Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Ќе им се враќа туристичката такса на сместувачките капцитети платена во 2019

Post Views: 226 Враќање на туристичката такса и субвенции за туристички водичи се само дел од мерките кои ќе стартуваат за помош на туистичкто сектор. В понеделник ќе биде објавена мерката со која ќе им биде вратена туристичката такса уплатена во 2019 година на сместувачките капацитети, како  е дел од серијата мерки за помош на туризмот, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Владата усвои измени и дополнувања на Програмата за развој на туризмот за 2020 година. Со измените ќе се вратат средства директно на сите сметувачки објекти кои во 2019 година имаат уплатено туристичка...

Продолжи со читање

Недоволна еколошка свест и едуцираност имаат и младите и повозрасните граѓани

Post Views: 298 Жално е што младите, но и повозрасните граѓани се мошне слабо информирани како да придонесат во заштитата од климатските промени, информираат еколозите од ЕД Грашница. Ова е генералниот заклучок од средбите кои ги имале со граѓани и ученици во рамките на проектот кој го спроведувале на тема „Иднина за климата, одлучи, дејствувај“. Целта на поректот е едукација на граѓаните, земјоделците и учениците за заштита на климатските промени, вели Борис Џајкоски член на ЕД Грашница. Младите покажаа интерес за темата , но и доста не информираност. Екологистите предлагаат образовни...

Продолжи со читање

Од Охридски комуналец бараат поголема соработка со надлежните институции во справување со несовесните граѓани кои создаваат мини диви депонии

Post Views: 214 На потегот кон Велестово е фотографиран граѓанин како од возилото вади отпад и го остава покрај патот. Случајниот минувач кој го регитрирал несовесното однесување ги објавил фотографиите на социјалната мрежа фејсбук на кои се гледаат регистарските таблички на возилото. Отпадот од локацијата уште истиот ден го подигнале од еколошкото здружение Еко Фап. Од ЈП Охридки Комуналец велат дека сликите за овој случај пристигнале и до нив и ги доставиле до Општинскиот комунален инспекторат.Портпаролот на локалната, пак, за овој случај негира дека до општинските служби пристигнала...

Продолжи со читање

Голема е побарувачката за бесплатните вакцини во Охрид

Post Views: 202 Од утре стартува вакцинација против сезонски грип со бесплатна вакцина наменети за здравствените работници, ризичните групи во кои спаѓаат стари лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени и деца на возраст од шест месеци до пет години. Денеска голем број револтирани граѓани се јавија во редакцијата на ТВМ. Изминатиов период тие се пријавувале кај своите матични лекари и биле запишувани на списоци за вакцинирање, но сега матичните им рекле дека нема вакцини. Тоа го потврдуваат и матичните лекари кои ги контактиравме. Велат дека не можат...

Продолжи со читање

Општината очекува помош од држвата за да продолжи со одстранување на бесправно изградените објекти на плажите и крајбрежјето

Post Views: 185 Општината очекува финансиска помош од државата за да продолжи одстранување на бесправно изградените објекти на плажите и крајбрежјето. Очекува на сметка да легнат 6 милиони денари бидејќи општината не е финансиски моќна да го продолжи започнатиот процес на имплементацијата на препораките на УНЕСКО. Ќе бидат одстранети објекти на 4 плажи кои не се во опфатот на ГУП и одстранувањето на нелегалните објекти на потегот кон Св. Стефан, информира градоначалникот Константин Георгиески. Градоначалникот кажува дека овие активности досега биле стопирани затоа што општината...

Продолжи со читање

Охридската национала установа Завод и музеј ќе врати срeдства само за еден нереализиран проект

Post Views: 241 Установите од културата неискористените средства за реализаиција на проекти ќе треба да ги вратат до крајот на годинава. Охридската национална установа Завод и музеј не реализирала само еден проект заради пандемијата од нацрт годишната програмата за реализација на проекти на Националните установи. Во 2020 година НУ Завод и Музеј конкурирале со 21 проект. Од нив 13 биле од областа на заштита на културната наследство, 5 од музејската дејност, 2 од областа на меѓународна дејност и еден проект од областа на визуелна уметност, архитектура и дизајн, информира Даниела Недељковиќ...

Продолжи со читање

Охридскиот совет го усвои ребалансот на буџетот за 2020

Post Views: 217 Охридскиот совет го усвои ребалансот на буџетот. Со ребалансот се кратат дел од средствата кои се планирани и се во тек на реализација, а за наплата ќе пристигнат во новата 2021 идната година, кажа градоначалникот Константин Георгиески. Вкупниот буџет е намален за 9 проценти и изнесува 1 милјарда 113 мил 433 илјади 751 денари , а основниот буџет изнесува 548 милиони и 300 илјади денари. Георгиески кажа дека во остварување на буџетот носечка е програмата за уредување на градежно земјиште кое заклучно со 31ви октомври 2020 изнесува 70 посто. Тоа се должи на успешно...

Продолжи со читање

Во Заводот за кардиологија ќе се пренаменат болнички кревети за лекување на болни од ковид 19

Post Views: 176 Охридскиот Завод за кардиологија ќе прима на лекување ковид пациенти, ова денес го најави Венко Филипче, министерот за здравство. Секојдневниот зголемен број на новозаболени лица од ковид 19 ги наполни болничките капацитети предвидени за лекување од ковид 19 во Охрид и земјава. Министерсвото за здравство со оглед на сериозната епидемиолошка состојба во земјава, кога од ден на ден расте бројот на новозарзени пациенти, денес најави активирање на сите расположливи болнички капацитети на Скопските Клиники, но и во внатрешноста каде што ќе се лекуваат болни од ковид 19....

Продолжи со читање

Охридскиот Здравствен дом подготвен за имунизација со бесплатните вакцини против сезонски грип

Post Views: 202 Охридскиот Здравствен дом Маларична подготвен за имунизација со бесплатните вакцини против сезонски грип. Обезбеден е посебен пункт и кадар за од понеделник да почне бесплатната имунизација. Годинава бесплатните вакцини ќе се даваат во здравствените домови во Охрид, Струга и Дебар за да се растерети охридскиот Центар за јавно здравје да не се ствараат гужви, информира д-р Ајсел Зејноска, директор на ЈЗУ Здравствен дом Охрид. Од Министерството за здравство е најавено дека ќе се набават 40.000 бесплатни вакцини против сезонски грип или двојно повеќе од лани за сите...

Продолжи со читање

Претседателот Иванов по 8 -ми пат одржа прием за дипломатскиот кор во земјава

Post Views: 186 На традиционалниот новогодишен прием претседателот на РМ  Ѓорѓе Иванов пред дипломатскио кор во земјава истакна дека минатата  2016  беше ужасна година со политички и економски превирања во светот. Тоа беше година во која најсилно се почувствуваа последиците на двојните стандарди, непочитувањето на меѓународното право, на пропаднати држави. Иванов во обраќањето изрази очекување од  домашните политички партии во постизборниот процес дека ќе водат грижа за интересите на државата. Зборувајќи за предизвиците во оваа година претседателот  потсети на опасностите од  мигрантската...

Продолжи со читање

Усвоен ребалансот на Буџетот, може да стартува 4 сет економски мерки

Post Views: 200 Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2020 година. Пренасочени се финансиски средства во справувањето со здравствената криза и за помош на домашната економија, информираше Душко Арсовски, портпаролот на Владата на Република Македонија. „Пренасочени се средства за да се обезбедат на време вакцини, лекови и за зајакнување на здравствените капацитети. 470 милиони евра се издвоени за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за економско заздравување и одржливост на домашната економија и за зачувување на работните места“. Со четвртиот сет мерки на владата...

Продолжи со читање

Општина Дебрца се впиша во регистерот на производители на електрична енергија

Post Views: 214 Општина Дебрца доби решение за регистрација на фотоволтаични соларни системи. Со тоа се впиша во регистерот на прозиводители на електрична енергија со соларни панели. Панелите се поставени на две подрачни училишта во Белчишта и Требеништа и на административната зграда во Белчишта, информира градоначалникот Зоран Ногачески. „Општината досега беше потрошувач на електрична енергија, сега има објекти кои се јавуваат како производители на електрична енергија со помош на сончевата енергија. Тоа ќе значат дополнителни заштеди и за училиштата и за општината“. Директорот...

Продолжи со читање