Автор: Валентина Неловска
Post Views: 4813 инжинери од повеќе факултети ја добија наградата „Инжинерски прстен “ за 2014. Наградите беа врачени на Плаошник од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Со оваа манифестација го наградуваме трудот на најдобрите и придонесуваме за формирање на квалитен инжинерски подмладок, ги поздрави добитниците на наградата, претседтелот на државата Иванов. При тоа на добитниците на наградата им порача да се вклучат и да дадат свој придонес за што поголем развој на Македонија.„ Живееме во можеби највозбудливото време за науката, техниката и технологијата. Време кога...
Охридско-Преспанскиот биосферен резерват доби заштита под Унеско
Post Views: 39Регионот Охрид Преспа прогласен за биосферен резерват под заштита на Унеско. Вчера во Шведска беше донесена едногласна одлука овој биосферен резерват и официјално да стане дел од семејството на УНЕСКО. Стручната комисија на Унеско од 50 -тина апликации од различни земји во светот прогласи 13, меѓу кои и Охридско преспанскот регион распослан во двете соседни држави Македонија и Албанија, потенцира Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро. Паноски нагласува дека сличните заштитени резервати во светот најчесто овие подрачја ги користат...
Македонија дел од меѓународното семејство кое се бори за заштита на природата
Post Views: 33 Стопирање на понатамошната деградација на природата и зачувување на здрава планета е стратешка цел на 193 земји, меѓу кои е и Македонија. Биолошката разновидност на различни начини придонесува за благосостојба на луѓето. Конвенцијата за биолошка разновидност е меѓународен договор со кои земјите се обврзуваат дека биолошката разновидност е од заеднички интерес за човештвото. За да се спречи загубата на биолошката разновидност потребно е да се преземат акции за да се спречат причините за уништување. Македонија како дел од меѓунaродното семејство за тоа добива финансиска...
За санација на охридскиот чинар надлежна општината
Post Views: 39Санацијата на охридскиот чинар е во надлежност на општината, за ТВМ децидно кажа Игор Трајковски, директор на Управата за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање. Во јануари 2013 Министерството и државниот инспекторат за животна средина, тврди Трајковски, доставиле насоки до општинските стручни служби за понатамошни чекори за санација и конзервација на чинарот.„ Ние само може во соработка со инспекторатот да им дадеме насоки што треба да преземат околу рестарвацијата. Заштитата е нивна обврска, на самата општина“, изјави за ТВМ, Игор...
Гала концерт во чест на 5 децении постоење на ОМУ Методи Патчев
Post Views: 35Одржан гала концерт во чест на 5 децении постоење на ОМУ Методи Патчев. Околу 50тина учесници во орекстарот и хорот во катедралната црква Св Софија исполнаа музички нумери достојни за одбележување на еден ваков значаен јубилеј. Директорката на училиштето Нина Момироска упати благодарност до голем број нејзини поранешни колеги кои во изминативе години оставиле дел во мозаикот на музичкото училиште Методи Патчев. За гала концеротот директорката Момиорска рече дека идејата била во програмата да земат учество сите кои биле дел од ова музичко училиште.„ Поддршка добив од...
Оперските пејачи Барбара Фритоли и Лео Нучи ќе го отворат 54 -то издание на Охридско лето
Post Views: 52Сопранот Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи, оперски пејачи звезди од Италија ќе го отворат 54-тото издание на Фестивалот Охридско лето. Нивниот настап ќе биде придружуван од Македонската филхармонија под диригентската палка на аргентинецот Луис Горелич. Селекторите Гордана Јосифоска Неделковска и Ѓорѓи Јолевски, ветуваат програма која ќе изобилува со изведби од врвни музички имиња и многу шекспировски комедии. Во музичкиот дел на програмата на фестивалот ќе настапат хрватскиот кросовер пијанист Максим Мрвица, пијанистото Аркади Володос , полскиот гудачки квартет...
НП Галичица ги намали цените за комерцијалните, но не ги укина за спортските параглајдеристи
Post Views: 35НП Галичица направи измени во новиот ценовник кој ги разбуричка страстите на љубителите на паркот. Посебно револтот јавно го манифестираа спортските параглајдеристите. За параглајдеристите цената е спуштена од 1500 на 300 денари дневен лет. Но, плаќањето не се укина за спортистите рекреативци, кои тоа го бараа од властите на сите нивоа, вели за ТВМ , Мендо Велјаноски светски првак во параглајдеризам. Кажува дека раководството на националниот парк за цената се испазарило со 4-5 мина комерцијални пилоти кои заработуваат од параглајдеризмот со тандем летање, а спортистите и...
Српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ се сретна со охридските читатели
Post Views: 51Српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ се сретна со охридските читатели Српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ се сретна со охридските читатели. Повод за средба е најновата книга „ Последната пролет во Париз“. Познатата српска новинарка, водителка и писателка не го крие задоволството од постигнатиот успех на нејзините два романи, Рингишпил и Писмото на госпоѓа Вилма. Овие две книги се преведени и во нашата земја, а од пред една недела во продажба е и романот „Последната пролет во Париз“. Авторката открива дека жанровски последниот роман се вбројува во историска драма со...







