Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охриѓани ги пакуваат патните торби за летување во странство

Post Views: 4 Заживува оптимизмот кај туристичките агенции дека ова лето 2021 ќе биде подобро од претходното кое го одбележа корона кризата. Похрабрите охриѓани веќе ги пакуваат куферите за летување во странство, информира Маја Богојоска  од ТА „Елида турс“. Најповеќе ги има граѓаните со неискористените уплатени средства што им беа уплатени за минатата година. Тие се интересираат во поголем број да ги искористат нивните уплати за одмор на море. „Најмногу резервации ни беа за Грција, но лани воопшто не отворија границите кон таа земја, а годинава почна полека да се отвараат....

Продолжи со читање

За продажбата на земјиштето за изградба на 3 капитални објекти се огласи и Вмро Дпмне

Post Views: 2   Илија Аранудовски, координаторот на советничката група на Вмро Дпмне,  упати остри критики до своите колеги од опозицијата и се осврна на оправданоста од одлуката донесена за продажба на државното земјиште за изградба на трите капитални објекти за градот. „ Анализите направени од страна на стручни лица покажаа дека најбрз и најдобар начин е со продажба на земјиштето. На општината добро би и дошле приходите од продажбата на земјиштето и комуналиите, затоа што на општината,  на валста од ВМРО ДПМЕН и беше предадена со долг од над 33 милиони евра. Намерата е што...

Продолжи со читање

Општината не го раскрчмува државното земјиште , категоричен општинскиот скретар Спасески на обвинувањта на опозицијата

Post Views: 2 На прес конференцијаат која ја одржа секретарот на општината Димитар Спасекси ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека се раскрчмува државното земјиште. „ Интензивно работевме , правевме анализи по кој модел ќе овозможиме градот да ги добие трите капитални инвестиции. Анализите и консултациите со стручни лица  и приватни инвеститори покажаа дека најдобриот и најбризот модел е продажба на земјиштето , а за општината добро би дошле средствата  од продажбат и од комуналиите“, кажа Спасески. Општината гарантира дека покрај инкасирањето на милионски суми денари од ...

Продолжи со читање

Децата од градинка учат за својатa безбедност во сообраќајот

Post Views: 2 Децата од градинка денес покажаа дека знаат што е семафор, на кое светло се преминува преку  улицата и како се вика пешачкиот премин. Најмалите преку игра во присуство на родители, претставници од општинскиот совет за безбедност, полицијата  и локалната самоуправа го презентираа она што го научиле во измнатите два месеци од своите воспитувачки.„Одевме по улици  и раскрници учевме што е дел од патот, кои се основните сообраќајни знаци и правила во сообраќајот за што е можно побезбедно да стигнат од дома до градинка“,посочи директорката на градинката Розе Костеска.   ...

Продолжи со читање

Патниот правец кон Корита на Галичица оваа зима ќе се чисти од снег

Post Views: 3 Институциите во Охрид подготвени за одржување на градските и приградските улици, како и  магистралните и регионалните патишта да се безбедни во претстојната зима. Ова беше  истакнато на денешниот координативен  состанок за поголема безбедност на сообраќајот во зимски услови. Локалната самоуправа, јавното претпријатие Комуналец, сообраќајната полиција, јавното претпријатие Македонија пат се подготвени  координирано да делуваат во зимски услови на охридските улици и магистрални патни правци. Охриѓани може да се задоволни,  „Македонија пат“ секција Охрид, ќе го одржува...

Продолжи со читање

На Петковден голем број верници го посетија манастирот на Св. Петка во Велгошти

Post Views: 3 Голем број велгоштани и охриѓани  денес го посетија манастирот Св Петка. Со свеќа и молитва се поклонија пред иконата  на светицата.  Верниците кои овој ден го слават како семејна слава осветуваа  леб.  И покрај ладното утро голем број на верници дојода  во Св. Петка. Цвета од Охрид вели дека на овој ден често доаѓа во манастирот. Доаѓа почесто на литургиите во петок, но задолжително на Петковден, на Свети Петка во месец август и на источен Петок. Се молиме за здравје, палиме свеќи, а црквата од пред неколу години дава и ручек, вели охриѓанката Цвета. Со...

Продолжи со читање

Усвоени предлог одлуки за годишните планови за вработување во три ЈП

Post Views: 7 На денешната 59 та седница градските избраници ги усвоија финансиските извештаи на ЈП за првиот квартал од ова година. Поминаа и одлуките за усвојување на годишните планови за вработување во три ЈП Нискоградба, Билјанини извори и Охридски Комуналец. Советницте од опозицицјата во Градскиот совет најмногу дискутираа за предлог одлуката усвојување на годишните планови за 40те вработување во ЈП Охридски комуналец.Гордана Коњаноска, координатор на советничката група на Вмро Дпмне, констатира дека со години наназад се создаваат два табори кога се носат планови и измени...

Продолжи со читање

Пензионерите од Дебрца формираа посебно здружение

Post Views: 4 Засебно здружение формираа пензионерите од општина Дебрца. Сисое Иваноски е новиот претседател на  Здружението на пензионери на Дебрца. Со основачкото Собрание тие се издвоија од  Здружение на пензионери од Охрид и Дебрца. Иваноски кажува дека претходно спровеле  анкета со пензионерите од  нивната општина. Над 70 проценти од анкетираните жители дале согласност да се издвојат од досегашното здружение  на пензионери. Иваноски ги наведува и причините за  ваквата одлука.„ Имаше незадоволство од екскурзиите кои ги преземаше здружението во Охрид. Нити еден наш пензионер...

Продолжи со читање