Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Во Трпејца констатирани по една бесправна градба и узурпација на државно земјиште во Националниот парк Галичица

Post Views: 228 Една бесправна градба и една узурпација на државно земјиште во НП Галичица констатирале во 2020 службите од оваа Национална установа. Андон Бојаџи од НП, напоменува дека во рамките на паркот во континуитет се случуваат бесправни активности како што се изградба на објекти, но и на балкони или потпорни ѕидови. „Чуварите на НП прават записник за констатација дека на некоја парцела има градежни активности. Установата подготвува извештај со заклучоци и препораки. Поглемиот дел од извештаите ги правам јас и барам редовно институцијата да се обрати до Градежниот инспекторат...

Продолжи со читање

Врвни награди освоија шест ученици од музичкото училиште Методи Патче на два меѓународни натпревари

Post Views: 345   Шест ученици од музичкото училиште „Методи Патче“ освоија врвни награди на два Меѓународни натпревари. Специјални награди добија Ана Кузманоска на пијано и Ана Матеска на флејта. Младата пијанистка Кузманоска од класата на професор Ана Крстаноска учествуваше на Mеѓународниот натпревар за млади таленти во Скопје, а флејтиската Матеска во класата на професор Нина Момироска, настапи на Mеѓународниот натпревар „Охрид те сакам“. На интернационалниот натпревар „Охрид те сакам“ први награди по флејта добија и Ива Чанова и Леона Неделкоска од класата на професор  Нина...

Продолжи со читање

Откриени струшки диви превoзници кои превезуваат патници во соседна Албанија

Post Views: 222 Охридските инспектори по сообраќај при контроли на такси превзониците на охридскиот аеродром откриле голем број струшки нелегални такси превозници. Таксистите од соседниот град биле затекнати како превезуваат патници без соодветна лиценца за такси дејност, информира Томе Џамтоски, портпарол на Општина Охрид. „Во однос на контролите кои се правени на аеродромот во Охрид, а за кој имаме надлежност во договор со општина Дебрца, забележливо е дека такси превозниците од Охрид имаат многу мал број на прекршоци, за разлика од такси превозниците од Струга кои превезуваат...

Продолжи со читање

Во моментов 111 пациенти се болнички згрижени од ковид 19 во охридската општа болница

Post Views: 197 Во Општа болница Охрид се лекуваат 111 пациенти од ковид 19 во моментов, информира директорот на болницата д-р Горан Балески. Во болницата има 5-6 слободни кревети во зависност од бројката на отпуштени и излекувани пациенти во текот на денот. Луѓето кои се лекуваат во општа болница се на возраст од 35 до 90 години. Имаме 40 паценти кои се на кислородна поддршка, а 20 тина пациенти се со потешка клиничка слика. „Сепак 111 паценти да примите не е лесно лекувањето. Во саботата имавме потрошувачка од 50 боци кислород. За еден ден, во текот на 24 часа беа потрошени по...

Продолжи со читање

Стопанската комора и бизнис секторот предлагаат преструктуирање на агроиндуструјата

Post Views: 189 Стопанската комора предлага конкретни мерки за преструктуирање на агроиндуструјата во земјава. И покрај тоа што ресорното министерството го субвенционира овој сектор имаме нестабилно производство на пченица, сточниот фонд се намалува, а се зголемуваат увозот на овошје и зеленчук со што Македонија од традиционален производител денес е голем увозник, кажа Васко Ристовски од Стопанската комора на РМ. „Млечната, месната, винската и мелничарската индустрија се клучни подсектори во агроиндустријата со потенцијал за развој и бизнис секторот има концепирано мерки за развој....

Продолжи со читање

Избрани се четири локации на кои ќе се градат подземени контејнери

Post Views: 185 На 4 локации во градот ќе се поставуваат подземни контејнери. Локалната самоуправа и ЈП „Охридски Комуналец“ започнуваат пилот проект со поставување на подземни контејнери на локации кај Горна Порта, пред ПТТ на Кеј , на раскрсницата помеѓу Даме Груев и Туристичка и на пресекот од улицата Јане Сандански на влезот од улицата Славеј планина. Локациите се внимателно разгледувани и избрани, онаму каде што имаме проблеми со одлагањето на отпадот од страна на граѓаните, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП „Охридски Комуналец“. „Овие подземни контејнери кои ги набавува...

Продолжи со читање

Казнето лицето кое беше идентификувано како растовара ѓубре во националниот парк Галичица

Post Views: 253 Изречена парична казна за лицето кое направи мини депонија растоварајќи го ѓубрето од својата викендичка на патот кон Велестово. Лицето беше фотографирано од случаен минувач кој го затекнал како се ослободува од домашниот отпад на недозволена локација во рамките на НП Галичица. Фотографиите беа доставени до ЈП „Охридски Комуналец“, а потоа и до општинскиот инспекторат и СВР Охрид. „Идентификувано е лицето кое го оставило шутот во НП Галичица.Направен е записник на лице место , записник со сторителот и е издадено решение и налог за глоба. Целосно е завршена целата...

Продолжи со читање

Амбасадорката на Швајцарија и претставници на УНДП имаа работна посета на Општина Охрид

Post Views: 277   Сибил Сутер, Швајцарската амбасадорка и Нарине Сахакјан од УНДП остварија работна средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателката на Совет, Живка Ангелоска. Беше искажано задоволство од реализираните проекти поддржани УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка. Во рамки на проектот за зајакнување на општинските совети во Охрид беше реновирана големата сала во општинската зграда, беа изградени пристапни скали и е поставена пристапна лифт платформа за лицата со посебни потреб . Градоначалникот се заблагодари за поддршката на двете...

Продолжи со читање

Се номинираат Охридско Езеро и Стиденчишко блато за место во Светската Рамсар Листа

Post Views: 255Владата даде зелено светло за апликацијата за номинирање на Охридско Езеро и Студенчишкото блато за место во Светската Рамсар Листа. Министерство за надворешни работи во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање ќе треба да отпочнат постапка за да достават апликација за номинирање на Охридско Eзеро до Секретаријатот на Рамсарската конвенција. Влатко Трпевски, раководител на секторот за природа при Министерството за животна средина и просторно планирање, за ТВМ изјави какво е значењето за Охридското Езеро ако се најде на Рамсар листата заштитени...

Продолжи со читање

„Охридски пливачки легенди“ е документарен филм посветен на 4та најдобри пливачки маратонци.

Post Views: 267 „Охридски пливачки легенди“ е насловот на документарниот филм посветен на Нико Нестор, Климе Савин, Дики и Атина Бојаџи, 4 -та најдобри охридски пливачи во дисциплината маратон, вели авторот Љупчо Паункоски. Се надевам дека филмот ќе придонесе младите да се занимаваат со овој спорт и да се врати пливачкиот сјај на градот. Филмот е направен за 4ца кои потекнуваат од нашиот град и кои со своите достигнувања треба да останат засекогаш запаметени, вели Паункоски. „Се работи за извонредни пливачи кои во своето време го преставува нашиот град и држава, не само во границите...

Продолжи со читање

Охриѓани може по телефон да побараат психолошка помош

Post Views: 368 Охриѓани имаат можност да добијат психолошка поддршка по телефон од тим психолози од одделот за ментално здравје при Општа болница Охрид. На овој начин стручните лица ќе дејствуваат побрзо и ќе бидат подостапни и за лицата засегнати од ковид 19 , покрај секојдневната стручна помош која им ја даваат на граѓаните, информира Светлана Илоски, специјалист по медицинска психологија. Може да се јавуваат на посебната телефонска линија на бројот 070 405 961. Граѓаните се почесто се соочуваат со панични напади, депресивни и анксиозни состојби со пролонгирање на времетраењето...

Продолжи со читање

Кризниот штаб од општина Вевчани повика да се затворат угостителските објекти на една недела

Post Views: 272 Кризниот штаб од Вевчани одржа он лине состанок на барање на вработените во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ и дел од угостителите. Во општината има неповолен развој на корона пандемијата и расте бројот на инфицирани од вирусот, информира градоначалникот Сашо Јанкоски. На состанокот се разгледаа сите опции како да се сопре пандемијата. Се упати апел до вевчанци да ги почитуваат строго сите мерки од Комисијата за заразни болести. Исто така, угостителите да ги затворат угостителските објекти на една недела, вели градоначалникот Јанкоски. „Таму има најмногу...

Продолжи со читање