Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Абас Цаноски со автентични записи од минатото

Post Views: 7 Носталгијата по едно минато време влијаела стружанецот Абас Цаноски да ги напише трите нови книги „Сите мои песни“, „Струшката чаршија, еснафите, песната“ и „Низ виорот на животот“. Пишувањето е неговиот живот, а желбата да ги оживее настаните од минатото за да не паднат во заборав,  резултирала со новите изданија. Секоја од трите книги има свое значење и кажување за секое време, вели авторот.„ Се задржав на настаните актуелни во тоа време кое одминало. Еден од настаните е свадбениот обичај кај муслиманите од Октиси кој денес е отпаднат , а бил актуелен во...

Продолжи со читање

Охриѓанецот Леонид Toдороски ја освои наградата државен првак по математика

Post Views: 6   Леонид Toдороски од Охрид е државен првак по математика. Тринаесетгодишниот ученик е осмоодделенец во ОУ „Григор Прличев“ и за овој натпревар се подготвувал околу месец и половина со неговиот ментор професорот Александар Ангелевски. Тодороски ја освои првата награда во конкуренција од 90-тина натпреварувачи од Македонија. Државниот натпревар по математика годинава се одржувал со физичко присуство на Природно математичкиот факултет во Скопје. Младиот талентиран математичар споделува како во време на пандемија се подготвувал и соработувал со својот професор...

Продолжи со читање

Во охридско приносите на мед драстично намалени

Post Views: 4 Медните приноси годинава се драстично намалени,  се жалат пчеларите.   Очекуваат да извадат едвај и до еден килограм мед од сандак. Во  поволни услови  мед добиваат во просек од 10 до 20 килограми мед од едно пчелно семејство, објаснуваат оние кои се бават со пчеларство. Пчеларите ќе бидат задоволни ако пчелните семејства презимат без загуби, вели пчеларот Богоја Петровски. Врнежливата пролет негативно се одрази врз пчеларството кое резултира со катастрофлани приноси на мед, појаснува Петровски  со 20 годишно искуство во пчеларството.„Кога временските услови за да...

Продолжи со читање

Малото пристаниште наспроти Палас продолжува да пропаѓа

Post Views: 6 Локалната самоуправа не најде решение за малото пристаниште пред хотел Палас. Иако пред една година од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа имаше најава дека ќе го средуваат потегот на овај дел од крајбрежјето,  тоа не се реализира. ТВМ оваа тема ја  отвори на 7 јуни 2013 година и посочи на фактот дека пристаништето се распаѓа од ден на  ден пред очите на надлежните, а за тоа никој не реагира.Од локалната кажаа  дека за крајбрежјето е валиден  деталниот урбанистички план  донесен на 22 мај 2001 год.Според планот на тој простор стои истата маркица –...

Продолжи со читање

Охридскиот регионален СОНК не дава поддршка за штрајк на 29 септември

Post Views: 6 Охридскиот регионален СОНК не дава поддршка за штрајк на 29 септември. Охридскиот регионален одбор на СОНК не го поддржува генералниот штрајк на 29 септември. Тоа е став на членството на регионалниот одбор по претходното изјаснување на синдикалните  организации.  Членството во Охрид брои околу 900 синдикалци , а од регионалниот одбор велат дека повеќето од нив биле против штрајкот или немале кворум за работа. Од 21 организација колку што ги има во регионот,  13 синдикални организации се во образованието, 4 во културата, 3 во високото образование и една во детската...

Продолжи со читање

На брегот на Глобочичкото езеро осветена црквата Св Илија

Post Views: 3 На брегот од Глобочичкото Езеро е осветена црквата Св. Илија која започна да се гради пред три години. Жителите ја изградија веднаш до местото каде што некогаш постоела истоимената црква,  а била потопена пред 5 децении заедно со селото,  во 1964 година, при  изградбата на хидроцентралата  Глобочица. Во нејзината изградба учествувале сите жители, кој како бил во можност, со пари или работна рака. Каменот, песокот, цементот и останатиот градежен материјал го носеле на раце, а го превезувале до брегот со помош на сплав. Вредните глобочичани копнееле по денот кога ќе...

Продолжи со читање

Во Охрид се крои нова стратегија до приклучување кон Нато

Post Views: 2 Во Охрид се крои нова стратегија до приклучување кон Нато. Денес голем број експерти, политичари , дипломати и професори  разговараа на тема  „Нато самитот во Велс: иднината на Алијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан“.  Она што е договорено на НАТО самитот во Велс, претстојните  предизвици со кои се соочуваат Алијансата и нејзините партнери, како и утврдувањето на модалитетите како општествата треба да се прилагодат на ново настанатите околности се темите на кои се дискутира на работилницата во Охрид.  Владите на 10 држави од регионот преку ваквите...

Продолжи со читање

Погрешни податоци за парцелата ја закочија изградбата на пензионерскиот дом во Охрид

Post Views: 6 Изградбата на регионалниот пензионерски дом и понатака е пуста желба на охриѓани. Иако градењето на домот е ставен во програмата на Локалната самоуправа досега од постапката нема ништо. Потребите  пак на старите лица од ден на ден стануваат се поголеми. Нема ден, а да не дојде некој пензионер и да праша до каде е градењето на домот, потврдува и претседателот Здружениeто на пензионери од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески. Сведоци сме дека голем е бројот на младите луѓе кои емигрираат во странство и родителите остануваат сами. „ Има потреба, родителите се оставени на...

Продолжи со читање