Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Југозападниот плански регион не функционира

Post Views: 3   Југозападниот плански регион не функционира. Од ноември, мината година,  9 -мината градоначалници од Југозападниот плански регион не се сретнале во Советот на градончалници. Претседавачот на Советот, струшкиот градоначалник Зијадин Села тврди дека овој југозападен регион  функционира само на хартија.  Градоначалниците не се заинтересирани и нема кворум за работа, вели Села. Од конституирањето во 2013 година не е одржана ниту една средба, додава првиот човек на Струга. Зошто неговите колеги не се присутни во Советот,  Села проблемот го лоцира кај финансиите....

Продолжи со читање

Употребата на тутун како ризик фактор за смртност во земјава е на трето место

Post Views: 4 Во Македонија активни пушачи се 46 проценти од популацијата на возраст од 15 до 69 години. Од употреба на тутун како ризик фактор за стапката на смртност во земјава пушењето е на трето место, веднаш зад високиот крвен притисок и хипергликемијата. Како последици од пушењето умираат 4300 пушачи на годишно ниво, информира д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје од охридскиот Центар за јавно здравје. Направените иsтражувања покажале дека по цигара посегнуваат се поголем процент на ученици од помала возраст. Во 2018 и 2019 година...

Продолжи со читање

Бојлер вознемири станари на ул. Галичица во Охрид

Post Views: 6 Дефект на електрична инсталација ги вознемири   станарите од станбена зграда на ул. Галичица. Во бања откажал  термостат од бољер од каде што избила голема количина на пареа.Вознемирените станари повикале помош од противпожарната единица.  За кратко време интервенирала противпожарната единица,  нема повредени и  материјална штета, информира Спасе Прентоски командир на охридската територијалната противожарна  единица од Охрид.       {loadposition content9}

Продолжи со читање

Општина Охрид го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Post Views: 2 Општина Охрид со свечена академија го одбележа Денот на националната борба 23 Октомври. На академијата обраќање имаше охридскиот градоначалник кој потсети на минатото на македонскиот народ и борбата за национална слобода.     „ Со огромна почит кон минатото и јасен поглед кон иднината, се собравме вечерва заедно да го зацврстиме континуитетот на 23-ти октомври- Денот на македонската револуционерна борба. Датум кој ги бранувал и вечно ќе ги бранува срцата на сите Македонци како симбол на вековната борба за слобода. Горди на визијата, храброста и пожртвуваноста на...

Продолжи со читање

Сцената на охридскиот театар ќе засветли со новата опрема

Post Views: 2 Сцената на охридскиот театар ќе засветли со современата опрема како што се  разни видови рефлектори, ламби, пултови, филтри и соодветни кабли за напојување, звучници, засилувачи на звук, аудио-миксери, микрофони, реквизити. Покрај ова ќе има и современа сценска, светлосна и тонска опрема. Дел од опремата е веќе пристигната, информира директорот на театарот Горан Стојаноски.„ Еден дел од опремата е стигната, дигитална миксета со 2 димери и 5 зум профили рефлектори. Очекуваме уште 30 тина парчиња до крај на годинатат и дел од следната година. Со тоа би биле комплетни ...

Продолжи со читање

Спасески и Блажески на суд за клевета

Post Views: 3 Започна судски процес за клевета со кој секретарот  на општина Охрид Димитар Спасески  го тужи советникот од ЛДП Дејан Блажески. Секретарот  во овој спор бара оштета од 5000 евра , за наводно изнесени клевети во врска со градското лизгалиште, рече по завршување на судскиот  претрес Блажески. Станува збор за проектот лизгалиште, кое беше најавувано дека го прави австриска фирма, за на крај да се види дека тоа е договор со локална фирма.  Во презентираните докази имам дека лизгалиштето го имаат не како урбана опрема за што одговорно тврдам дека не е поминато на совет ...

Продолжи со читање

Извидништвото е начин на живот и филозофија, откриваат охридските „бронзени“ извидници

Post Views: 3 Филип Ѓорѓиески, Николче Костоски, Петар Танаскоски и Дарко Митаноски освоија бронзена медалја на републичкиот натпревар  за извидници. Ова е прв медал за извидничкиот одред Пионер и голема мотивација за понатамошната работа. Во конкуренција од 14 екипи во машка категорија екипно, во Македонија охриѓаните го освоија третото место. За нив тоа е голем успех затоа што во силна категоријаи само со 2 години работа во извидничкиот одред  покажаа одлични знаење во прва помош и заштита, ориентација и бивак- градење на засолништа.„ Вложивме многу напор, искрено не го...

Продолжи со читање

Професијата готвач кај нас не е доволно ценета професија

Post Views: 3 Младите се помалку ја избираат како свое занимање професијата готвач и не ја ценат доволно. Повеќето од нив  не се однесуваат сериозно кон професијата иако  ја избрале да ја изучуваат. Тоа не е  случај со средношколците  Џемил Јакупоски од Дебар и охриѓанецот Илјаз Ибраими, кои се дел од угостителското училиште,  во трета година на смерот готварство во Ванчо Питошески.  Тие ги откриваат своите  причини за изборот готвач. Велат интересна им е професијата, сакаат да ракуваат со храна и  сакаат понатка да се реализираат во неа. „ Говењето за мене е иднина, пробав да...

Продолжи со читање