Автор: Валентина Неловска
Post Views: 4 НП Галичица за посетителите од јуни ќе почне со наплата на влезници. Цените за наплатата се формирани, а влезници ќе се купуваат во инфо центрите во Охрид и во Стење, кажува Огнен Достиноски од НП Галичица. Влезниците ќе чинат 30 денари по лице за еднодневен престој, за автомобил ќе се наплаќа 50 денари, а за комби и мини бус 80 денари. За посета на посебни објекти и за патеката Магаро или островот Голем град влезницата ќе чини 200 денари за еден посетител, напоменува Достиноски. Исто толку ќе чини еднодневно кампирање кое е дозволено единствено во локалитетот...
Охрид дел од европската мрежа на градови со езера
Post Views: 5 Охрид стана дел од мрежата на европски градови со езера. Во италијанскиот град Исео градоначалникот Никола Бакрачески го потпиша меморандумот за пристапување на семејството на езерски градови од 11 европски земји. Создавњето на мрежа на градови со езера ќе овозможи поблиска соработка меѓу членките во областа на туризмот, културата и размена на искуства од секојневното живеење во европските градови со езера, ја појаснува придобивката од оваа соработка преставникот од Тлер, Антонио Балески.„ Основна цел е формирање на европска мрежа на градови со езера и секако...
Туристичкото биро Лихнидос ќе оди во стечај
Post Views: 4 Единственото туристичко биро Лихнидос ќе оди под стечај. Објаснувањето на општината за ваквата одлука е нерентабилното работење на Лихнидос ДООЕЛ. Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски при тоа не наведува кои се причините зошто тоа работи со загуби. Кратко вели дека концептот на поставеноста на туристичкото информативно биро кое работи осум години бил погрешен со низа слабости од самиот почеток на неговото формирање. Овој правен субјект повеќе од месец и половина работи со блокирана жиро сметка, укажува Џамтоски.„ Повеќе од 45 дена според извештајот на...
Охридските советници в петок ќе расправаат по триесетина точки
Post Views: 6 На престојната седница в петок на дневен ред пред советниците ќе се најдат триесеттина точки. Градските избраници ќе се изјаснуваат по предлог одлуки од реализирани програми во изминатите три месеци, како и за финасиски извештаи од ТЛЕР и Јавните претпријатија. На усвојување ќе биде ставен и општинскиот Буџет за периодот од 01.01 до 31.03.2014 година. Покрај овие точки ќе се разгледуваат и извештаите за реализација на развојната Програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2014-2016 за периодот од 01. 01 – 31.03.2014 година. ...
Унеско ќе го штити Охридско-Преспанскиот биосферен резерват
Post Views: 5 Охридско-Преспанскиот биосферен резерват на прагот пред заштита на Унеско. Стручната комисија на Унеско упатила препорака до меѓународниот комитет од оваа организација да се прогласи Македонско- Албанскиот дел на ова подрачје за биосферен резерват, информира Дејан Паноски, од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро.Тој ги открива адутите со кои двете соседни држави ја добиле оваа препорака. „ Главни прашања кои беа наведени во номинационата форма и адути беа статусот на Охрид и Охридското езерото како подрачја од културно и природно наследство....
Свечено отворенa Гимназијадата 2014
Post Views: 6 Свечено отворенa Гимназијадата 2014. Охрид е домаќин на 8-те спортски игри на средношколците од земјава. Спортските натпревари започнаа под мотото „Учениците сакаат спорт, овозможете им го тоа“. Талентираните спортисти од средните училишта во престојните денови имаат можност да ги одмерат своите сили во ракомет, фудбал, одбојка, атлетика. На свеченото отварање пред присутните се обратија секретарот на Локалната самоуправа Димитар Спаески и претставникот од Агенцијата за млади и спорт Марјан Давитков. Давитков упати порака до спортистите на ова натпреаврување...
Одекнаа звуците од детскиот фестивал „Распеано Рибарче“
Post Views: 6 Се одржува 17 -тото издание на детскиот фестивал Распеано рибарче. На сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ е раздвижено и распеано. Децата од основните и приградските училишта уживаат во тактот на веселите детски песнички на најразлични теми. Коле Петкуќески директор на најстариот, градски детски фестивал вели дека ова е празник за децата на кој ќе се изведат 19 песни. „Фестивалот започна од 1998 година и е 17 години најквалитетен, детски музички производ во Охрид и пошироко. На сцената како интерпретатори, балетски групи и хор има околу 100-тина ...
Вратите на црвен крст Охрид се отворени за сите
Post Views: 5 8 мај во светот се одбележува како меѓународен ден на Црвениот крст. Сашо Точков, претседателот на ОО на ЦК вели дека во ова неизвесно време се убедени во движењето , значењето и принципите на нивната организација кои даваат потик да се истраат предизвиците на денешното време. Со голем број волонтери помагаат и се стремат да ја шират и развиваат хуманоста кај најмладите. Вратите на општинската организација се отворени за сите волонтери и хумани луѓе кои сакаат да помогаат, но и за оние кои им е потребна помош, укажува Точков. Кажува какви se потреби за помош има...