Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охриѓани дишат чист воздух без прашина

Post Views: 6 Охриѓани дишат чист воздух без прашина. Ова го потврдуваат анализите од  охридскиот Центар за јавно здравје  измерени во месец октомври. Аерозагадувањето се мери на четири мерни пунктови низ градот во близина кај Општа болница, кај детската градинка „Јасна Ристеска“, кај автобуската станица и на северниот влез во градот. На последното мерно место каде што во близина има раскрница, надвозник и подвозник е забележано и  највисокото  загадување на воздухот. Тука биле евидентирани аероседименти во износ од 121, 85 mg/lit  воздух. Оваа вредност е  многу ниска во споредба...

Продолжи со читање

Златото на Лихнитида ќе биде изложено на денот на Св. Климент

Post Views: 4 Охриѓани за еден месец ќе го видат Златото на Лихнитида.  Златната соба ќе биде отворена на 8 декември на Св. Климент, патронатот на градот. Припремите за отварање на поставката која ќе содржи 400 златни артефакти се во завршна фаза. Во моментов во печат е даден каталогот кој го работат археолозите Паско Кузман и Нада Почич Кузман, информира Тања Паскали Бунташеска.  Во меѓувреме во Завод и Музеј ќе се вратат експонатите кои се отстапени на изложби дома и во странство. Од јули златната маска, ракавицата и прстенот пронајдени во близина на Горна Порта се изложени во...

Продолжи со читање

Улицата Карпош Војвода и понатака најопасна за пешаците

Post Views: 10 На охридските улици има повеќе критични точки каде што е загрозена безбедноста на пешаците, информира Цане Георгиески, претседател на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот. Според нивните анализи и понатака како најопасна за пешаците ја посочуваат  улицата Карпош Војвода. Иако, навидум делува како добро регулирана и прегледна улица, возачите не ја почитува брзината и  најмногу страдаат пешаците, од кои повеќето се  деца, кажува Георгиески. Од општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот предлагале решенија за подобрување на состојбите. Прeдложиле...

Продолжи со читање

Децата од три охридски градинки ќе учат англиски јазик

Post Views: 4 Децата од три објекти на детската градинка „ Јасна Ристеска“ ќе учат англиски јазик. Овој проект во градинката се спроведува  со поддршка на образовниот центар ПИСИ. Директорката на Градинката Роза Костеска и директорката на ПИСИ Татјана Димоска потпишаа меморандум за соработка .„ Настава  по англиски јазик ќе се одржува  со деца од градинката на возраст од 5 и 6 години. Наставата ќе е во групи од 15 деца, а ќе се опфатени 90 деца. Наставниот кадар, дидактичкиот материјал и надгледните средатва ќе ги обезбедува ПИСИ, а просторот и дежурните негувателки се од страна...

Продолжи со читање

Во населбата Рача се уредува плоштад

Post Views: 5 Населбата Рача наскоро ќе добие  современ плоштад.  520 м квадратни се поплочуваат со бекатон, бетон и гранитни плочки, се инсталира современо осветлување со канделабри, се поставува фонтана, клупи и канти за отпадоци. Со овој градежен зафат реализираме едно наше ветување со кое им  овозможуваме поквалитетно  урбано живеење на жителите од Рача, вели градоначалникот Никола Бакрачески.„ Со овој зафат местото кое  беше  неугледно, отпадно,  на кое граѓаните депонираа отпад и градежен материјал за неколку месеци успеавме тој неред да го санираме,  да го исчистиме и да...

Продолжи со читање

Изложени екпонатите на 9 -те кралици закитени со бисерни гердани

Post Views: 4 Уметникот Михајло Филев ги презентира бисерните гердани на 9 светски кралици. 6 од експонатите се реплики на охридски бисерни гердани изработени од неговите претци, надалеку прочуени изработувачи на охридски бисери.    Три од примероците се реплики на  ѓердани кои припаѓале на ќерката на Самуил, Косара, мајката на Александар |||, Олимпија и  Клеопатра, кажува Филев. Експонатите  се изложени во неговиот дуќан и имаат за цел да ја  презентираат богатата македонска културна традиција, подвлекува Филев.„ Како млад уметник и горливиот проблем на РМ во докажување на...

Продолжи со читање

Сообраќајните знаци и улични патокази постојано мета на уништување

Post Views: 5 Овој знак закачен на дрво, сигурно нема да ве одведе во саканиот правец. Уништувањето на сообраќајните знаци и улични патокази постојано се мета на вандалско уништување. Секторот за комунална дејност и сообраќај при ЛС постојано ги поправа уништените знаци. Знациите и патоказите во сите  делови од градот постојано се кршат, дури и се откорнуваат од бетон, се шкртаат, но најмногу на удар се оние во центарот на градот, напоменува Љупчо Танески раководител на овој сектор.„Најголемо уништување на сообраќајните знаци има во централното градско подрачје. Се случува во...

Продолжи со читање

На екстерното тестирање казни заработија охридски професори и наставници

Post Views: 3 Тринаесет охридски професори од средни  и основни училишта заработија казни од ресорното министерство и Државниот испитен центар. Тие потфрлиле во резултатите од спроведеното екстерно тестирање што се одржа на крајот од учебната 2013/ 2014 година. Оценките кои ги имале напишано не се совпаднале со покажаните  резлултати на учениците на  спроведеното тестирање. Во охридските општински училишта е помал број на казнетите наставници во однос на наградените.  Во 4-те средни училишта се казнети деветмина, а во 5-те основни училишта казни заработиле  4 -ца наставници.  Тие...

Продолжи со читање