Автор: Валентина Неловска
Post Views: 10 На Охридската чаршија ќе и се враќа автентичниот изглед. Ова е зацртано во проектните планови на Секторот за туризам и локален економски развој при Локалната самоуправа. Се планира продавниците и угостителските објекти да го вратат традиционалниот изглед на излозите од дрво или имитација на дрво. Станува збор за објекти на потегот од Света Софија, градскиот плоштад, чаршијата па се до вториот Чинар, напоменува Ѓоко Апостолов од ТЛЕР. Имаме направено целосна анализа во каква состојба е секој дуќан и објект во моментов, што е она што отскокнува од...
Струшките советници од Вмро и Алијансата бараат оставка од Мерко или одговорно вршење на функцијата
Post Views: 8 Рамиз Мерко, струшкиот градоначалник, бега од одговорност и од проблемите кои сам ги создаде , вели Имет Имери советник од Алијансата за Албанците после писмото со кое Мерко се обрати до Владата.Ова доаѓа по информацијата дека струшкиот градоначалник се пожалил до владата дека бил мета на закани и притисоци па се саморазвласти од надлежностите во делот на урбанизмот. Односно, ги враќа ингеренциите од општината на централната власт. За ваквата постапка советникот Имери со порака до Мерко да си замине од функцијата или машки да ги реши проблемите до крај. „ Мислам...
Промовиран видео запис на народната песна „Јаворе“ од Викторија Чочороска
Post Views: 6 Викторија Чочорoска на музичката сцена се појави со прв видео запис на старата македонска народна песна „ Јаворе“. Покрај аудио верзијата, публиката уживаше и во промоцијата на видео спотот за песната изработен од Дарио Јанковиќ и General film production. Станува збор за народна песна која започнала да ја пее на настапите во Литванија и Полска со КУД Вевчани и пејачката група Каданка. Случјанат срдба со композиторт Николче Мицевски прераснала во соработка од која резулата е песната Јаворе која го одсликува нејзиниот сензибилитет. „ Кога прв пат го слушнав...
Ќе се реконструира охридската Гимназија
Post Views: 8 Тече постапка за реконструкција на охридската гимназија. Локалната самоуправа обезбеди средства во буџетот за внатрешно и надворешно уредување. Со градежните активности ќе се подобруваат работните услови и во овој средношколски образовен центар. Секторот за образование е посветен за реализација на овој проект, информира Димитар Спасески, појаснувајќи кои зафати се планираат со проектната документација за Гимназијата.Се предвидува промена на електричната инсталација, уредување на ѕидовите, подовите. Има проект за надворешно уредување на гимназијата. Изградба...
Одделението за хирургија при струшката општа болница е ставено под клуч
Post Views: 15 Одделението за хирургија при струшката општа болница е ставено под клуч. Причина за тоа е заразната болест морбили од која половина од вработените се заразени и се на боледување. Ова е предлог на Комисијата за хоспитални инфекции, хирургија да се стави под карантин, изјави раководителот на одделението д-р Владимир Кочоски. „ На хируршкото одделение да не се примаат болни. Морбилите се заразна болест која доаѓа во бранови, инкубацијата трае 10 дена, едни се разболуваат, други доаѓаат на работа. Сега сме 50 проценти без персонал и не можеме да функционираме...
Повторно се излеваат отпадни води во езерото кај каналот Студенчишта
Post Views: 15 Итно да се стопира загадувањето на Охридско Езеро кај месноста „Мазија“ повикуваат од граѓанскатата иницијатива Охрид SOS. Во отворено писмо до градоначалникот Кирил Пецаков, бараат да се спречи загадувањето на езерото. Еколошките активисти потсетуваат дека Охридското Езеро покажува алармантни знаци на еутрофикација, а секое неделување во насока на сузбивање на изворите на загадување е неприфатливо.Во 21 век во пределот на „Студенчишта“ и „Билјанини извори“ во срцето на исклучително важно место за биолошката разновидност, да се соочуваме со мистериозни...
Лицата со посебни потреби сеуште на маргините на општеството
Post Views: 12 Лицата со посебни потреби сеуште се оставени на маргините на нашето опшетството. Во нашата земја има училишта и институции без соодветен пристап за лицата со попреченост, нема приспособени јавни тоалети и превоз, нема дневни центри за згрижување на лица со попреченост од сите категории, нема регистер на лица со попреченост и не се знае нивниот точен број, нема лични асистенти за социјални услуги. Ова се само дел од неповолните состојби пред кои се исправени семејствата и лицата со попреченост кога се одбележува 3-ти декември Светскиот ден на лицата со посебни...
За туристичките населби нема редовен линиски превоз од и кон Охрид
Post Views: 9 Пештанци и жителите од поранешна Галичка општина бараат подобар линиски превоз на релацијата од Охрид кон Љубаништа и обратно. Реагираат дека 3500 жители од Рача, Коњско, Пештани, Елшани, Трпејца и Љубаништа се соочуваат со нередовен превоз. Проблемот се создаде пред неколку години кога локалната самоуправа укина 6 линии и линискиот превоз го додели на две автобуски компании, информира Ѓоре Танески, претседател на месната заедница Пештани.Тие линии што ги укинаа да ги вратат. Има луѓе кои одат на работа и во недела. Мрзнат нема со што да се префрлат на...