Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охридските советници дискутираа за Проектите од Нацрт програмите за креирање на буџетот за 2022 година

Post Views: 8 Нацрт програмите за туризам и локален економски развој за 2022 година превидуваат реализација на неколку проекти. Вниманието на опозицијата во Градскиот Совет го свртеа проектите предвидени да се реализираат на површина од 400 метри квадратни во поранешната Касарна, адреналински парк, памп патека, како и проектот Смарт Бајк Систем кој предвидува набавка на 60 смарт велосипеди и поставување 10 паркинг места. Изградбата  на адреналинскиот парк во нацрт програмата ќе чини околу 9,6 милион денари, а набавката на смарт велосипедите 160.000 евра. Советникот од ВМРО...

Продолжи со читање

Задоцнето е замрзнувањето на цените

Post Views: 4 Во трговијата на големо и мало се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи со одлука на Владата. Нема да се менуваат цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесните производи, сирењето и урдата во текот на два месеци почнувајќи од први декември до крајот на јануари. Ги прашавме охриѓани како  оваа одлука ќе се одрази на семејниот буџет и дали може порелаксирано да ги дочекаат престојните празници.Охриѓани не се многу воодушевени од...

Продолжи со читање

Нема помош од државата за ангажирање педијатри на детското одделение во Охрид

Post Views: 7 Охридската Општа болница не доби педијатри за да продолжи со работа детското одделение иако помош за надминување на проблемот беше најавена од ресорното министерство. Потребно е засилување на лекарскиот тим со најмалку двајца педијатри за да функционира болничкиот оддел, а охриѓанчињата да не се препраќаат на одделот во струшката Општа болница, вели директорот Горан Балески.Нема промени на детското одделение. Има само амбулантска служба, а во вечерните часови пациентите одат на детското одделение во струшката Општа болница. Немаме добиено помош нас ни треба...

Продолжи со читање

Отпочнаа градежните работи за уредување на рекреативната патека од Струга до Калишта

Post Views: 2 Стружани ќе добијат нова рекреативна патека која ќе води се до селското училиште во Калишта. Патеката ќе се гради покрај езерскиот брег и е во должина од еден и пол километар и ширина од 2 до 2,2 метри, информира Мирјана Лозаноска директорот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. „Во моментов се чисти теренот и операторот почна со работа. Ќе се постави тампон од 20 цм, бетонска подлога, мрежа и природен, автентичен камен, еколошки бидејќи се наоѓа во заштитеното подрачје“, кажува Лозаноска. Градежните зафати на патеката ќе чинат 4 и пол милиони...

Продолжи со читање

Започна реконструкцијата на кровот на Центарот за култура Браќа Миладиновци

Post Views: 14 Денес, започна замената на оштетената кровна конструкција на струшкиот Центар за култура Браќа Миладиновци. За реконструкцијата на ова национала установа се обезбедени 820.000 денари средства од ресорното министерство за култура кое издвои средства во висина од 750.000 денари и учество со сопствени средства на центарот во износ од 70.000 денари. Завршена е постапката за избор на изведувач според законот за јавни набавки, а целиот зафат треба да се реализира за 40 дена, вели директорката Николина Велковска Глигоровска. „Потребата беше голема бидејќи имаше големо...

Продолжи со читање

Започна реконструкцијата на затворениот пливачки базен во Струга

Post Views: 10 Денеска започнаа градежните активности за реконструкција на затворениот пливачки базен во Струга. Реконструкцијата на базенот кој со години беше оставен на забот на времето, риуниран и запуштен, е еден од најголемите проекти кои што ќе ги има Агенцијата за млади и спорт во наредниот период, кажа директорот на Агенцијата Дарко Каевски . Целта е повторно да се врати сјајот на Струга со овој базен каде што сите љубители на спортот, на пливањето ќе може да се рекреираат и спортуваат, рече Каевски. „Во разговор со многу луѓе инволвирани во спортот , во разговор со...

Продолжи со читање

Ана Бландиана е четвртата жена лауретат на Струшките вечери на поезијата

Post Views: 6 Поетесата Ана Бландиана е четврта жена добитник на највисокото поетско признание на Струшките вечери на поезијата. Бландиана пред 15 години беше учесник на поетската манифестација со нејзината поезија, а овој пат заслужено и едногласно го доби признанието да биде годинешен лауреат, кажа Елизабета Шелева претседател на УО на Струшките вечери на поезијата. Во богатата животна биографија на Бландиана таа била симбол и икона на бунтот, отпорот, непокорот против тоталитарниот режим во некогашна Романија. Бунтовниот и критички дух кој не замолчува пред неправдата таа го...

Продолжи со читање

Во летните месеци се подигаат и до 90 тони смет од струшките улици и крајбржјето

Post Views: 6 Во летните месеци се подигаат и до 90 тони смет од струшките улици, крајбржјето, плажите и хотелските комплекси, информира Иван Клечкароски, директор на ЈП Комунално Струга. Екипите на претпријатието беа ангажирани во три смени, се работеше не само преку ден, туку и во ноќните часови. Навечер подигавме смет онаму каде што тоа не беше изводливо преку ден заради зголемената фрекфенција на сообраќај и пешаци, вели Клечкароски. Додава дека во овие денови, за разлика од зимските месеци подигаат три пати повеќе смет. Првиот човек на Комуналното ги отфрла обвинувањата...

Продолжи со читање