Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Дефект на цевковод ги остави без вода Аеродромот и околните села во Дебрца

Post Views: 6 Жителите на Подмоље, Оровник, Горенци и Аеродромаската зграда Св Апостол Павле и во текот на денешниот ден имаа повторно прекин во водоснабдувањето. Причината за прекинот во водоводната мрежа е дефект на главната водоводна мрежа од „Св. Еразмо“ до селото Горенци. Се работи за водоводна мрежа постара од 3 децении. Квалитетот на цевките и нивната амортизација се причина за честите дефекти, информира градоначаланикот на Дебрца Игор Трајкоски. „Екипи на комуналното претпријатие се на терен и дефектот ќе се санира за многу брзо. Во текот на летото ќе нема други...

Продолжи со читање

Мистериозен сопственик подигнал два билборди во Парк

Post Views: 3 Два  билборди со огроми димензии од неодамна се поставени во комплексот Парк. Од општинскиот инспекторат тврдат дека тие се бесправно поставени и наскоро ќе бидат одстранети. За надлежните во инспекторатот  мистерија е кој ги поставил билбордите.„ Пред комплексот Парк општинскиот инспекторат утврди дека се поставени два огромни билборди кои се најверојатно поставени преку ноќ. Не можевме да го утврдиме сопственикот, a за таа цел инспекторатот има постапка. Доколку не може да се утврди кој е сопственик на билбордите градежниот инспектор во службен весник објавува...

Продолжи со читање

Алкохолизмот ги разорува браковите на охриѓани

Post Views: 3 Невработеноста, живеењето во заедница  со родителите на едниот брачен другар, зависности од алкохолизам и наркотички средства и семејното насилство, најчести причини поради кои охриѓани се разведуваат. Годишно бројката на разводи во Охрид се движи помеѓу 58 и 60 разведени брачни заедници, информира Павлина Пероска раководител на одделението за брак и семејство при Центарот за социјални работи. Во првите шест месеци од оваа година Основниот суд Охрид до нивниот центар за социјална работа поднесол 30 барања за развод.  Најчесто како причини за развод се наведуваат...

Продолжи со читање

Срушена огрaдата пред Долни Сарај

Post Views: 4 Срушена огрaдата  пред Долни Сарај. На овој простор Локалната самоуправа ќе гради паркинг простор наменет, како што кажуваат, за жителите на Варош. 30-тина паркинг места ќе добијат жителите кои од неодамна не смеат да паркираат околу источниот и јужниот дел од црквата Св. Софија. Граѓаните ќе добијат доволно, бесплатни паркинг места за нивни потреби. Секое паркинг место ќе биде обележано со  број  и жителите точно треба да знаат кое место им припаѓа. Зеленилото и дрвјата нема да се сечат. Само ќе се оплеменува овој простор и ќе се постават бекатон плочки, најавува...

Продолжи со читање

Камена ограда ќе се подига околу Св. Софија

Post Views: 6 Започнуваат подготовките за реконструкција на некогашната ограда околу црквата Св. Софија. Каменорезците веќе на големо работат на делкање камени блокови од кои ќе се гради ѕидот. Камената ограда  ќе биде во должина од 130 метри,  висока 50 цм, а ќе биде надоградена со ковано железо. Каменот се носи од Горна Белица. Нема податоци кога е подигната првичната ограда, но била срушена некаде кон крајот на 70  години од минатиот век.Проектот е на Завод и Музеј  и локалната самоуправа, а финасиите ги обезбедува  Македонската православна црква, ги појаснува проектните...

Продолжи со читање

Општинскиот инспекторат ќе се сели од сегашната локација

Post Views: 5   30 -тина вработени од Општинскиот инспекторат наскоро ќе се селат од досегашната локација. Влезот пред инспекторатот  е запуштен и  нечист. Во моментов инспекторите работат во лоши услови без тоалети и  соодветен пристап за граѓаните.   „ Општинскиот инспекторат се наоѓаше во простории од ЈП „ Проаква“ кои пред 2 години биле извршени, а јавноста не била информирана за причините. Сега мора да се иселиме и да се сместиме во нови простории,“ кажува Милески.    Нови соодветни простори за работа во моментов се адаптираат во  јавното претпријатие „Градски пазар“. На...

Продолжи со читање

Пумпна станица покрај каналот Студенчишта го нагрдува просторот

Post Views: 3 Неугледен објект покрај каналот Студенчишта го нагрдува  локалитетот Билјанини Извори. Наместо поставени информативни табли, инвентивни содржини за привлекување туристи за опеаните извори  или поплочено и уредено шеталиште, покрај каналот подигнат е овој објект кој ја засенува убавината на локалитетот. Јавноста се прашува за што служи овој објект и зошто не се водело сметка за неговиот надворешен изглед.  Ристе Мише, директорот на јавното претпријатие  „Билјанини Извори“ информира дека објектот е пумпна станица од која ќе се наводнуваат спортските терени.     ...

Продолжи со читање

Спасителите на вода подготвени, но не и концесионерите на плажи

Post Views: 3 Спасувачите на вода технички и психофизички подготвени за делување во новата капачка сезона. Но, тоа не важи за сите концесионери на плажите на охридско – струшкиот брег.  Дел од нив и годинава  замижуваат пред законските одредби да обезбедат сигурни капалишта. Две недели пред официјалниот старт на туристичката сезона  немаат преземено подготовки за обележување на плажите, вели Сашо Точков  од општинскиот Црвен крст. Напоменува дека на плажите немаат  поставено  набљудувачници, пунктови за укажување на прва помош и делови за интервенција  на спасувачите на...

Продолжи со читање