Автор: Валентина Неловска
Post Views: 234 Гимназијата Св. Климент Охридски го одбележа патронатот на школото. Се случи ковид кризата која меѓу двата патронати ни го промени начинот на работа со далечинско учење. Наместо во училиште наставата се одржува од дома, според националната платформа, но успешно се вклопивме во новиот начин на работа и учениците и професорите, информира Весна Цветкоска директор на СОУ Св Климент Охридски. „Многу успешно се снајдоа во таа ситуација посебно од 1 октомври од кога започна новата учебна година кога се вклучивме без поголемни проблеми на Националната платформа во наставата...
Во Охрид почна тестирање со брзи тестови за корона вирус
Post Views: 236 Здравствен дом Охрид доби 250 тестови. На располагање ќе бидат по 10 термини дневно за тестирање а вкупно 50 во текот на неделата. Обучени се двајца лаборанти од здравствениот дом за изведување на тестирањата, информира директорката, Ајсел Зејноска. Во однос за закажувањето, брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на Ковид 19 не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот, одлучува дали ќе...
Се креира буџетот за 2021 година
Post Views: 171 Нивото на нацрт основен буџет за 2021 година е утврден на износ од 648 861 567 денари додека вкупниот буџет со донации и дотации е тежок нешто над 1 милјадра и 113 милиони денари. Во нацрт буџетот капиталните расходи изнесуваат 258 милиони денари и во споредба со минатата година има зголемување за 66 мил денари. Мнозинството во Градскиот совет даде зелено светло за вака конструиран буџет за следната година. Советничката група на опозиционата Вмро Дпмне не зеде активно учество во работата на денешната 51 -ва седница на градскиот Совет. Некој своеволно донел одлука...
Бочварски: Државата ќе ја презема обврската да ги реши проблемите на Охридското крајбрежје
Post Views: 159 Благој Бочвaрски, министерот за транспорт и врски оствари прва официјална посета на општина Охрид. На работната посета градоначалникот Константин Георгиески го запозна министерот со тековните активности на проекти кои општината ги реализира во патната инфраструктура, но и за проблемите на општината од сферата на урбанизмот. „Поразговаравме со Министерот околу потребите на нови урбанистички планови каде што има надлежност министерството. Тие планови кои се во надлежност на општината да ги усогласуваме со министервстото и постапките да се побрзи. Поразговаравме и...
Охриѓани да помогнат со почитување на мерките апелира медицинскиот кадар од Општа болница
Post Views: 184 95 пациенти позитивни на ковид 19 се лекуваат во охридската болница, а од нив 40 се на кислородна поддршка, информира д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница. Постојано се менува состојбата со болничкото лекување на пациенти позитивни на ковид 19, а во моментов има 15 слободни болнички кревети. Дополнителен број на болнички кревети ќе се добијат со поставување на модуларната болница. Во меѓувреме, доколку има потреба од болничко лекување, ние нема да оставиме ниеден пациент без болнички третман, вели директорот Балевски. Болницата се очекува да биде ставена...
Национален парк Галичица констатирал узурпации на државно земјиште
Post Views: 217 ОД НП Галичица бараат и охридскиот Државен правобранител да провери дали се узурпира државно земјиште на кое се градат нелегални градби во рамките на паркот. Само ова година во Трпејца констатирале по една бесправна градба и една узурпација на државно земјиште во Националниот парк Галичица. Од националниот парк досега разгледале 471 барање според Законот за постапување на бесправно изградени објекти за да дадат мислење за постапките за легализација за објекти кои ги води општина Охрид, вели Бојаџи. „Во голем број случаи од 471 и нови градби што се случуваат има...
Општина Охрид остварува добра соработка со Грција и Албанија во искористување средства од ИПА фондовите
Post Views: 175 Општина Охрид има добра соработка со соседните земји во искористување средства од ИПА фондовите за прекугранична соработка, информира градоначалникот Константин Георгиески. Oпштина Охрид подготвува проектни апликации за искористување на средства за заеднички проекти за прекугранична соработка со градови од Албанија и Грција. „Имаме апликации и други проекти со Корча и со Грција. Со Грција е на високо ниво соработката. Имаме апликации за електрични велосипеди, возила и чамци. Со Корча аплициравме за изградба на трим патека на просторот во поранешна Касарна , па ќе...
Општините ги доставија предлог проектите до Центарот на Југозападниот плански регион за идната година
Post Views: 219 Општините од регионов ги поднесоа проектните концепти до Советот на Југозападниот плански регион. 9- те општини имаат можност да искористат средства за развој во висина од 41 милион денари од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година. Може да се аплицира проекти за искористување средства од две области. Првата област е од заштита на животна средина и намалување на загадувањето на животната средина, а втората за подбрување на економскиот развој, туризмот и културата и подобрување на патната инфрастуктура. Општина Дебрца аплицира проект за втора фаза...
Општина Охрид, Заводот за кардиологија и Црвен Крст со проект за подостапни здравстени услуги
Post Views: 341 Мобилни здравствени тимови ќе даваат медицински услуги во домовите на граѓаните кои имаат потежок пристап до здравствениет установи. Од идната недела стартува проектот „Cross4all“ кој го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, заедно со Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид. Специјалните медицински тимови се составени од доктори од центарот за Кардиологија, психолог, социјален работник и медициника сестри, соопштува Ѓоко Апостолов од Тлер. „Главна цел на проектот е да се таргетираат повозрасни лица, лица со посебни...
Не е откриено кој истоварал земја и градежен шут во езерото на брегот кај населбата Далјан
Post Views: 194 Не е познат сторителот кој направи насип од гардежен шут и земја на брегот на Охридското Езеро во населбата Далјан. Во близина на Домот за стари лица кој е во изградба растоварена е земја на брегот и во езерските води. Градоначалникот Константин Георгиеск, и вели се работи на случајот за откривање на строителот. Направен бил увид од општинскиот градежен инспекторат и државниот инспектор за животна средина, а се чекало на истражните органи да утврдат кој стои зад овие активностi. „Направивме записници и чекаме информација од полиција за идентификација на сторител...
Шест охридски јавни претпријатија ќе добијат финансиска поддршка од државата
Post Views: 195 Шест охридски јавни претпријатија ќе добијат финансиска поддршка од државата меѓу 89те од земјава. 144 милиони денари ќе им бидат поделени на членките на АДКОМ, Здружението на даватели на комунални услуги на Македонија, според бројот на вработените, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП „Охридски Комуналец“. „Голем финансиски товар ни наметна неколкумесечниот каранти во пролетните месеци. За тие месеци со одлука на општина Охрид , ЈП Охридски комуанелц не беше во можност да фактурира износи за извршени услуги кон правни и физички лица кои не функционираа заради...
Охриѓаните со инвалидитет најчесто се вработуваат во производство
Post Views: 206 Невработените лица со попреченост наоѓаат егзистенција во неколку охридски производствени компании. На пазарот на труд државата ги стимулира фирмите кои ќе вработат лица со инвалидитет преку посебен фонд за стимулација на работодавачите, информира Елведина Дика, директорка на охридската Агенција за вработување. Компаниите притоа мора да исполнат одредени критериуми. Дика ги појаснува состојбите со оваа категорија на невработени. Напоменува дека 95 проценти од нив се без занимање, мал број имаат завршено основно училиште, а повеќето не може да конкурираат за вработување...