Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

На Плаошник ќе се градат пониски и помалку објекти

Post Views: 3 На Плаошник сепак нема да се градат 16 -те објекти кои се планираа, туку само 6. Објеките исто така ќе претрпат измени и ќе бидат пониски за еден кат. Ова се измените на планот кои вчера од Охрид  ги  најави Министерката за култура  Елизабета Канческа Милеска, а кои се однесуваат на  возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.„Во препораките кои и ние претходно ги спомнавме, а и тие ги дадоа како препораки од нивна страна, беше напоменато дека е добро висината на овие  објекти  да се намали за една катна висина. И ние тоа го разгледувавме ,...

Продолжи со читање

Уметничко шоу под отворено небо со Баскерфест

Post Views: 2 Љубителите на перформанси под отворено небо два дена ќе уживаат во  уличниот театар Баскерфест. Голтачи на пламен, музичари,  танцувачи, жонглери и останати уметници ќе ги покажат своите вештини и ќе ги анимираат посетителите. Ваков вид на забава  два дена ќе има на  на трите охридски плоштади како дел од уличниот театар Баскерфест.   Охриѓани и гостите  ќе имаат можност да ги проследат случувањата во сабота и недела од 19 часот па се доцните  вечерни часови. Организаторите на Баскерфест 2014 , за овој викенд во Охрид ветуваат добра забава со интересни и разновидни...

Продолжи со читање

Продолжуваат успесите на учениците од Методи Патче

Post Views: 2 Учениците од музичкото училиште Методи Патче нижат успеси. 7 – мина ученици освоија први и втори награди на државни и меѓународни натпревари. Во  Италија,  Дојран и Гевгелија се претставија со својот талент и музичка наобразба стекната под раководство на своите професори. Матеа Стоев заврши  3 година кај професорката Билјана Зафирова.  Матеа за искуството од музичкото  натпреварување  вели дека воопшто немала трема.„Пред една недела бев на меѓународен натпревар во Гевгелија и освоив прво место. Имаше комисија други земји , а исто така и натпреварувачи од...

Продолжи со читање

Незаштитени кабли потенцијална опасност за пешаците

Post Views: 2 Потенцијана опасност за пешаците од незаштитени  кабли во близина на  болницата. Станува збор за остатоци од некогашните семафори кои го регулираа сообраќајот на оваа крстосница.  Граѓаните кои секојденвно поминуваат покрај каблите укажуваат дека каблите не се санирани скоро  две години одкога е изграден кружниот тек. Од Фондот за комунален развој ветуваат дека ќе решат пропустот.„3-те екипи со кои располага градски гробишта се на терен и со крајни напори овозможивме да се одстранат висечките кабли на стари семафори кои го регулираа  сообраќајот на овој потег“,...

Продолжи со читање

Пехар за охридскиот ПХВ тим за проектите Дом,Светлина и Виделина

Post Views: 3 Пехар за проектите  Дом , Светлина и Виделина на охридскиот ПХВ тим на Црвен крст. Македонскиот Црвен крст додели  пехар и го награди трудот за реализирани проекти за хумани вредности на охридската организација. Десеминаторот Јованка Сион  Доленц која го предводеше ПХВ тимот сo 30-тина млади волонтери се заслужни за ова високо државно признание. Младите волонтери со три проекти дадоа несебичен придонес за добробит на општествената заедница. Со проектите Дом, Топлина и Виделина внесоа светлина во срцата на луѓето кои имаа потреба од помош. Заедно стравувавме и се...

Продолжи со читање

Ќе види ли Охрид годинава „ Бело лето“

Post Views: 3 Доцни манифестацијата „Бело лето 2014 “ замислена да го означува почетокот на летната туристичка сезона. Деновите од месец јуни полека  се ситнат, а Локалната самоуправа сеуште  не ја  објавува програмата.  Минатата година за прв пат со доцнење се одржа Бело лето во месец јули. За ова лето манифестацијата беше најавувана  дека ќе почнува порано во месец јуни. Замислата на манифестацијата е да се промовираат три сегменти од туристичката понуда на Охрид,  руралниот туризам, занаетчиството и традиционални производи и алтернативните форми на туризам, привлекување...

Продолжи со читање

Детската градинка„ Јасна Ристеска“ ќе го проширува капацитетот

Post Views: 2 Детската градинка „Јасна Ристеска“  ќе го проширува капацитетот со  неколку нови занимални. Се планира отварање на нови групи во  населбата Радојца Новичиќ и во Пештани со прифаќање од 18 до 25 деца од 3 до 6 годишна возраст. Проширувањето на капацитетот на градинката ќе биде во основните училишта Кочо Рацин и Св. Наум Охридски, како и во простории кои досега не биле користени во објектите Развигорче и Лихнида. Интересот на родителите децата да бидат згрижени во градинка  и оваа година е многу голем, информира директорката на градинката Роза Костоска. Додава дека ...

Продолжи со читање

Стартуваше Јуниорската Балканска математичка Олимпијада

Post Views: 3   104 основци  од 17 земји од Балканот,  Европа и Азија, ги одмеруваат своите математички знаења на 18 -тата Јуниорска Балканска математичка Олимпијада.  Основците од 6, 7 и 8 одделение решаваа оргинални задачи од 4 области, алгебра, теорија на броеви, геометрија и комбинаторика. 5-мина врвни математичари работеа на состав на  30 тина задачи кои потоа се проследуваат до жири, кое пак ги бира 4-те задачи од наведените  области, укажува Проф. Ристо Малчески  главен координатор на Балканијадата.  Освоените места на Балканијадите  се доста ценети во светот и се влез за...

Продолжи со читање