Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

8 станари и еден пожарникар завршија во болница по пожарот во подземна гаража во станбена зграда во центарот на Охрид

Post Views: 4 Избувна пожар во гаражниот, подземен дел во комплексот згради во центарот на Охрид кај поранешната стара автобуска станица утрово по полноќ. Во пожарот целосно изгорени се 2 возила, а 10 тина се оштетени. Територијалната противпожарна единица од Охрид (ТППЕ) интервенирала на повик за пожар 40 минути после полноќ во гаражата на комплексот згради. Во гаснење на пожарот биле ангажирани 4 возила со 15 пожарникари. Станарите од двете згради, од двата влеза од стамбениот комплес, биле евакуирани заради густиот чад, информираат од ТППЕ. 8мина станари и еден пожарникар...

Продолжи со читање

Експерти за борба против дрогата на тркалезна маса во Охрид

Post Views: 5 Во Охрид започна дводневна тркалезна маса на која учествуваат  претставници на Одделенијата за недозволена трговија со дрога од земјите во регионот и над 30-тина водечки форензичари за дрога од целиот свет. Настанот е организиран од ОБСЕ и МВР, во соработка со Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал. На тркалезната маса ќе се разговара за квалитетот на истрагите и превенирање на криминалот поврзан со дроги, вклучувањето на форензичарите со нивното истражување и обезбедување на научни докази поврзани со намалување на трговијата со дрога. Тема ќе бидат и...

Продолжи со читање

Институциите ги привршуваат подготовките за изградба на затворениот пливачки базен

Post Views: 3 Израдбата на затворениот пливачки базен  на СРЦ Билјани Извори, во Охрид  се најавува за почетокот од идната година. Во моментов во завршна фаза се подготовките на документацијата за неговото градење. Иако градбата беше најавена уште во 2008 година, од Локалната самоуправа тврдат дека постапката за градење не е закочена, туку напротив институциите секоја во својот дел ги привршуваат постапките за  неговата изградба.„ Воопшто не се закочени постапките. Константно се работи на оваа проблематика. При екпропријација прашање е дали ќе се јави еден или повеќе наследници и...

Продолжи со читање

Вакцинирањето против сезонски грип ќе почне кон крајот на овој месец

Post Views: 4 Хронично болните и граѓаните кои редовно се  вакцинираат  проив сезонскиот грип ќе бидат вакцинирани кон крајот на овој месец, информираат од охридскиот Центар за јавно здравје. Министерството за здравство ја завршило  тендерската набавка, па така за потребите на охридскиот центар се набавени 2500 вакцини. Од нив 1500 вакцини се наменети за охриѓани, 600 за стружани и 400 за жителите на  Дебар. Вообичаено стартот на вакцинирањето во Ценатрот почнува после 20 -ти октомври. Се очекува само на распределба на вакцините по центрите за јавно здравје.  Од таму највуваат...

Продолжи со читање

Објавен конкурс за уредување на 5 плажи на охридското крајбрежје

Post Views: 5 5 плажи на охридското крајбрежје ќе добијат современ лик. Градоначалникот Никола Бакрачески неодамна го најави уредувањето на овие плажи. За  локациите со должина од 1560 метри Министерството  за транспорт и врски објави конкурс. Идејни решенија се бараат за уредување на плажите на локациите „Студенчишко блато“, во должина од 700 метри,  „Љубаништа“  500 метри, плажите кај „Лагадин“,  „Далјан“ и „Извиднички камп“  сите со должина од по 120 метри.  Најдобрите решенија ќе бидат избирани по пат на јавна анкета на интернет-страницата на Министерството за транспорт и...

Продолжи со читање

Во Охрид одбележени 1000 години од смртта на Цар Самоил

Post Views: 4 Во Охрид беше одбележана 1000 годишнината од смртта на Цар Самоил. Со свечен чин на Самоиловата тврдина беше одбележан овој датум, а на кој присуствуваа ученици, професори, советници . Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески имаше пригодно обраќање за Цар  Самоил основоположникот на македонското средновековно  царство. Тврдината е еден од најзначајните културно-историски споменици на градот Охрид и своевидна туристичка атракција на градот, кој влегува во рамките на сите симболи како што се грбот и знамето на Охрид, на кои охриѓани се особено горди, рече...

Продолжи со читање

Општина со експресен одговор и контра обвинувања на адреса на СДСМ

Post Views: 3 Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески со експресен одговор на прес конференцијата нас СДСМ. Спасески се пофали со успешното разделување на економското училиште од гимназијата. Рече дека СДСМ нема право да каже ни збор бидејќи со години се обидувале да го реализираат овој проект како и бројни други проекти кои не вродиле со успех. „ Новата власт успеа да го создаде новото Средно стручно економско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Избрани се органи и потребен персонал и настават тче. За останатите позиции рече дека низ една законска постапка  ќе бидат пополнети...

Продолжи со читање

Комуналец не може да исчисти онолку колку што можат несовесните граѓани да ги преполнат контејнерите на улицата Дејан Војвода

Post Views: 5 Грда комунална слика е секојдневие од поставените контејнери за отпад на влезот од ул. Дејан Војвода. Тие наутро се празни, а за само неколку часа до пладне се преполни со комунален и кабаст отпад оставен покрај нив. Од нив се шири неподнослива реа на која реагираат граѓаните кои живеат наспороти контејнеритеи не може да отворат прозорец. Голем број несовесни жители од оваа улица, но и од целата населба наречена поплавени, го прекршуваат комуналниот ред на ЈП Охридски комуналец за подигање на комунален и кабаст отпад, посочува Стевчо Маслов од ова претпријатие....

Продолжи со читање