Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

droga

На патниот правец Кичево-Охрид запленети 33 килограми марихуaна

Post Views: 36Полициските службеници заплениле 33 килограми висококвалитена дрога марихуана, информира портпаролот Стефан Димоски. СВР Охрид акцијата ја спровела на 4 мај на полноќ на магистралниот патен правец Охрид- Кичево. Дрогата е внесена преку црн нарко канал за продажба на ова подрачје, напоменува Димоски.„ Приведен е еден албански државјанин за кој полициските службеници подолго време имаа сознанија дека е еден од главните организатори на овој црн нарко пат и на нелегалната трговија со дрога. Успешно ја реализираа акцијата и на лице место на магистарлниот пат Охрид – Кичево, на...

Продолжи со читање

oro

Со најдолгото македонско оро до Гинисов рекорд

Post Views: 41Со најдолгото македонско  оро до Гинисов рекорд Се прават завршните подготовки за влез во Гинис со најдолгото македонско оро. На 10 мај, ќе се игра 8 минути оро во должина од 18,5 км и  ќе почне  од Струга од мостот, а ќе се вие до Горица Охрид, по стариот пат.  Со оваа манифестација Македонија ќе се обиде да го сруши досегашниот Гинисов рекорд кој го држат Кинезите со 17.200 учесници. Досега за учество во манифестацијата се пријавиле околу 18.200 учесници , а пријавувањето ќе биде затворено в четврток. Орото ќе може да го играат само пријавените лица кои ќе имаат...

Продолжи со читање

бродови

Бродска линија Охрид – Струга возможна понуда за туристите

Post Views: 78  Воспоставување бродска линија на релација Охрид- Струга посакуваат охридските туристички работници. Додека се чека  меѓународната  бродска линија Охрид – Поградец нивна сугестија е што поскоро да профункционира сообраќајна линија и по воден пат помеѓу соседните градови.  Ова ќе биде одлична понуда за гостите  кои престојуваат во двата крајезерски града за разглед на туристичките знаменитости во двата града да патуваат со брод, вели Владо Суклоски туристички  работник и добар познавач на состојбите во туризмот. Според него, тоа финансиски  би чинело малку, а туризмот...

Продолжи со читање

detsko oddelenie

Најсовремени медицински апарти за детското одделение донација на ротаријанците

Post Views: 37Современа медицинска опрема ќе биде донирана за детското одделение во Општа болница. За потребите на најмладите пациенти ќе бидат набавени најсовремени  ехо и екг апарати, микроскоп, инфизиони пумпи. спирометри, пулсометар, отоскоп. Донацијата во висина од 60.000 долари е на Ротари Интернационал. Набаваката на опремата беше во координација со  педијатрите со кои дојдовме до заклучок што е потребно на ова одделение,  вели охридскиот педијатар и пас президент на Роротари клубот , д-р Никола Филев.  Со оваа опрема ќе се доближат стандардите на одделението до европските земји и...

Продолжи со читање

carsija

1 Мај празникот на трудот помина без протести во Охрид

Post Views: 51Први мај празникот на трудот помина без протести во Охрид. Попладнето по  расчистувањето на дождливите облаци охридската  чаршијата беше полна со луѓе и гости кои го празнуваа овој ден.  И познатото излетничко место во Синдикални по традиција беше полно со посетители. Слободниот ден граѓаните го поминаа во прошетка, а некои во кафеана. Недостуваа  само расчадените скари кои ги попречи врнежливото, променливо време.  Охриѓани поделени околу мислењето  зошто македонските работници не го креваат гласот за своите права.Едни се без одговор зошто нема протести,  други мислат дека...

Продолжи со читање

Prof.Mulic

Охрид и љубезните луѓе ја заробија мојата душа, вели Сулејман Мулиќ од Тузла

Post Views: 48Сулејман Мулиќ, професор од Тузла е  вљубеник во Охрид. Од неговите очи  блика искреност кога вели сум патувал насекаде во светот но ниедно место не ме освоило како вашиот град. Прекрасната околина, езерото,  но  најмногу од се гостопримството на луѓето. За кратко време тука веќе се спријателил со многу охриѓани.  Се нескриена радост ги набројува и останатите работи од кои е воодушевен, од музиката за која вели дека е најдобрата во светот, од виното,  храната.„ Го обожувам гравчето-тавче, тоа  е најубавото јадење подобро дури од прочуениот кавијар. Тука е селското месо,...

Продолжи со читање

Охридско езеро

Дампинг цени за сместување, решение за повеќе гости во Охрид

Post Views: 54Охрид се помалку  е посетен од домашните гости, а просекот од  реализирани две ноќевања на странските гости за минатата година, треба да се  аларм за преземање  решенија со кои треба да се надмине оваа појава, посочува Владо Суклоски долгогодишен туристички работник. Временските услови, како што беше случајот во периодот за  Велигденските празници, имаат  влијание врз намалената туристичка посетеност, но многу повеќе влијание имаат високите цени за ноќевање посебно пред сезона, напоменува Суклоски. „ Да се спуштат драстично цените во претсезона за да се направи база на гости...

Продолжи со читање

Razvigorce

Децата од градинката Развигорче учат за здравата храна

Post Views: 48Преку песна, игра и декорирани трпези со најразлични видови овошје и зеленчук, децата од градинката Развигорче  упатија пораки за здравата храна. Во програмата, на која тема беше екологијата и здравата храна, учествуваа 130 деца од оваа предучилишна установа. Децата покажаа дека од мали нозе  учат  за значењето на здравата храна,  но и знаат што е здрава храна. Децата и нивните родители учествуваа во подготовката на овошните и зеленчуковите салати и останатите  видови изложена храна. Украсената трпеза е резултат на соработката на родителите со наставниот кадар од...

Продолжи со читање