спортско рекреативниот центар Билјанини извори две недели нема струја. Со тоа се доведени во прашање работата на службите на салата и на спортските активнсоти кои се одвиваа таму. Прекинати се во моментов спортските натпревари во футсал за градските основни и средни училишта.„Ние како колеги и професори минатата сабота се собравме и сметавме дека ќе може да одржиме едно коло. Но, сите колеги од средните училишта зазедовме став дека нема светло за да се реалзира колото за да не дојде до повреди на учениците на натпреварите. Заклучивме дека продолжиме штом ќе се...