Автор: Валентина Неловска
Post Views: 35Со едногласна одлука на охридските советници, општината ќе го плати долгот на ОУ Григор Прличев кон ЕВН. Со тоа Локалната самоуправа ја презема обврската на Основното училиште „ Григор Прличев“ за исплаќање на долгот кон ЕВН во висина од 813.000 денари за потрошена електрична енергија. Градоначалникот Никола Бакрачески се заблагодари на советниците за донесената одлука во интерес на 1100 основци да посетуваат настава во нормални услови.„ Јавно им се заблагодарувам на високата општествена свест и на опозаицијата и на владеачкото мнозинство за конструктивната одлука која...
Компјутерскиот томограф во охридската општа болница работи успешно
Post Views: 45Томографот во општа болница Охрид работи под полна пареа. Апаратот работи една смена, во текот на денот и 24 часа на повик. Се реализираат и по 25 компјутерски снимања на пациенти во денот. Таа бројка некогаш достигнува и повеќе од техничките и умствените можности на екипата, па имаме реалзирано и до 36 пациенти во еден ден во текот на 6 работни часа, информира д-р Софка Маленко специјалист по радиодијагностика. Во последните месеци имаше премногу пациенти и работа, а имаше недостиг од радиолози. Многу ретко се случува да има залутани пациенти со неоправдани снимања на...
Основците 3 ден без струја, локалната бара „чаре“
Post Views: 31Опозицијата во градскиот совет, на почетокот на денешната седница, предложи итна расправа за состојбите во ОУ „Григор Прличев“. Побараа информација од службите на градоначалникот за настанатиот проблем. Со 8 гласови „За“ и 13 „Воздржан“, советот не го прифати предлогот. Димитар Спасеки , секретарот на локалната самоуправа, за медиумите изјави дека работат на 2 акциони планови за одблокирање на сметаката на училиштето. Уште вчера се воделе преговори со адвокатските тимови на сопствениците кои ја блокирале сметката и можноста за времено одблокирање на сметката. Потенцира...
Центарот за депресија во Охрид засега e само идеја.
Post Views: 38Проектот за формирање на центар за депресија засега е само на ниво на идеја. Првите луѓе на Здравствен дом Охрид, д-р Митко Дабески и д-р Љубен Арнаудов, од Општа болница, велат дека до нивните институции непристигнале никакви конкретни инструкции од ресорното министерство.Д-р Дабески од Здравствен дом за ТВМ со кус коментар дека нивната установа може да обезбеди само просторија во Маларична, но не и специјализиран кадар. Нивната установа нема психијатар. Во Општа болница пак, подолго време се соочуваат со дефицит на ваков стручен кадар. Иако од ресорното министерство...
За мракот во Григор Прличев и Билјанини извори охридските социјалдемократи ги обвинуваат градоначалникот Бакрчески и Вмро Дпмне
Post Views: 37Охридските социјалдемократи за мракот во најголемото општинско основно училиште и спортската сала упатија обвинувања на адреса на градоналаникот Никола Бакрачески и Вмро Дпмне.Според информации на Општинската организација на СДСМ училиштето должело за струја над 800.000 денари или околу 13 илјади евра.„ Ова е последица на неодговорното однесување на Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ. За контрадикторноста да биде поголема, со предвидениот ребаланс на буџетот на општина Охрид Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ ги кратат неопходните средства за комунални и режиски трошоци и тоа за 37% во...
Локалитетот Рајца во Љубанишко поле е заштитена зона
Post Views: 43Локалитетот Рајца во Љубанишко поле е во заштитена зона. Направени се зафати како што се утврдување на границите на локалитетот, неговата контактна зона и режимот кој треба да го има секоја заштитена зона. Со тој режим ќе се наложи конзервација на локалитетот, напоменува директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. На тој локалитет не е дозволена урбанизација, а сеуште не е утвредна површината на која се протега.„ Се уште се работи елаборатите и не можам да кажам точна површина. Граници ќе има самиот локалитет, а ќе се утврди и негова контактна зона која...
Органското производство на храна сеуште „ баук“ за охридските земјоделци
Post Views: 36Во охридскиот реон засега пчелар од Трпејца е единствен сертифициран производител на органска храна. Интерес за ваков начин на производство покажуваат и други земјоделци, овоштари и сточари, но тешко се одлучуваат на таков чекор. Заинтересираните денес имаа можност да го дознаат процесот како да станат производители на органскa храна. Тоа им го овозможија од секторот за локален економски развој и канцаларијата за поддршка во земјоделството, при Локалната самоуправа. „ Интересот е голем. Секојдневно се јавуваат луѓе во канцеларијата за тоа како да дојдат до...
Азербеџанците се запознаа со Македонија преку песна и оро
Post Views: 87Азербеџанците се запознаа со Македонија преку песна и оро. Од 9 до 11 ноември во главниот град на Азербеџан, Баку и во градот културната ризница Агсу, се одржуваа „Деновите на Mакедонското културно наследство“. Централно место на манифестацијата е настапот на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани.Играорците со целовечерна програма презентираа традиционални песни и ора, носии и обичаи на Р.Македонија.Во рамките на оваа манифестација проф. д-р Рубин Земон, претседател на научниот совет на Институтот за социо-културна антропологија на Македонија одржа предавање...







